Ај кочи малку сега...
Јас те прашав каде ќе ги земеш овие пари, во Велес? Шефови во Велес земаат плата по 25 000 - 30 000. Разбираш ли дека премногу оптимистички гледаш за просечна плата во Велес? Или со директорка ќе те жениме?
И не рипај за оние што работеле по 11-12 саати на ден, да те потсетам дека те чита некој на кој до вчера му се жалеше дека го имаш истиот проблем.
Друг факт сакав да ти посочам... Точно е дека секој старт во друга земја е тежок и дека се почнува од нула. Разликата помеѓу развиена земја и неразвиена е тоа што во неразвиената ретко кој има шанси да напредува на било кое поле. Самиот знаеш дека луѓе со факултети работат работи кои ти ги зметаш за понижувачки. Во Македонија не ти ја качуваат платата секоја година и не напредуваш. Факт!
Ме праша за тоа колку кошта да си проверам крвна слика во Шведска, 20 евра, мене ми се како тебе што ти се 200 денари. Јас колку и напорно да работев во Македонија, не се сеќавам некогаш да ми стасувале пари, пишав поназад какво искуство имав.
Дали си свесен дека откако заминав од таму, се чувствувам спокојна кога станува збор за пари? Моментално сум способна(САМА) да платам кирија за два стана и да покријам трошоци за нив, а во меѓувреме да уживам во фина храна и да ми останат пари за да задоволам некоја хедонистичка потреба.
Во право беше кога рече дека многумина што заминуваат почнуваат од нула и се соочуваат со многу тешкотии, ама подоцна и имаат шанси да се образуваат и да одат напред, пак ќе речам, за разлика од Македонија...
Не заборавај дека во Македонија има способен кадар, кој ако знае јазик може веднаш да почне со работа од својата професија и не мора да се малтретира да работи на црно за смешни пари. Знам и овакви случаеви, така да не брзај да понижуваш сѐ што емигрирало... Ако тебе ти е убаво, остани си таму, секој со својата приказна и сопствено искуство.