Ердел Териер (Airedale Terrier)

Член од
17 јули 2014
Мислења
8
Поени од реакции
1
Imam terier od majka malteska pudlica i tatko terier dali nekoj ima takava raza na kuce
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
792
Кога читав историја за расите на кучиња, сфатив дека грешка сум. Имам на почеток пишано дека Ерделите се најголеми териери после Црниот руски, но дознав дека црниот руски не е чист териер, туку во крвта има и ротвајлер и остали раси. Затоа е ставен во "работни кучиња", а не во "териери".
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.859
Поени од реакции
2.420
Кога читав историја за расите на кучиња, сфатив дека грешка сум. Имам на почеток пишано дека Ерделите се најголеми териери после Црниот руски, но дознав дека црниот руски не е чист териер, туку во крвта има и ротвајлер и остали раси. Затоа е ставен во "работни кучиња", а не во "териери".
Malku imas loso sfateno. I erdel terierot sigurno ima nekoi rasi vo sebe sto se mesani. Nema cista rasa. Rabotni kucinja i terieri ne ja sfakam podelbata i klasifikacijata. Crniot ruski terier e cista rasa denes, zatoa sto parenjeto so ista edinka pripadnik na rasata dava ist potomok kako roditelite, ne dava kuce sto lici na rasite koi bile mesani.
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
616
Поени од реакции
766
Мој заклучок е дека....нема ништо апсолутно. Научени сме да мислиме дека има еден и само еден стандард но во него има толку многу дизерзитет.
Кога почнав да истражувам за раси на кучиња, дознав чисто визуелно дека ништо не е апсолутно. Има ротвајлери кои се многу идентични како градба...но палежите им се многу различни, кај некој се потемни, кај некој светли..и тоа само човек со остро око може да го примети.....ова и кај ерделите го имам забелжано, не е просто само кафеаво, кај некои е црвено, кај некои светло....незнам во каква насока се движи кинолгијата на светско ниво, но мислам дека таму се бара диверзитет.

На пример пред некоја година на еден престижен натпревар за убавина победи афенпинчер, кој отскокнува од стандардот....
No Ordinary Affenpinscher
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
792

Еве видови на крзно кај Ерделите. Според стандардите острото влакно е најпожелно. Мекото и волнестото се смета како отскокнување на стандард. Црното седло мора да се движи само на грбот, на вратот и да ги заобиколува лопатките. Не е пожелно да има црн палеж на ушите, нозете и муцката.[DOUBLEPOST=1434422915][/DOUBLEPOST]

Ако се имаат жолти влакна по должина на ’рбетот, како на сликата, не се смета за отскокнување на стандард. Како и да е, црното седло мора да има присуство.

Ова кај мојата Ерделка го има, но многу малце и скоро незабележително.

Груминг и тримање на Ердели
Тримањето мора да биде со техниката hand-strip, за влакното да ја има острината. Тримањето пожелно е да се изведе 10-15 дена пред изложбата, а по тримањето, кожата на кучето не смее да биде изложена на хемиски материи 4-5 дена за да не дојде до инфекција или воспаление.
Во првите 3-4 месеци се врши првото тримање. Тогаш кутрето не ги исполнува стандардите, зашто се трга бебешкото крзно. На 6-7 месеци се врши тримање како за на изложба, крзното го исполнува стандардот. Квалитетното крзно се препознава според интензитетот на неговата боја, острината и сјајноста.

Пример за квалитетно крзно:

Пример за оштетено крзно:
 
Последно уредено:

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
792
11229307_523186744515503_2112286111048254852_n.png
Одлично објаснето![DOUBLEPOST=1438881986][/DOUBLEPOST] 11229307_523186744515503_2112286111048254852_n.png
Одлично објаснето!
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
792
IMG__201508225__092139.jpg
Се обидов да го нацртам движењето и градбата на Ерделите.
 
Член од
12 декември 2015
Мислења
5
Поени од реакции
1
Здраво дечки, гледам дека оддамна нема дискусии на темава, па еве ја да почнам. Штотуку ми подарија ердел Териер кои бил чуван, па го напуштиле. Крзното му е никакво. Негде фали, не е густо и рунтаво како други ердели кои ги знам. Дури на местата кај што фали како да има и некои чудни рани (не се отворени). Бидејќи прв пат чувам куче, а оваа раса е малку специфична, барам помош од вас (гледам дека некои доста се разбираат). Што да превземам за да и се врати крзното густо и сјајно? Со оглед на тоа што веќе заладува, а го чувам надвор не можам ни да го избањам. Ќе ми треба препорака и за салон за шишање миленици,но по можност да е поевтин. Дали има потреба од витамини? Секој совет би ми бил од корист.
 
Член од
5 октомври 2018
Мислења
3
Поени од реакции
4

Најдобро е да го однесеш на ветеринар и да му проверат крвна слика. Се што ќе му дадеш без да се консултираш прво со ветеринар може само да му наштети и да му ја влоши ситуацијата. Сигурно му се потребни витамини, но без да провериш крвна слика и посета на ветеринар не превземај ништо на своја рака. Како и да е почни да му даваш квалитетна сува храна бидејќи тие содржат скоро се што е потребно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom