Критиката на Еднооки отсекогаш, ако воопшто ја имало кон владата, била блага, извртена или несразмерно концентрирана кон опозицијата, не знам зошто не сте го забележале тоа порано. Изгледајте некоја постара епизода, еве од периодот кога ги даваа на Сител, тогаш беа најзабележителни, и ќе видите дека целата вина е насочена кон опозицијата.
Во најмала рака отсекогаш била контролирана критика, нешто како имаат дозвола малку да си играат со сатирата, ама само со најочигледните и најбедните од нас, нешто како со Каракамишева во последната епизода.