Ентериерен дизајнер - Совет!

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Видете, навистина ми треба совет...
Брат ми има 15год. и сака од наредното лето да започне како ентериерен дизајнер ( да дава предлози и да уредува домови и работни места). Навистина има талент и знаење за внатрешниот ентериер..... но, јас и моето семејство коментираме за тоа дека нема да има промет (од тоа бидејќи е се уште мал и луѓето не би му верувале, а навистина сакам да му помогнам да започне, затоа што децата на негова возраст во странство можат да ја работат оваа работа....... ДАЈТЕ СОВЕТ дали да го подржиме да започне со работава?
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.303
Поени од реакции
3.686
По мое брат ти си ти уствари а прашуваш во трето лице намерно:P Инаку Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ми беше една од двете опции кога сакав да се запишам на факултет пред 7-8 години, Можеби ќе имав повеќе успех таму ама јас појдов на Географија и немав среќа на уписите... Имам две пријателки кои кај и да е завршуваат таму есенва или најкасно напролет и мислам дека се апсолутно задоволни од тоа што факултетот нуди. Е сега викаш 15 години па тоа најверојатно е средно училиште и мислам дека ако има талент гарантирано ќе му биде добро засега да “тренира“ дизајн а покасно и да студира. Другото зависи од него...
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Не прашувај ич ДАААА.
Ако го гледаш дека има талент гурај го.Мајкати и татко ти нормално и тие се свесни дека овој занает е супер ама исто така се свесни дека ако го подржуваат он ќе замине од државава кога ќе заврши средно и затоа се толку песимисти не за друго.
 
Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Како бев и јас порано засилен со та работа :icon_lol: ќе одев на факултет во Минхен ама не бидна ништо :unsure:
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Кога има талент не прашувај помогни му колку што можеш ти и останатите во семејството :)
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.762
Поени од реакции
21.469
Нека запише архитектура ... од диплома само за дизајнер не бива , а со архитектура ќе може и да проектира и екстериер и ентериер !!!
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не знам какво знаење има брат ти на 15 години да уредува домови и работни простории со цела должна почит кон него.
За почеток не би било лошо да научи AutoCad,Google Sketch и останати програми за дизајнирање на ентериер.
Не би било лошо малку да научи, секако ако не знае и пресметки за преградни зидови, пресметки за изолатори, пресметка за луксови за осветлување на простории во зависност од работната просторија т.е стан, пресметки за неопходно ладење и затоплување на просториите итн, итн.
Исто така малку треба да работи на социјалните вештини за да му објасни на мајсторите дека 987 мм не е исто со 98 см.
Ако брат ти знае само да каже дека онде треба да има бела комода со вазна на неа и слика од Кандински обесена тогаш далеку од тоа има знаење за интериор дизајнер.
Сега засега нека фати книга и ако е мераклија има факс во Штип нека се запише таму. Не ми се верува дека некој ќе му стави на располагање 10-15 илјади евра на 15 год. дете да се игра со него.
 
Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Секогаш вреди да се проба! Нека не се откажува, вие само треба да го подржувате! :)
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.744
Поени од реакции
4.507
Windfucker Многу убаво си објасни, убаво е малиот ако има талент ама треба многу повеќе од тоа,а не верувам дека на 15 години го има знаењето потребно за која било струка.
Не за џабе викаат 1% талент 99 тешка работа.
Нека земе нека учи нека се журка и се по ред што треба да прави на тие години.
Ваше е да го подржувате во се што прави ,а да му укажете кога ќе тргне на погрешен пат.
Мое мислење е дека му е рано и нема што да избрзува освен тоа да не звучам клише ама ќе пропушти работи од детството кои после не можат да се надополнат.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Фала на сите за советите :)
 
R

Rigel Kent

Гостин
Видете, навистина ми треба совет...
Брат ми има 15год. и сака од наредното лето да започне како ентериерен дизајнер ( да дава предлози и да уредува домови и работни места). Навистина има талент и знаење за внатрешниот ентериер..... но, јас и моето семејство коментираме за тоа дека нема да има промет (од тоа бидејќи е се уште мал и луѓето не би му верувале, а навистина сакам да му помогнам да започне, затоа што децата на негова возраст во странство можат да ја работат оваа работа....... ДАЈТЕ СОВЕТ дали да го подржиме да започне со работава?
Јас колку што разбирам тој сака да работи нели? За тоа треба фирма да се отвори или сакате на црно да работи? Проблем е што е малолетен, но може некој од вас да биде управител на фирмата :)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Јас колку што разбирам тој сака да работи нели? За тоа треба фирма да се отвори или сакате на црно да работи? Проблем е што е малолетен, но може некој од вас да биде управител на фирмата :)
Да, сака да работи и има знаења за внатрешниот ентериер, а најпрво мисли да започне на црно да види како ќе му оди, а потоа фирма ( ако му тргне)..... инаку слушнав дека од сега можело да се работи со 15год.
Секако има време до наредното лето, но сепак треба да размислиме уште од сега :)
 
Па мислам дека треба прво да придобие одредена клиентела , потоа ќе може да се отвори фирма и да започне со бизнисот. Му пожелувам успех (y)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Па мислам дека треба прво да придобие одредена клиентела , потоа ќе може да се отвори фирма и да започне со бизнисот. Му пожелувам успех (y)
Фала за твојата подршка :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom