Ел Класико: Реал Мадрид vs Барселона |Камп Ноу, 25.01.2011, 22:00h | Copa del Rey 1/4 Final

Кој оди во 1/2 финалето?


  • Вкупно гласачи
    175
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.870
Поени од реакции
23.320
previa-clasico.jpg

Иако помина само месец и една недела од последниот натпревар од најголемото светско фудбалско дерби, Ел Класико, во наредните 7 дена пред нас се нови 2 судири на најголемите шпански фудбалски колективи. Ждрепката сакаше овие 2 екипи да играат меѓусебе уште во оваа рана фаза, па на 18ти Јануари(22ч.), на Бернабе во Мадрид се игра првиот меч, а реваншот е 7 дена подоцна, на 25ти Јануари, на Камп Ноу, во истиот термин.
Во досегашната историја, овие две екипи, во ова натпреварување имаат одиграно 29 меѓусебни натпревари. Поуспешна е Барселона, со 14 победи. Реал има 10, а 5 натпревари завршиле нерешено. Меѓусебната гол-разлика изнесува 59-56, само 3 гола предност за Барселона. Последниот меѓусебен дуел на овие 2 екипи во Копа дел Реј, е ланското финале, кога Реал победи со 1-0 по продолженија и ја освои својата 18та титула во ова натпреварување.
Судија на натпреварот ќе биде Цезар Муниз Фернандез, познат како 'залижаниот'.
MuizFernandez.jpg


Формата на двата тима(последните 5 натпревари):
Реал Мадрид:
Реал 5-1 Понферадина
Реал 3-2 Малага
Реал 5-1 Гранада
Малага 0-1 Реал
Мајорка 1-2 Реал

Барселона:
Барселона 9-0 Хоспиталет
Барселона 4-0 Осасуна
Еспањол 1-1 Барселона
Осасуна 1-2 Барселона
Барселона 4-2 Бетис

За можните состави на двете екипи нема да коментирам, бидејќи ништо не се знае до последен момент. Отсутни играчи се Фонтас, Кеита, Афелај, Виља кај Барселона, а Педро е сомнителен, додека кај Реал не е сигурно присуството на Пепе.

Повелете на асална дискусија, без ниски провокации и навреди. Кое е вашето мислење, кој ќе го добие овој дуел, кој дуелот на Камп Ноу за една недела(ќе остане истата тема, само ќе се направи корекција во насловот) и кој ќе биде патникот во полуфиналето од шпанскиот куп?
Јас посакувам да гледаме убава игра, интересни и возбудливи 180 минути(ако не и повеќе), фер судење и нека победи подобриот. :)
El-Clasico.jpg
 
Барселона уште на овој натпревар ќе си обезбеди место во полуфиналето, Реал овој натпревар гол не даваат, победа на Барселона со 4:0, a во случај на лоши временски услови победа на Барселона со 3:0 :D

 
Бетис даде 2 гола на Ноу Камп за да докаже дека Реал може да даде дупло у среда. само мое мислење. Читам овие неколку денови по сите весници можни состави веќе досадни станаа и Марка и АС и ЕЛ МУНДО ДЕПОРТИВО... се едно исто се пишува пред секое ЕЛ КЛАСИКО... туку зборот ми беше ИКЕР КАСИЉАС со изјавата дека ЕЛ Класико почна да губи од својот сјај. Па секое второ коло да играат овие две екипи нема да има досаден фудбал!
 
И уште 100 теми да отворите никогаш нема тепате на анкетата, не дека нас не има повеќе, туку дека неутралните увидоа каков тим сте.:)
 
И уште 100 теми да отворите никогаш нема тепате на анкетата, не дека нас не има повеќе, туку дека неутралните увидоа каков тим сте.:)
Нас не ни е битно да тепаме на анкетата, битно ни е да тепаме на теренот ;)
 
Реал ке се обиде да не биде посрамотен пак, колку ке му успее ке видиме предност можеби и на овој прв дуел е домашниот терен мада и то некако полека полека станува небитен фактор кога е во прашање ЕЛ КЛАСИКО.
Сепак би типувал победа на БАРСА.
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 12:07 ---
И уште 100 теми да отворите никогаш нема тепате на анкетата, не дека нас не има повеќе, туку дека неутралните увидоа каков тим сте.:)
Не на 100 јас би сакал на 1000 анкети да не тепате, и сите 1000 да ви бидат успешни како и до сега:), на анкетиве победува реал, на терен БАРСА.
 
Јас би типувал на смена на дато на темава. Друго се би било исто во врска со претходните теми за ел класико и неписмените постови.
 
Not again :eek:
Не давам никакви предвидуања кој би можел да биде победникот или колку гола ќе дадат затоа што ништо не се знае и сите карти се отворени. Се надевам дека ќе има чист фудбал како пред еден месец и дека Реал научил нешто од тој дуел и дека конечно ќе си ги искористи шансите.
 
Ми здосадија веќе. Особено оние плачковците, само да се плачело. Ако не можеш да трпиш пораз, седи си дома.
 
Ќе ги тепаме пак како и што беше до сега. :)

Иначе можно е и да ги местат намерно да играат заедно, за да земат пари.
 
Сфаќам игри "психолошки" ама.. Смешен ми е Мурињо, Ди Марија дефинитивно не игра? Пепе на тренинг се повредил - а денес затворен тренинг! Значи Пепе ќе биде у средина, Ди Марија стартер, не знам само дали Карваљо ќе воскресне?
Као пред сто години да го правеше ова со Снајдер па заборавил Пеп и сеа ќе го изненади. Ај да видиме.
Иначе очекувам нерешено.
 
Искрено како фан на Реал, после толку одиграни натпревари незнам веќе што да очекувам. Некој ќе каже дека предност имаме со тоа што првиот натпревар го играме на домашен терен, но Барса успеа да не убеди во спротивното со тоа што пред еден месец победи токму во Мадрид со 1-3. Спред мене Мурињо не треба сериозно да си го сфати Купов повеќе треба да се ориентира кон Ла Лига, но имајќи ја за противник Барселона тоа не е можно. Едноставно мора да им се врати за сите порази, и сите нервози, и сите дебакли во последниве 3 сезони.

Како и минатите дуели, клучниот дел во победа е искористувањето на шансите. Уште од Супер Купот се виде дека Барса ја нема таа доминација на средината, која ја имаше во наптреварите од Ла Лига во минатите сезони, како што беше пример натпреварот од 5-0 на Камп Ноу. Го нема тој посед што го имаше. Е сега, многу вешто си ги искористуваат шансите што не е случај кај Реал. Барса е голем тим, и мора укажаните шанси да се искористат. Во натпревар како Ел Класико, Реал неможе да прави по 10-15 шанси, толку се шансите 3-4 и кој повеќе ќе искористи тој ќе победи. Во последниот натпревар Реал имаше доста шанси да си ја осигура победа, но не си ги искористи и Барса го казни тоа. Ако успее Роналдо или Бензема или било кој што ќе влезе во шанса да ја искористи сигурен сум дека Реал ќе победи. Можеме да ги победиме. Исто така тука е притисокот што игра главна улога во Ел Класико. Веќе не само Роналдо, туку целиот тим на Реал е психички ослабен во однос на Барса. Исто така ова ако се победи, ќе ја победиме и Барса.

За сотавите, ќе искоментирам само за Реал. Искрено Мурињо незнам со што состав би можел да излезе. Најнови информации се дека Ди Марија и Пепе сигурно немало да настапат. Денеска Реал имале затворен тренинг, и не се знае дали тренирале овие двајца или не. Дали е ова некоја игра од страна на Мурињо, ќе видиме утре. Сигурни двајца што нема да играат, покрај Карваљо се Кедира и Арбелоа. Првиот поради повреда, а вториот поради тоа што доби црвен картон против Малага. Според мене би сакал Мурињо да излезе со ваков состав, но познавајќи го него, искрено никој неможе да предвиди со што состав ќе излезе..

----------Касиљас------------
Лас-Рамос-Варан-Марсело
---Пепе--Чаби А.--Коентрао
------Озил-----------Роналдо
---------Бензема----------
 
Кога се игра Ел Класико не постои форма, фаворит, ниту пак може да предвидиме формација. Сакам добра и квалитетна игра. Искрено честиве средби ми станаа заморни и неинтересни. Мислам дека ова се прави само за гледаност и проходи. Како фан на Барса очекувам некоја минимална победа на Бернабе а демолирање на Камп Ноу.
 
незнам зошто го заборавате Кака :) треба само да се мотивира а и драгиот ни Роналдо да почне да си игра ко што знае и умее, без страв и притисоци и да моја желба е да го видам Пепе на клупа. Само така Барса ке клекне на колена и ке моли да не и пукаат петарди (y)
 
годинава не ви го даваме да го кршите трофејот,скапо лепењето фати......и глеј да бидите на Бернабеу вечерта........
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom