Еднооки

Член од
17 март 2007
Мислења
702
Поени од реакции
26
Здраво, во YouTube најдов еден ваш анимиран филм - Еднооки. Супер впечаток ми направи. Какви беа коментарите по медиумите, кога го емитуваат?
И има ли го овој филм некаде за download?

 
H

HCL

Гостин
Јас колку што знам Еднооки има само серија, прв пат слушам за долгометражен. Како и да е, сега за сега мислам дека нема нови епизоди, ама би требало да ги продолжат убрзо. Се сеќавам некои епизоди ги имаше и на дискови, само не ми текнува дали тие дискови беа во некое списание или некако оделно. За каде можеш да ги најдеш сите незнам, освен на YouTube. Мој совет, гледај ги од овој јузер, ги става цели епизоди и со датум на кога биле емитувани.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Го изменив насловот. За некое чудо немало тема за Еднооки на „Филм и ТВ“. Има една во „Чек дис аут“, ама еве нека стои и оваа тука. Треба да има мислам. Не ги обожавам, заради Баче и оној другиот кои тотално ми ја расипуваа секоја епизода, ама останатиот дел обично не е лош.

„Па ја нејќу ваш прецедник појќе да бидам...“, „Едноставно нели...“, „Киро му рече на Лазо...“ ... Priceless! :pos2:

Важно: имајте во предвид дека ова е „Филм и Тв“, знаете дека „Политика“ е затворен. Серијата неизбежно има политички елементи но тоа не значи дека ќе дозволам партиски препуцавања на темава. Задржете се на хуморот и на ликовите.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Алал да им е.

Незаменливи! :vozbud:
 
П

Паган-др

Гостин
Еднооки растураат. Ја доловуваат вистинската слика на хумористичен начин. Пророкот FTW. :)

@недев
ко што кажаа погоре серија е ова, се емитува секоја недела во 19:10. На јутјуб ги има сите епизоди од прва до последна.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.371
Поени од реакции
21.915
Едноставно ги обожавам..Серија не сум испуштил...
 
Член од
17 март 2007
Мислења
702
Поени од реакции
26
Ами јас не сум разбрал за филмот. Попаднах на него случајно, како што гледав еден клип на Архангел - Пиф, Паф, Пуф.
И си помислив, дали не е поделен на делови за YouTube овој филм, не помислив дека може да е серијал ;-)

И навистина, има политика во него, но ми се допаѓа ;-) У нас нема толку "опозициски" филм. Свежо е


 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Супер е што ги објавуваат Еднооки во HD ,поштувам анимирани цртани во HD;)
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
Еднооки назад ама на web-tv! И место културно епизодите да си ги ставаат на тубата и да зимаат пари од прегледи дечките се полакомиле и преку платен сервис ќе ги пласираат епизодите. Јес да цените не се скапи (100 денара за пакет од 4 епизоди ) али кај нас народот на гага е научен и не верувам дека ќе плаќаат
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
На кој сервис ќе ги имаат епизодите? Но кај нас мислам дека и да ги има на некоја платен сервис многу малку луѓе ќе платат за да гледаат. Тие што ќе платат ќе ги снимат дел од епизодите и на јутјуб ќе ги стават
 

Kajgana Shop

На врв Bottom