Кој како сака и со кој сака нека си го помине животот. Негово право, негов избор на партнер за чување на дете.
Како ќе се развијат децата со хомосексуалци и лезбејки? Ќе бидат дискриминирани од дел од општеството, но не значи дека и тие кога ќе пораснат ќе се определат на истополов брак.
Но од друга страна пак дете кое расте во здраво семејство основано од родители од различен пол, не значи дека ќе остане хетеро.
Детето ги донесува одлуките кога ќе порасне. Не секогаш средината во која израснало има улога во донесувањето на одлуките.
Повеќе ги жалам децата што растат во средина со татко алкохоличар, психички пореметена личност и мајка што не знае на кој к*р да седне.
До пред една деценија ин-витро им беше неприродна работа, рано е за да го прифатат и ова.