Поделбата на етнички смени на среношколците Албанци и Македонци во средното училиште “Нико Нестор“ во Струга се чини дека не го вознемири министерството за образование.
Меѓутоа, јавноста и интелектуалците реагираат на инфериорноста на институциите, за да ја спречат оваа појава, опасна за изградбата на мултиетничко општество.
Според професорката Мирјана Малеска од Универзитетот на Југоисточна Европа, случувањата во Струга се одраз на атмосферата што ја создаваат политичарите во јавноста, но и на она што децата го чувствуваат во нивните семејства.
„Децата во крајна линија го изразуваат она што го чувствуваат во градот меѓу граѓаните и она што го чувствуваат дома. Најверојатно постои едено незадоволство и на крај , но не последно дека учениците се угледуваат на политичарите односно оние кои ја водат државата. Какви се тие, што зборуваат, дали си подаваат рака преку етничките граници или се непријателски расположени едни кон други. Учениците земаат како пример едно такво однесување“ вели Малеска.
Малевска вели дека ако не се спречат на време овие појави на етничка поделба, последиците ќе ги чувствуваат сите.
„Прва и основна работа на вакви институции како министерството е да се погрижат да се надминат овие состојби во мултиетничките средини. Јас велам дека Струга е Македонија и Македонија е Струга, ако не можеме да функционираме во Струга како интегрирано општество, како тогаш ќе функционира државата. Тоа е нивна задача и треба да си ја извршат“ смета Малеска.
И Авзи Мустафа, претседател на Унијата на албанските интелектуалци и Нухи Дарлишта од Сојузот на албанските наставници предупредуваат дека делбата на средношколците по етничка основа може да предизвикуваат проблеми и поголеми општествени поделби во Македонија.
„Ова поделба според мое мислење е функционална поделба и има малку по длабоки последици од тоа што првично се чини. Јас мислам дека ако не се превзема нешто да се прекине , оваа функционална поделба може да не води и до другите поделби“ вели Мустафа.
„Поделбата не не води никаде, ниту Албанците, ниту Македонците, ниту државата Македонија. Треба да се детектираат проблемите, да се види каде вината, кои се тие луѓе, поединци што вршат поделба на учениците и тие треба да се отстранат веднаш од нивните функции. Те се деца, помали од 18 години и нема потреба да се делат, поделбата ја возрасните или политиката“ изјави Нухи Дарлишта, претседател на Сојузот на албанските наставници.
Министерствот за образование не презеде ништо да ја спречи одлуката на директорката средношколците во средното училиште “Нико Нестор“ во Струга учениците да учат во различни етнички смени.
Портпаролката на министерството, Маја Корубин, информираше дека во текот на идната недела ова училиште ќе го посети Државниот инспекторат за образование за да се информира за последните настани.
Можеби моделот на поделбата на смени врз етничка основа ќе му се допадне и на Министерството, па и самото ќе почне да го применува. Министерот Перо Стојановски да оди на работа претпладне, а заменик-министерката Линдита Ќазими попладне.
http://alsat-m.tv/mk/zemja/10104.html