Според мене реинкарнацијата на пример е еден вид на таков ,,даунлоад" кога некој случајно ќе успее да ,,хакне" нечие постоење ,,меморирано" во континуумот и на тој начин да го поистовети како свое, бидејќи суштината - примарното битие е основата на сите живи битија.
Примарното битие е холограмски поделено на бесконечно многу други. И сите тие страјват кон бесмртност, оти тоа е тоа што е особина уствари на примарното битие....да го наречеме протосвест. Ја мислам дека клучот на бесмртноста е уствари самореализацијата. Од тука натака е едноставно
Она, спојување со изворот, анихилација е срање у боја...не го сака тоа суштината
Уствари мислам дека има многу превара у учењата на будизмот и христијанството за друго не сум сигурен....не сум упатен, ама исти кур треба да е секаде.
@Bodhidharma Да се надополнам,јас сепак мислам т.е. убеден сум дека Милан Тарот е реинкарнација на Кроули,дури и самиот си има кажано.
Најдобро би било со него да се искомуницира сепак
Хахахаха...Боди бе ...ме изнасмеа...алал да ти е.
Јас овој одговор го давам кога ме прашаат зошто толку читам од Ошкото и други сератори...
“За да постигнам вечност“...и се цепам од смеење кога им ја видам фацата после мојот одговор.Им ги читам мислите „Овој забегал“
Ги прашам „Која е твојата цел на животот?“...обично даваат сконтати монотони одговори.
Па зар животот го сведуваш само на АПЕЛ (Апни Пивни Ебни Легни)? ..Зарем нема нешто повеќе кон што треба да се стреми човек?..и тука прекинувам...ги оставам да си размислат оти едно незгодно им стане....
Е сега...ги читам одговорите од задругата ....абе поима немаат..затоа ми се смешни, ем не знаат ем се прават мудри и даваат одговори.
Еве ќе ти фрлам едно бисерче...
Што е тоа кај човекот што требе да има за да се реинкарнира, да постигне нирвана да оди во рајот или пеколот..за да посгигне вечно постоење?
Исус рекол: “Од пепел сме створени во пепел и ќе се претвориме“
Таква судбина ги чека голем % од лугето....само мал дел успева да постигне повисок степен на Божјата скала да се искачи на врвот и да створи кај него нешто што е вечно што ќе постои и после неговата физичка смрт.
Овие од задругата лутаат, како муви без глава, затоа и нивната секта нема цел, нема финален продукт, има само ветер и магла.
Не ти давам одговор....размисли па некогаш кога ќе имам добра воља ќе ти кажам...
Не знам Гурца ,братче ти многу лошо го сфаќаш концептот на езотерија.
Криминалците не читаат книги и не се бават со наука и уметност
(Освен Кристијан Голубовиќ,кој е исклучок).
Олабави малце и кажи некои,твои концепти,да чуеме.
Кои се моите концепти....еве ги
!926г кроули оди во Париз за да се запише во езотеричната школа на Гурдјиеф, и овој му удара клоца во гз, затоа што шарлатани не сакал во школата.
Ако ајвазот му ги дал сите одговори на кроули што мајка барал да оди на училиште?
Е сега се прашај кај си изгубил 10г од твојот живот?
Вака, пошто ве осеќам блиски ќе ви откријам нешто, сигурен сум ќе остане меѓу нас.
Мене книгата ми е бизнис проект, значи либерал капиталистички ја пласирам на маркет, целта е нели - профит.
Е за поголем профит нели потребен е што поширок маркет... значи стар еон, нов, нјуејџ, паган маган жадиња мадиња... унисекс, книгата ми е - тегет на све иде.
Отворена е мисата за луѓе од надвор, треба само оние што ја изведуваат да се согласат да има присуство на луѓе од надвор. Јас лично никогаш не би се согласил да присуствува некој само заради сеир или заради голотија.
Не ме занима..морам да те имам во колекција...првиот број е мој
Ај сега и тебе да те рендам малку...
Кога ја дадов Божјата скала никој од вас не примети дека збирот во последното скалило не е точен..еве.. На првиот се 96 (3+6+12+26+24+48)
Намерно го сторив тоа...за да видам колку сте заспани...после се лутите кога велам дека спиете со отворени очи..
Никој од вас не примети...прашањето е ЗОШТО?
Еве ти одговор ако сакаш...уште едно бисерче...(ууу.. денес делам бисери у пм...можда оти е Божик?)
Ако си приметил....кога разговараш со некого, а и овде на форум се случува често... соговорниците не се концентрирани на тоа што збориш, него се концетрираат на тоа што тие ќе кажат..дури некогаш и на пола реченица кажуваат свои идеи без да чекаат ораторот да заврши.,.абе цепење...
Ајваз е името дадено на "гласот", што англискиот окултист Алистер Кроули објави дека го слушнал на 8, 9 и 10 април во 1904 година.
Кроули објавил дека овој глас, за кој смета дека потекнува од нетелесна интелигенција, ја диктирал Книгата на Закон за него.
(Ова беше општа дефиниција,нека дообјаснат телемитите,ако им е волја)
Аиваз, како што рече хиперион е битието што ја диктирал Книгата на Законот на Кроули. Аиваз е министер на Хорус и гласник на Нуит, Ра, и Хорус и самиот е еден од старите богови но не постои како таков со име Аиваз пред 1904. Истиот Аиваз вклучил неколку езотерични загатки и шифри во книгата што ја диктирал за да си го докаже неговото "објективно" постоење како по супериорно и по интелигентно битие од Кроули, постојат две опции, или е конволутиран егрегор, или Аиваз е само маска за некој друг со старо име кој владее со други сили кои би биле премногу шокантни за луѓето на раниот 20ти век да ги интернализираат во нивни религиозни убедувања, па бил потребен егрегоријален филтер со Аиваз, тоест станува збор за богот Сет, богот на бури, пустини, војна и хаос, чиј карактер и особини одговараат со пишувањата во третиот чаптер на Книгата на Законот, па Аиваз на крај е Сет по мене, зошто вакво паламудење со Аиваз? Ем тоа што го наведов погоре ем обид да создадеш синкретизирана религија, митологија, космологија, која овозможува една хармонизирана алтернативна патека во човечката потрага по единство инкорпорирајќи ги сите елементи на човекчка природа во еден систем. За некои кроули е пророк за други е само автор. Бил паметен човек и знаел како да се постави во однос на иднината за да му го паметат името, и еве сме дискутираме за мртов англичанец од пред 100 години. Ова се само мои забелешки, не можам да зборувам за припадници на телема, они самите нека си дадат мислење.
Аиваз, како што рече хиперион е битието што ја диктирал Книгата на Законот на Кроули. Аиваз е министер на Хорус и гласник на Нуит, Ра, и Хорус и самиот е еден од старите богови но не постои како таков со име Аиваз пред 1904. Истиот Аиваз вклучил неколку езотерични загатки и шифри во книгата што ја диктирал за да си го докаже неговото "објективно" постоење како по супериорно и по интелигентно битие од Кроули, постојат две опции, или е конволутиран егрегор, или Аиваз е само маска за некој друг со старо име кој владее со други сили кои би биле премногу шокантни за луѓето на раниот 20ти век да ги интернализираат во нивни религиозни убедувања,па бил потребен егрегоријален филтер на Аиваз, тоест станува збор за богот Сет, богот на бури, пустини, војна и хаос, чиј карактер и особини одговараат со третиот чаптер на Книгата на Законот, па Аиваз на крај е Сет по мене, зошто вакво паламудење со Аиваз? Ем тоа што го наведов погоре ем обид да создадеш синкретизирана религија, митологија, космологија, која овозможува една хармонизирана алтернативна патека во човечката потрага по единтво инкорпорирајќи ги сите елементи на човекчка природа во еден систем. За некои кроули е пророк за други е само автор. Бил паметен човек и знаел како да се постави во однос на иднината за да му го паметат името, и еве сме дискутираме за мртов англичанец од пред 100 години. Ова се само мои забелешки, не можам да зборувам за припадници на телема, они самите нека си дадат мислење.
Дали може да се докаже дека стварно се работи за некое такво битие, односно како што го опиша @Hyperion VI, бестелесна интелигенција? Или Кроули само замислувал под дејство на супстанци?
Дали може да се докаже дека стварно се работи за некое такво битие, односно како што го опиша @Hyperion VI, бестелесна интелигенција? Или Кроули само замислувал под дејство на супстанци?
Вака на кратко, егрегор ти е thoughtform само создаден и напумпан со енергија на поголема група на луѓе. Малце ќе психологизирам - мисловна форма ти е мисла што е доволно пати повторена и напумпана со енергија до степен до кој почнува да функционира автономно, како битие со своја волја (пример некое верување: секогаш кога ќе направам X ми се случува Y...), уствари волјата на тоа „битие“ или автономна психичка структура произлегува од енергијата и намерата со кое е напумпано, и ако е доволно напумпано влијае врз твојата реалност (тоа се тие моменти кога ќе речеме „секогаш ова баш мене ми се случува“).
Епа егрегор е тоа само на колективно ниво. Секако, пошто егрегор е напумпан со повеќе енергија од повеќе луѓе, има поголемо влијание врз реалноста. Пример за тоа може да се рече дека е Дедо Мраз - има безброј деца кои верувале, веруваат и ќе веруваат во него, сликовната претстава е горе долу иста и сите ја храниме секој пат кога ќе поставиме украс со Дедо Мраз или ќе му речеме на некој „Дедо Мраз ти донесе подарок“. Или кога Хари Потер фанови ќе седнеме и ќе се „исполниме со духот и магијата“ на Хогвортс
Вака на кратко, егрегор ти е thoughtform само создаден и напумпан со енергија на поголема група на луѓе. Малце ќе психологизирам - мисловна форма ти е мисла што е доволно пати повторена и напумпана со енергија до степен до кој почнува да функционира автономно, како битие со своја волја (пример некое верување: секогаш кога ќе направам X ми се случува Y...), уствари волјата на тоа „битие“ или автономна психичка структура произлегува од енергијата и намерата со кое е напумпано, и ако е доволно напумпано влијае врз твојата реалност (тоа се тие моменти кога ќе речеме „секогаш ова баш мене ми се случува“).
Епа егрегор е тоа само на колективно ниво. Секако, пошто егрегор е напумпан со повеќе енергија од повеќе луѓе, има поголемо влијание врз реалноста. Пример за тоа може да се рече дека е Дедо Мраз - има безброј деца кои верувале, веруваат и ќе веруваат во него, сликовната претстава е горе долу иста и сите ја храниме секој пат кога ќе поставиме украс со Дедо Мраз или ќе му речеме на некој „Дедо Мраз ти донесе подарок“. Или кога Хари Потер фанови ќе седнеме и ќе се „исполниме со духот и магијата“ на Хогвортс
(Еве сега сум сериозен).
Благодарам за исцрпното образложување.
Што ќе се случи ако различни индивидуи концентрираат,кон исти егрегор или "Дедо Мраз"(убаво кажа),
соодветно различни или контрадикторни на "базичните" емоции или убедувања или да не ги кажам(енергии).
Дали ќе создадат Црн Дедо Мраз(комплетно нов егрегор) или ќе го измрдаат стариот Црвен Дедо Мраз,па ќе добие комплетно нови карактерни особини?(нитро-санка )
(Секој има различна перцепција,постојат и особи кои го гледаат Дедо Мраз*како негативец).
*Терминот Дедо Мраз го користам за полесна комуникација,оти беше претходно наведен,не е никаков сарказам.
(Еве сега сум сериозен).
Благодарам за исцрпното образложување.
Што ќе се случи ако различни индивидуи концентрираат,кон исти егрегор или "Дедо Мраз"(убаво кажа),
соодветно различни или контрадикторни на "базичните" емоции или убедувања или да не ги кажам(енергии).
Дали ќе создадат Црн Дедо Мраз(комплетно нов егрегор) или ќе го измрдаат стариот Црвен Дедо Мраз,па ќе добие комплетно нови карактерни особини?(нитро-санка )
(Секој има различна перцепција,постојат и особи кои го гледаат Дедо Мраз*како негативец).
*Терминот Дедо Мраз го користам за полесна комуникација,оти беше претходно наведен,не е никаков сарказам.
Одлично прашање. Вака размислувам и се враќам на тоа дека ние на секој настан/мисла итн. му го даваме поларитетот, иако во колективната (не)свест има доминантен поларитет. Пример Дедо Мраз ќе биде со доминантно позитивен поларитет (што е генерално научена реакција базирана на културата и искуствата со сликата), но во зависност од индивидуалната (или некоја помала колективна) мисла, може да му се даде и негативен поларитет (на пример некое трауматско искуство).
Можеби има поларитет, но тој генерален поларитет се филтрира низ нашата индивидуална свесност (можда ќе се смени поларитет ако Дедо Мраз го асоцираме со давање подароци а ние имаме некое трауматично искуство со подароци).
А, можеби на најапстрактно ниво, егрегорот сам по себе не ни има поларитет - ја добива емоцијата кога ќе се кристализира во нашиот ум како слика/мисла, која совршено кореспондира со нашата индивидуална свесност.
Можеби, има еден генерален егрегор (Дедо Мраз) и има под-егрегори (ко шо има подфоруми): хепи Дедо Мраз, смешен Дедо Мраз, кул Дедо Мраз, дарк Дедо Мраз..
Бидејќи не го знам одговорот на ова прашање, си исфилозофирав.. може да е се од ова, ништо од ова, нешто од ова, ова плус уште нешто... интересно у секој случај
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.