Тогаш зошто зборуваат за бугарски градови, кои не се дел од темата? Да си видел некаде да пишуват за Паристрионци? Да си забележал дека тие експлицитно споменуваат "тема", ако станува збор за темата?
Денешните историчари како пишуваат за Отоманската империја, за Република Македонија ли зборуваат или за регионот Македонија?
Оваа теорија на ученици од прво одделение може да ја продадеш само.
Еве пример од 11 век:
Не знам што те буни, не мора експлицитно да се споменува дека се работи за “тема“ кога се опишани настани кои ни помагаат да го детерминираме периодот, а со тоа постоењето или непостоењето на таа тема.
Имаш и конкретни пример од Скилица кој многупати сме го користиле, тој пишувајќи за “Бугарите“ вели дека Скопје е престолнина на Бугарија (парафразирам сега), па ние знаејќи дека Скопје
де факто никогаш не бил престолнина на самата Бугарија туку на Тема Бугарија можеме да извлечеме заклучок дали се работи за едното или другото.
Исто како и во фрагментот кој го постираше, ќе отвориш книгите и ќе видиш против која Бугарија се борел Копроним, дали тогаш постоела тема, дали само Бугарија, дали постоеле и двете паралелно и слично.
Между 756 и 775 г. Константин V организира обшто девет похода срешту Дунавска Б'лгарија с цел уништожаването ѝ.
http://bg.wikipedia.org/wiki/Константин_V_Копроним
Се случувале и разни грешни географски описи, се мешале термините од минатото со новите бидејќи таква била праксата во Византија често да се менуваат имињата, некогаш според значењето на извојуваната победа во дадена локација, некогаш да го истакнат историското значење па се надоврзувале на славното античко име, потоа за истата територија употребувале некое неофицијално име и генерално земено терминологијата во Визатија и средновековието не е изедначена меѓу авторите и периодите.
Плус темава е за етничката припадност на Самоил, зошто не дискутираме за тоа?
Ајде направете споредба за етничката припадност и на другите владетели од Византија и од Бугарија
да видиме дали секој еден од нив морало ја одразува ексклузивната етничка компонента која произлегувала од името на царството или земјата?