Сакаш да дебатираш, ама чинам дека пак ќе углавиме после неколку коментари. Сакаш да пробаме?

Да почнеме со исказ кој не се однесуеше на мое тврдење...
За мене секој што буквално верува во змии што зборуваат, мртовци што ќе воскреснувале, девици што раѓале и слично е глуп. Дали ќе се смета за православен, протестант, методист, јејовин сведок или марсовец, ако буквално верува во тие нешта е глуп.
Прво, дали некој е глуп или не, е прашање на фактографија која не зависи од тоа дали е некој глуп според мене или според тебе. Прво да видиме, што подразбираме под „глуп“... Според мојата дефиниција, глупави луѓе се луѓе кои имаат когнитивни способности кои се испод нормалата. 90% од луѓето имаат нормални когнитивни способности. Верувањето во змии кои зборуваат, мртовци кои воскреснуваат и сл. се верувања кои не кореспондираат со научната реалност, па тие се сметаат за неточни и делузиони.
Не постојат докази дека ако некој верува во работи кои не кореспондираат со научната реалност, тоа значи дека има когнитивни способности испод нормалата.* Бидејќи твојата позиција не кореспондира со научната реалност (бидејќи нема такви докази дека луѓе кои веруваат во феномени кои не кореспондираат со научната реалност имаат ниски когнитивни способности), дали, според тебе, и ти си глуп? Можеби имаш поинаква дефиниција за „глупавост“ бидејќи тоа е многу климав термин. Може да ја посочиш?
Исто така, тврдењето дека Ајваз му кажувал ствари на Кроули не кореспондира со научната реалност. Ниту пак астрологијата, алхемијата и другите езотериски пракси. Дали мислиш дека тој што верува дека Ајваз му давал информации на Кроули, верува во астрологија, гледање на тарот и ред други псевдонаучни, езотерични дисциплини кои не кореспондираат со научниот модел за светот, е глуп, според тебе, според било која дефиниција за „глуп“ бидејќи тоа е аналоген пример поврзан со тие кои веруваат у змии кои зборуваат итн. независно од дефиницијата за „глуп“ која ќе ја одбереш?
Според ова, секој бивш член што сака да му наштети на редот од х причини, треба само да каже станав верник и готово, ги раскринкал сите тајни на редот.
Може дури и да се зачлени со таква намера, го смета за закана, за зло Редот, бара пристап, му се одобрува и одеднаш го напушта и се прогласува за верник. Тоа според тебе би било доказ дека ОТО нема никакви тајни, нема никакво знаење.....
Тоа што во многу наврати е кажано дека Тајните не се само информација, бидејќи информацијата е симбол, патоказ, за тебе нема врска? Без достигнување на одредена состојба во која таа информација ќе добие суштина, значење, Знаењето е само бисер што ,,свињите" ќе го изгазат.
Ова се разни форми на No True Scotsman и ад хок хипотеза, мислам дека сто пути ги спомнав до сега, треба да ги провериш.
„Јас тврдам дека сите членови на мојата социјална група кои ги добиваат тие и тие знаења, знаат дека знаењата се тачни и квалитативно различни од научните, религиозните искуства итн.
Сите екс-членови/членови на мојата социјална група (Телемити), кои тврдат дека тие знаења не се тачни, не се навистина членови на мојата социјална група (Телемити) бидејќи: они не го сфатиле тоа навистина/го сфатиле ама го одрекуваат/лажат и клеветат/христијаните дошле и им напраиле лоботомија/дошле вонземјаните и ги замениле со клонови кои лажат итн. итн."
Секогаш можеме да кажеме дека некој лаже и клевети (колку и да е искрен) или дека не разбрал навистина (колку и да разбрал), па така и секогаш може да си го заштитиме верувањето од фалсификација, што го прави нашето верување псевдонаучно во тој случај.
Тоа е ко тие од The Secret.
-Ако веруеш доволно, Универзумот ќе ти го даде тоа.
-Јас верував дека Ема Вотсон ќе ми биде жена и не ми стана.
-Не си верувал доволно/лажеш дека си верувал...
Дури и Хајперион да клевети и лаже, да речеме дека е така, мали се шансите сите екс-членови на О.Т.О. кои имаат слични позиции (дека тоа е булшит) и/или станале христијани да лажат и клеветат, нели?
*
Причините поради кои луѓето веруваат во такви работи се различни, а ме мрзи да ги објаснуем, поради тоа провери ја книгата на Шермер, „Why People Believe Weird Things“ ако сакаш попширно објаснување, нешто што нема да го сториш пошто не те интересира поопширно објаснување кое можеби се коси со твојот ригиден светоглед.