Мислев да ја ставам темава во економија ама некако повеке ми е политички моментот во неа па затоа еве ја отворам овде. Муабетов ми е, ако се укинат парите во физичка форма и се претворат целосно во електронски записи и целокупниот промет се одвива преку картички, дали тоа значително ке влијае на намалување на криминалот и корупцијата? Пример, како босовите би набавиле дрога од колумбија ако нема куфери со кеш? Како некои терористи ке набават оружје ако неможе да го платат со кеш? Како некој политичар ке земе мито и провизија ако не игра кешот? Како ке има нешто за вицето или плацеви за грујо ако не игра кешот? Како инспекторот ке ти заврши работа ако треба да го подмачкаш со картичка? Како би се криел данок ако се минува низ сметка? Како на работникот ке му дадеш дел од платата на рака без придонеси ако нема физички пари?.... Како ке направиш криминал ако нема физички пари а електронскот запис секако остава трага кој, кому, колку и зошто платил? Кога ке се укинат физичките пари, ке треба секој да ги однесе во банка и да му ги запишат како електронски па ке испаднат на виделина многу валкани пари....
Мое мислење е дека ако се укинат физичките пари, тоа ке биде голем удар за криминалот и корупцијата, нема да ги снема но секако значително ке се намалат. Ке има тоа и негативни последици во смисла на тоа дека на пример не ке можеш на певаљката да и свиткаш иљадарче во цицките... ама секако поголема ке биде користа оти сериозно ке се удри по криминалот. Мислам дека тоа требаше да се случи одамна во светот ама проблемот е што најмоќните држави (САД..) имаат пуштено премногу пари во оптек, тие пари се непокриени и се користат како платежно средство во целиоит свет но никогаш не се враќаат во ,на пример, во САД каде би предизвикале невидена инфлација....