Еве видови на крзно кај Ерделите. Според стандардите острото влакно е најпожелно. Мекото и волнестото се смета како отскокнување на стандард. Црното седло мора да се движи само на грбот, на вратот и да ги заобиколува лопатките. Не е пожелно да има црн палеж на ушите, нозете и муцката.[DOUBLEPOST=1434422915][/DOUBLEPOST]
Ако се имаат жолти влакна по должина на ’рбетот, како на сликата, не се смета за отскокнување на стандард. Како и да е, црното седло мора да има присуство.
Ова кај мојата Ерделка го има, но многу малце и скоро незабележително.
Груминг и тримање на Ердели
Тримањето мора да биде со техниката hand-strip, за влакното да ја има острината. Тримањето пожелно е да се изведе 10-15 дена пред изложбата, а по тримањето, кожата на кучето не смее да биде изложена на хемиски материи 4-5 дена за да не дојде до инфекција или воспаление.
Во првите 3-4 месеци се врши првото тримање. Тогаш кутрето не ги исполнува стандардите, зашто се трга бебешкото крзно. На 6-7 месеци се врши тримање како за на изложба, крзното го исполнува стандардот. Квалитетното крзно се препознава според интензитетот на неговата боја, острината и сјајноста.
Пример за квалитетно крзно:
Пример за оштетено крзно: