а колку ти е сигурна информацијава.. дека мора да исфрлиме еден предмет со ист бр на кредити од зимски/летен семестар, дури ако сме го исполниле условот да имаме положено предмети чиј вк.износ на кредити изнесува 35кредити од една година..??
--- надополнето ---
ако сумираме излегува дека:
во една година имаме задолжителни и изборни предмети кои носат определен бр. на кредити, и ако ги собереме треба да имаме вк. 60 кредити.
Е сега во секој семестар треба да запишеме предмети кои носат кредити минимум 21 а максимум 35, но на крај збирот од кредитите да изнесува 60 кредити за една година.
Др. нешто што дознавме е дека постои некој услов со кредитиве, а тој гласи дека доколку збирот од кредитите на предметите кои што сме ги положиле од една година [на пример прва год] е поголем од 35 кредити, немора да се презапишуваат предметите кои останале неположени од прва год, туку можеме да си ја запишеме втора година и да си ја полагаме 2ра год редовно.. а останатите, неположени предмети од прва година да си ги полагаме за време на испитна сесија.
За останатите кои го немаат исполнето условот, односно немаат положено повеќе предмети, односно збирот на кредитите на предметите кои си ги положиле во прва година е помал од 35 кредити – ке мораат да си презапишат еден предмет од прва год во втора год. .
и притоа важно е да се внимава предметот кој што ке се презапишува, да се презапише во тој семестар во кој се полагал минатата година[ако ја немаат положено математика- ке треба да се презапише во зимскиот семестар(и ке можат редовно да си следат предавања, ке полагаат на колоквиуми, и се разбира ке треба одново да земаат потписи итн) ,и математика како што носи 9,0 кредити треба да завземе место на др предмет од 2ра год кој исто така носи 9,0 кредити-и автоматски тој предмет се исфрла од 2ра год и се остава за наредната, а ако пак се работи за статистика ке мора да се презапише во летниот семестар итнн]..
И уше нешто да кажам дека ова што го пишав не е сигурно, ке треба да се праша некој стручен кој ке ни објасни што како.. а до тогаш го имаме ова [морав ова да го пишам за да видиме кај грешиме и да се исправиме]..
и толку од мене.. се надевам дека помогнав :salut:..