Еутаназија

Член од
30 октомври 2022
Мислења
444
Поени од реакции
1.268
Пред некое време посетив другар чив родител страдаше од рак на дебело црево.Сликата беше страшна.Човекот кој предходно беше огромен со 120 кг беше во очајна ситуација.Другаров ми раскажа низ какви маки поминува и тие заедно со него.Не сакам да навлегувам во детали,ама животот им беше претворен во кошмар.За жал има се повеќе вакви случаи и мое мислење е дека треба да се донесе закон за легализација Еутаназија за случаи каде исходот е јасен.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
31.550
Поени од реакции
62.467
Како некој кој имал блиски од семејство кои со месеци се мачеле од медицински состојби од кои нема назад, апсолутно за. И ова не е да им се помогне на болните, туку и на здравите во семејството. Да гледаш болен близок кој се мачи со месеци/години остава траен белег на сите здрави во семејството.
 
Член од
7 февруари 2013
Мислења
128
Поени од реакции
74
Еднаш читав пост на 9гаг каде што човек после милијарда тестирања, му одобриле еутаназија. Сметам дека секаде треба да е вака, помалку да се мачат луѓето.
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
444
Поени од реакции
1.268
Како некој кој имал блиски од семејство кои со месеци се мачеле од медицински состојби од кои нема назад, апсолутно за. И ова не е да им се помогне на болните, туку и на здравите во семејството. Да гледаш болен близок кој се мачи со месеци/години остава траен белег на сите здрави во семејството.
Точно,многу страдаат и здравите во семејството.Затоа и мислм дека треба да се побара од политичарите да почнат да размислуваат за спроведување на ваков закон.Многу е похумано, отколку некој да страда со години.За жал на туѓата мака се вртат многу пари,така да тешко ќе биди донесувањето на ваков закон.Случувањата на онкологија се најголем доказ за тоа.
 
Член од
17 декември 2019
Мислења
1.707
Поени од реакции
2.998
Apsolutno ne. Covek treba da se bori dodeka e ziv, a najbliskite okolu nego treba 24/7 da se pokraj nego i da davaat podrska. Eden e zivotot, kako god da se zivee, treba da sme srekjni sto go imame i da go cenime.
 
Кога си здрав лесно е да пишиш вакви мотивирачки постови.За ова треба да кажат тие шо си имаат мака.Кажи му го ова на некој на кој е метастазиран канцерот,кажи му дека треба да е среќен шо е жив.Има една стара поговорка-Еден камшик на мојот грб е многу болен,сто камшици на тугиот ич не болат.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
124
Поени од реакции
88
Незнам само кој би му ја дал инекцијата за еутаназија, дали близок роднина или сестра или доктор.
Јас имав куче со канцер на дебело црево, па не можев да го однесам да го еутанизираат едноставно немав срце ни јас ни никој од фамилија.
А тек за човек да не правиме муабет.
 
Медицинско лице, секако. Белгија, Холандија, Луксембург и Шпанија веќе го имаат законов.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
124
Поени од реакции
88
Медицинско лице, секако. Белгија, Холандија, Луксембург и Шпанија веќе го имаат законов.
Би можел да повикаш такво лице во твојот дом или да ја однесеш твоја блиска личност да и стават инекција за да умре?
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.307

Лошо сфатив претходно кога те цитирав, избришав.

Ова ти е исто ко пациент на апарати у кома каде нема назад, те прашуваат докторите да ги гасиме апаратите или да живее вака.

Во случај на еутаназија само пациентот има право на збор, нема никој тебе да те праша ништо туку тој кому ќе треба да му се скратат маките.
Смрт е смрт, јеби га, дали очекувана или неочекувана исто е али во некои случаеви подобро да е очекувана односно да се пресече пошто нема назад.

Мислам дека ти си тој што збори на памет повикувајќи се на искуство со факинг куче. Да, и тоа е греота, ама поголема греота е да гледаш подвижен мртовец кој едвај диши и на кого му се потребни 10 души околу него за да може едвај да постои. Мачење е и за него и за сите околу него.

Ти го сфаќаш ова ко некој да му откријат рак у 1 стадиум и ајдее ќе го еутанизираме. Не, овде збориме за тежок случај, последен стадиум, метастазиран насекаде, каде и докторите веќе кренале раце и рекле носете го дома ние веќе не можеме ништо со него. Е такви случаи знаат да траат неколку месеци па и година, тешка агонија и мачење за сите.
Буквално гледаш жив мртовец пред тебе, тој е свесен дека е жив мртовец и се што праите е чекате, а јасно е што се чека.

Точно дека не е сеедно така да потпишеш и да дадеш согласност али јеби га, тоа е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom