Естетиката на кубусот

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Најчистата форма, најмирниот облик на архитектурата...Најприфатливиот агол за човекот, означен како таков уште од времето на Стариот Век, каде на архитектонските објекти се гледало како на олицетворение на нешто свето. Потполно прифатлива форма од страна на природата, дадена како неопходен тридимензионален модул.

Форма која ја следи архитектурата во текот на целата нејзина еволуција... Помалку или повеќе, секој објект е проследен со комбинации од форми во кои неопходно доминира кубусот.

Со доаѓањето на сцена на модерната, тој почнува да излегува на површина, да биде потенциран како нешто чисто, едноставна форма која може многу да раскаже...нејзиното комбинирање со самата себе, ротирање, одсекување и се останато што ни го овозможува геометријата, а со тоа и архитектурата од неа прават нешто посебно...И секогаш се раскажува друга приказна, препознатлива за самата себе.

Постмодерната го пробива овој архитектонски култ, обидувајќи се да го замени кубусот со други, геометриски посложени форми. Во тоа време (според некои теоретичари, тоа време сеуште не е поминато) се градат едни од најрепрезентативните објекти низ целиот свет, со една експресивност каде целосно е избришан кубусот. Сепак постојат светски познати архитектонски студија кои и остануваат верни на оваа форма...Еве неколку примери

1412_385%20JN%20Soho.jpg

1565_76-WEBPIC-1_385px.jpg

1605_385%20Goettsch%20Shanghai.jpg

1606_385%20Synergy.jpg

1689_385%20Sanjay%20Puri%20.jpg
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Ја неам поима од архитектура,ама неможам да не искоментирам колку се прекрасни зданијава....посебно последните две,иако се само копјутерски модели.
Неверојатно.
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
пошто мајка ми е архитект често дома сум разгледувала различни списанија и дефинитивно оваа форма е најзастапена и според мене најубава, најприродно ми делува
 

Kajgana Shop

На врв Bottom