Мислам дека причините за стапување во брак и за однесување за време на брак се индивидуални и зависат од карактерот на луѓето, без разлика на тоа дали станува збор за маж или жена. Постојат различни луѓе, различни карактери со различен начин на размислување и различна судбина. Постојат луѓе што се женат/мажат за пари, моќ, но постојат и такви кои се водени од љубов.
Тоа што мене ме привлекува кај девојките се нивната убавина и нивниот начин на размислување(народски речено, нивната интелигенција). Зошто? Затоа што секоја интелигентна девојка знае да го цени тоа што јас(како нејзин дечко) и го пружам и знае да врати со иста мера. Затоа, единствено нешто поради што би се оженил за некоја би била љубовта.
Дај ми доказ за твоите трудења. Гледам дека ги застапуваш конструктивнистите кои немаат буквално ниту еден доказ за нивните 'се е до карактер' тврдења.
Исто тоа што нас мажите не буни кај жените е нивниот двоен стандард.
Од една страна сакаат маж со висок соц-еко. статус од друга страна сакаат некој што ќе може да им се посвети (материјално и емоционално.)
Веројатно затоа обично жените ги делат мажите на
а) Wimps, nerds...луѓе кои сакаат да се посветат емоционално али немаат статус
б) Jerks, assholes...луѓе кои имаат статус али неќат да се посветат емоционално (со добра причина, колку повеќе им расте статусот толку повеќе жени им стануваат достапни.)
А ние од друга страна сакаме само секс без посветување и такви срања...немаме double standard. Затоа доаѓа до конфликт на интереси. Затоа би испаднало дека бракот е како компромис меѓу двата пола (не е жртва жената како што некои феминисти тврдат.)
Мислам дека доста од вас разбираат како одат работите ама тешко е да ги формулираат.
Да, жените сакаат изглед и се тоа, тоа е плус. Али ако мажот не ги задоволува нивните (минимални) критериуми за социо-економски статус, нема ништо.
Да, мажите сакаат паметна жена и се тоа, тоа е плус. Али ако жената не ги задоволува нивните (минимални) критериуми за изглед, нема ништо.
Зашто пак не би било обратно...? Сведок сум на такви бракови кои се повеќе ги има. Ако е така како што е напишано во насловот на темата, што мислите дека ги спречува мажите да не бараат жена со пари и моќ, или пак жените да не бараат убав маж? Тоа се стереотипи и шовинизми од 19 век. Умираат пополека и таквите глупави мажи. Нормално е да не се гледа според пари и моќ и успешност, но кога веќе се прави тоа, верувајте дека и мажот гледа од таа страна, и тоа во најмала рака подеднакво со жените. Ако постојат жени кои сметаат дека ќе најдат таков маж во денешно време, тогаш се осудени на несреќен живот, затоа што тој маж од висока општествено социо економска класа ке земе жена од пониска класа, на неа ќе гледа со презир и со понижување кога веќе зборите дека луѓето се зимаат заради моќ и убавина а не заради љубов, нормално е дека ќе ја презира и ќе ја понижува при секоја караница која ќе избувне меѓу нив.
Не се стереотипи и шовинизми. Има доста солидни теории за ова, со причини кои датираат од пред 200.000 кога сме биле во примитивни заедници. Мажите бараат изглед, жените статус и тоа нема да се смени во блиска иднина. Не е обратно, всушност кога е обратно обично тие парови имаат доста големо ниво на развод. Луѓето не се земаат заради моќ и убавина само, има double standard кај жените, види го тоа што го пишав горе. Тоа дека ќе ја презира и понижува пак е претпоставка...бидејќи таа бара и емоционална посветеност а понижување НЕ спаѓа во тоа...затоа ако и се случи тоа ќе го напушти колку и да е богат/моќен.