Еуро 2008 - Група Б

Кој ќе ја помине групата? (ОДБЕРИ 2 селекции)


  • Вкупно гласачи
    88
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Група Б
  • Германија
  • Полска
  • Австрија
  • Хрватска
8 Јуни
  • Австрија - Хрватска(во Виена на стадионот Ernst Happel Stadion)
  • Германија- Полска (во Клагенфурт на стадионот Wоrthersee Stadion)
12 Јуни
  • Хрватска - Германија(во Клагенфурт на стадионот Wоrthersee Stadion)
  • Австрија - Полска (во Виена на стадионот Ernst Happel Stadion)
16 Јуни
  • Хрватска - Полска (во Клагенфурт на стадионот Wоrthersee Stadion)
  • Германија- Австрија (во Виена на стадионот Ernst Happel Stadion)
Германија



Еднаод репрезентациите кои скоро секое големо натпреварување се помеѓу конкурентите за титулата е Германија. Не е исклучок ни оваа година. Се очекува да немаат проблеми да ја поминат групата. На последното Светско првенство германците зедоа бронза, но многу позитивно изненадија со нивната игра. Без некои поголеми промени во тимот ќе настапат и на ова првенство. Швајнштајгер, Балак, Фригс, Подолски и Клосе се оние против секоја одбрана ќе треба да се измачува. Германците ги краси упорноста и борбеноста. Со одлична игра и добра поставеност на селекторот Јоаким Лев, несомнено Германија е фаворит за освојување на златото.
Клучен играч:

Главиот играч од кој се очекува многу во Германија е Балак. Тој имаше една лоша сезона пред 2 години кога не се знаеше и дали ќе се врати на фудбалскиот терен. Сепак се врати и во голем стил ја заврши сезоната. Во репрезентацијата секогаш игра добри и надпросечни натпревари.
Очекувано место:
Прво место. Не би требало да имаат проблем против ниту еден противник.
Состав:
Голмани: Jens Lehmann (Arsenal), Robert Enke (Hanover 96), Rene Adler (Bayer Leverkusen)
Одбрана
: Christoph Metzelder (Real Madrid), Per Mertesacker (Werder Bremen), Philipp Lahm (Bayern Munich), Arne Friedrich (Hertha Berlin), Marcell Jansen (Bayern Munich), Clemens Fritz (Werder Bremen), Heiko Westermann (Schalke 04)
Средина: Michael Ballack (Chelsea), Thomas Hitzlsperger (VfB Stuttgart), Simon Rolfes (Bayer Leverkusen), Torsten Frings (Werder Bremen), Bastian Schweinsteiger (Bayern Munich), Piotr Trochowski (Hamburg SV), Tim Borowski (Werder Bremen), David Odonkor (Real Betis)
Напаѓачи: Miroslav Klose (Bayern Munich), Lukas Podolski (Bayern Munich), Mario Gomez (VfB Stuttgart), Kevin Kuranyi (Schalke 04), Oliver Neuville (Borussia Moenchengladbach)

Полска



Полска беше во една прилично тешка квалификациска група со Португалија, Србија, Белгија и за изненадување убедливо го освои првото место. Изненадувањето беше уште поголемо што тимот нема некои ѕвезди, нема играчи за големи натпревари, а сепак беа поуспешни од фавотитите. Полска пред неколку денови на една од проверките играше против Македонија, кога ги видовме сите нивни слабости. Можеби „важноста“ на натпреварот беше пресудна но, тој тим на Полска кој го гледавме дефинитивно негативно ќе изненади на ова првенство. Уште едно неочекувано изненадување во врска со Полска е тоа што Дудек не е земен во првиот тим.
Клучен играч:
Еузебис Смоларек е еден од оние кои прикажаа најдобра игра во квалификациите постигнувајќи 9 гола што ја однесе Полска на првото место во групата. Има диманична игра па често од класичен шпиц доаѓа на позиција на крило.
Очекувано место:
Четврто место. Како и да е, не бев импресиониран од нивната игра со Македонија. По само неколку дена победија само со 1:0 со Албанија. Не верувам дека можат повеќе на ова првенство. Против себе ги имаат Германија, Хрватска а и домаќинот Австрија. Тоа ми дава за право да кажам дека Полска се аутсајдер во групата Б.
Состав:
Голмани: Artur Boruc (Celtic FC), Tomasz Kuszczak (Manchester United FC), Łukasz Fabiański (Arsenal FC).
Одбрана: Jacek Bąk (FK Austria Wien), Marcin Wasilewski (RSC Anderlecht), Paweł Golański (FC Steaua Bucureşti), Mariusz Jop (FC Moskva), Adam Kokoszka (Wisła Krakуw), Jakub Wawrzyniak (Legia Warszawa), Michał Żewłakow (Olympiacos CFP), Grzegorz Bronowicki (FK Crvena Zvezda).
Средина: Dariusz Dudka (Wisła Krakуw), Wojciech Łobodziński (Wisła Krakуw), Jakub Błaszczykowski (BV Borussia Dortmund), Mariusz Lewandowski (FC Shakhtar Donetsk), Rafał Murawski (Lech Poznań), Łukasz Garguła (GKS Bełchatуw), Jacek Krzynуwek (VfL Wolfsburg), Radoslaw Majewski (Groclin Grodzisk Wielkopolski), Michał Pazdan (Gуrnik Zabrze), Roger Guerreiro (Legia Warszawa).
Напаѓачи: Euzebiusz Smolarek (Real Racing Club Santander), Maciej Żurawski (Larissa FC), Tomasz Zahorski (Gуrnik Zabrze), Radosław Matusiak (Wisła Krakуw), Marek Saganowski (Southampton FC).

Австрија



Домаќинот на ова првенство има големи очекувања. Проблемот е дали има можности. Како еден од домаќините, Австрија влезе на Еуро 2008 без претходни квалификации. Исто се на најслабото место на Фифа ранг листата од сите 16 репрезентации. Исто и „квалитетот“ на нивниот селектор Џозеф Хикерсбергер не ни дава за право да се надеваме на успех. Немаат некои позначајни фудбалери во тимот, па освен домашната публика немаат никаков друг џокер. Смешно е што во пробните натпревати играа против тим од третата австриска лига и постигнаа само 6 гола.
Клучен играч:
Кога би мотало некој да одвојам од овој тим ќе го кажам Ивица Вастич. Пред 2 сезони му беше последниот натпревар за репрезентацијата, но интересно е што сега за Еуро 2008 беше повторно повикан. Досега има постигнато 12 гола за Австрија, па би можело да се понадева на уште некој.
Очекувано место
:
Се двоумев на кое место да ги сместам Австријците. Трето место ќе биде премија за нив, но гледајќи ја катастрофалната игра на Полска, можеби домашниот терен ќе им даде таква можност да завршат како трети.
Состав:
Голмани: Christian Gratzei (Sturm Graz), Alexander Manninger (AC Siena), Juergen Macho (AEK Athen/Greece), Helge Payer (Rapid Vienna)
Одбрана: Andreas Dober (Rapid Vienna), Gyoergy Garics (SSC Napoli/Italy), Ronald Gercaliu (Austria Vienna), Martin Hiden (Austria Kaernten), Andreas Ibertsberger (1899 Hoffenheim/Germany), Markus Katzer (Rapid Vienna), Juergen Patocka (Rapid Vienna), Emanuel Pogatetz (Middlesbrough/England), Sebastian Proedl (Sturm Graz), Franz Schiemer (Austria Vienna) and Martin Stranzl (Spartak Moscow/Russia)
Средина: Rene Aufhauser (Red Bull Salzburg), Christian Fuchs (SV Mattersburg), Martin Harnik (Werder Bremen/Germany), Andreas Ivanschitz (Panathinaikos Athens/Greece), Umit Korkmaz (Rapid Vienna), Christoph Leitgeb (Red Bull Salzburg), Juergen Saeumel (Sturm Graz), Joachim Standfest (Austria Vienna), Ivica Vastic (LASK Linz) and Markus Weissenberger (Eintracht Frankfurt/Germany)
Напаѓачи: Erwin Hoffer (Rapid Vienna), Marc Janko (Red Bull Salzburg), Roman Kienast (Ham-Kam/Norway), Sanel Kuljic (Austria Vienna), Roland Linz (SC Braga/Portugal) and Stefan Maierhofer (SK Rapid Vienna)​
Хрватска



После успехот на Светското првенство во 1998 година, Хрватите многу напреднаа во светскиот фудбалски рејтинг, но не им успеа да го достигнат или подобрат тоа трето место. Во една прилично лесна група каде единствен вистински противник би требало да биде Германија, Хрватите имаат за право да се надеваат дека можат да стигнат високо на Еуро 2008. Настапуваат со прилично млад состав и неколку искусни поединци во одбраната. Славен Билич добро го познава овој тим, добро има работено на нивните тактики, и чека да покаже што знае на претстојните натпревари. Исто нивна предност ќе биде стабилната игра на значајни натпревари. Сите се сеќаваме дека ги совладаа Англичаните 2 пати во квалификаците.
Клучен играч
:
Младен Петрич е оној од кој се очекуваат топовски удари, и најмногу голмови за противниците на Хрватска. Со Едуардо да Силва надвор од терените после ужасната скршеница, од Младен ќе се очекува да биде главен во нападот. Неговите голови ќе бидат влезницата на Хрватска во четвртфиналето.
Очекувано место:
Бездвоумење им давам второ место на Хрватска. Ако пред неколку месеци (кога да Силва беше во тимот) зборувавме за оваа тема ништо немаше да биде чудно и да се дадеше предност пред Германија. Но сега, според распоредот и вкрстувањето со А групата во четвртфинале, ништо чудно е да гледаме нов успех на Хрватскиот национален фудбалски тим.
Состав
Голмани: Stipe Pletikosa (Spartak Moscow), Vedran Runje (RC Lens), Mario Galinovic (Panathinaikos)
Одбрана: Vedran Corluka (Manchester City), Dario Simic (AC Milan), Robert Kovac (Borussia Dortmund), Josip Simunic (Hertha Berlin), Dario Knezevic (Livorno), Hrvoje Vejic (Tom Tomsk)
Средина: Danijel Pranjic (Heerenveen), Darijo Srna (Shakhtar Donetsk), Niko Kovac (Salzburg), Luka Modric (Tottenham), Niko Kranjcar (Portsmouth), Jerko Leko (Monaco), Ivan Rakitic (Schalke 04), Ognjen Vukojevic (Dinamo Zagreb), Nikola Pokrivac (Monaco)
Напаѓачи: Mladen Petric (Borussia Dortmund), Ivica Olic (Hamburg SV), Ivan Klasnic (Werder Bremen), Igor Budan (Parma), Nikola Kalinic (Hajduk Split)​
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.697
Поени од реакции
11.510
Од таа група навивам за Хрватска!!
 
V

Viktoranius

Гостин
Таа група ќе ми биде најинтересна, ќе има големи хулигански пресметки.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Од овде очекувам Германија да се пласира понатаму заедно со Хрватска. Добри се Хрватите, можат да изненадат.
 

FromSunWithLove

dance or die
Член од
1 февруари 2007
Мислења
524
Поени од реакции
13
Од овде очекувам Германија да се пласира понатаму заедно со Хрватска. Добри се Хрватите, можат да изненадат.
потполно се согласувам со ред девил и очекувам утакмицата меѓу германија и хрватцка да биде една од најинтересните
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Силни екипи, со исклучок можеби на Австрија, која пак ќе ја има подршката од публиката. Германија ми изгледа како далеку посилна од сите, и мислам дека нема да има проблем да се пласира во следната фаза. Вториот патник ќе биде една од трите други земји. Австрија можеби е послаба од овие двете, ама игра на свој терен, а тоа може да биде од голема важност. Хрватска и Полска токму против нас докажаа дека имаат некои слабости. Како домаќин, шанса повеќе и давам на Австрија.
 
F

fantomX

Гостин
Германија че помини секако (според мене), а за второ место Хрватска или Полска. Австрија слаби се...
 

FikoX

Impossible is nothing
Член од
13 август 2007
Мислења
2.850
Поени од реакции
128
Германија и Хрватска
 
Член од
3 мај 2008
Мислења
849
Поени од реакции
40
Хрватите некако многу се јаки на зборување и фалење,мое мислење е дека ова Првенство нема да направат ништо.А очекувам да поминат Германија и Полска.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
665
Поени од реакции
2
1.germanija
2.hrvatska
3.avstirija
4polska
 

CaMeC

Рамос - 4
Член од
18 јуни 2007
Мислења
2.266
Поени од реакции
10
Од оваа група мислам дека Германија и Хрватска ке одат понатаму.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Германија и Хрватска.Од Германците очекувам убедлива победа, додека од Хрвативе тесно изборен пласман за понатаму.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Типувам на Германија прва во група, иако Хрватска лесно може да ги искрши сите и прва да си заврши.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom