M
marsovka
Гостин
Жените поснаодливи во рецесијата
Жените заработуваат помалку од мажите на исти работни места, а тоа ги прави попривлечни за работодавците кои ги намалуваат трошоците за да ја преживеат кризата
Вработените жени во сегашнава економска криза минуваат подобро од вработените мажи, од повеќе причини.И тоа толку подобро што наскоро може да го направат женскиот род доминантен на работното место, јави „Гласот на Америка на македонски јазик“.До ноември минатата година, според Бирото за трудова статистика, жените сочинувале нешто повеќе од 49 отсто од работната сила што не работи на фарма. Весникот „Њујорк тајмс“ известува дека во сегашниве услови на слаба економија на мажите им отпаднале 82 отсто од изгубените работни места. Тоа делумно се должи на фактот што во индустрии како автоиндустријата и градежништвото, кои најмногу настрадаа во кризата, најголем дел од работните места ги држеле мажи
Но има и други причини зошто работната перспектива за жените е посветла од онаа на мажите. Жените заработуваат помалку од мажите на исти работни места. Тоа ги лути поборниците за права на жените, но истото ги прави жените попривлечни за работодавците кои ги намалуваат трошоците за да ја преживеат кризата. Многу индустрии се ослободуваат од своите директори и ветерани-работници, главно мажи, плаќајќи им да се пензионираат.И, според некои процени, жените се покажале подобри од мажите во одредени работни ситуации.
Во својата нова книга, „Женска марка: Употреба на женски начин на размислување за успех во бизнисот“, Кетрин Капута пишува дека жените се, како што вели таа, предодредени за успех во кариерата. „Тие се поинтуитивни и посочувствителни од повеќето мажи. Покажуваат подобри резултати на писмени и усмени тестови што може да се критични за распоредување и напредување на работа“. Капута заклучува дека тоа е така поради тоа што жените подобро слушаат од мажите, прашуваат повеќе и поставуваат подобри прашања, а посветуваат и поголема грижа во пишувањето. Но и затоа што жените, според неа, природно се подобри во поврзување со другите и ги чуваат пријателите што им ги штитат интересите на работното место.Ако сево ова е вистина и придонесува во нивниот опстанок на работа во периодот на рецесијата, тогаш тоа претставува радикална промена од деновите во кои мажите, со нивниот сериозен приод и нивното мото „работата доаѓа прво“, беа во мнозинство пред наводно емотивните жени на работа.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B389A6FCF9212B4A982E0FA6DA942FE8
Поим неам за каде е темава ама ако некој смета поинаку нека преместува
Иначе некој рчее нас жените местотото ни е дома