Еден за сите, сите за еден!

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Јазикот го земав само како пример. Што е со да речеме рамковните вработувања? А тоа што викаш главуч, тука е таа вечна дебата дали политичарите наметнуваат мислења и поттикнуваат конфликт или смируваат? Некогаш е едното некогаш е другото. На пример еве види го овој случај сега, да не се ангажираа политичарите да смируваат 10 пати поопасна ќе беше реакцијата од граѓаните. Не знам вие правете како сакате јас за себе си знам, природно ми е да се дружам со тој што сум израснал со некој што колку толку дели мои вредности и сега да не прејдам у поезија делиме "иста" крв. Што се однесува до другите нив сум спремен да ги толерирам (во границите на нормалата), тоа е тоа што ќе го добијат од мене, мислам дека сум фер ;-)
Форумов не дозволува политика, но морам, морам да те прашам само ова. Мислиш дека политичарите не ни ги прават сите лоши сценарија? Озбилно? Или мислиш затоа што Гордана стресената ќе каже да се смириме, затоа сме се смириле? Озбилно?:confused:
За јазикот, те сфатив дека ти е пример, па и јас на тоа се задржав за да не навлегуваме во нешто што не ми е намера тука. Сите други работи кои ти сметаат, пак ќе кажам, ти ги сервирале други помоќни луѓе со поголеми интереси, а не јас или било кој друг обичен граѓанин тука. Глупаво е да се буниме против рамковниот на пример. Знаеш колку години поминаа, да? Сега тие што можат си го користат. И ти да си, и ти ќе искористиш што можеш, или не? Секој има право да бара што сака, но прашање е колку тоа ќе му се дозволи. Главно и најважно е дека многу работи и закони важат подеднакво исто за сите во државава. Не се сите Македонци моќни или скроз запоставени, а исти се и Албанците и Ромите итн итн... Тие што имаат имаат се` и баш ги боли газот за другите, а тие што немаат ништо ќе продолжат вечно да се бунат кај што и за што не треба. Тоа е тоа...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
На Мјоинир битно му сметаат рамковни вработувања, а тоа што партиски се вработени останатите 75% државна администрација тоа нема везе. Барем кажи си го другото зло, за мене ова второво не е ништо подобро од првото.

А зошто Брколинда кажа да се смират сите, се смирија, да не кажеше сите од пред тастатура на фронт ќе искочеа :rolleyes:
 
Член од
15 април 2012
Мислења
341
Поени од реакции
642

Така е, и мене ми се гади од тоа, ама еве ти пиша тоа, па не те бришат, а ако пишев јас ќе речеа офтопик е и ќе го избришеа мислењето.
Мене ми се гади од сите политички партии, ниту една не ги запазува интересите на Македонците.
Една од тие две ПОВЕЌЕ не ги запазува, од другата, затоа и другата победува, тоа е тоа кај нас, на кратко.
Секој што тврди поинаку е платеник.
И ова второво исмејување за фронтот, нема потреба од таков цинизам.. демек ни за толку не вредат Македонциве, не можат ни да се соберат. Зошто го напиша тоа?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Така е, и мене ми се гади од тоа, ама еве ти пиша тоа, па не те бришат, а ако пишев јас ќе речеа офтопик е и ќе го избришеа мислењето.
Мене ми се гади од сите политички партии, ниту една не ги запазува интересите на Македонците.
Една од тие две ПОВЕЌЕ не ги запазува, од другата, затоа и другата победува, тоа е тоа кај нас, во кратко.
Секој што тврди поинаку е платеник.
Епа ете де другар, го најдовме трулежот од каде што потекнуваат сите проблеми во државава, поготово овој кој го разглаба Дивајн во темава.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.494
Не си нормален што слушаш....
Брат јас се слушам тоа беше пример пак се повторувам:(

Инаку нема музика што не слушам поп,рок,реге,метал,класична,хип-хоп ,RnB итн да не ги редам сите .
Music is food for the Soul :cool:
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Идејата само по себе за сплотување и обединување е фина, ама луѓето се егоцентрици, се обединуваат најчесто од различен интерес, ретки се вистинските алтруисти, полни со љубов за сите човечки битија. Дури и да се организира мирен протест со срценца, поголемиот дел ќе дојдат на истиот бидејќи се хипстери за кои тоа е еден уметнички израз на бунт, или луѓе без посебен концепт, со вишок слободно време и кусок вистински информации, или позери - манекени, кои само би да се приказ на нешто што посакуваат да го поседуваат, а е туѓо (исто како манекените на ревии, носат туѓа облека, овие ,,носат,, туѓи идеи)...

Околу остатокот на постот, се промовира некој хипер либерализам, што е веднаш нетолеранција кон конзервативните луѓе во општеството. Мое мислење е дека секое општество треба да балансира меѓу либерализмот и конзерватизмот, дури и Америка е декларативно само крајно либерална, во суштина владеат и натаму доста конзервативни струи, на повеќе нивоа. За да не се оди во екстреми (кои без исклучок се штетни), добро е постоењето на спротивставени сили, за да правилно се формира еквилибриумот.

Лично себеси не се сметам ни за крајно либерална, ни за конзервативна личност, одлучувам по секое прашање (религии, хомосексуалност, проституција итн. итн.) колку ќе ги проширам или стеснам своите ставови и убедувања. Ама, сепак луѓе кои настапуваат со ,,јас сите ги сакам и со сите се дружам,, сметам или дека изрекле - ноторна лага, или дека - немаат никаков критериум, а и на двата случаи не гледам како на позитивна одлика.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Има само еден рецепт за сложно живеење - постоење на заеднички надворешен непријател (доколку не постои треба да се измисли)....ова важи не само за луѓето туки и за животните

да почнеме со фантазијата....Том и Џери....кога се сами се колат и бесат...се кршат од ќотек и слично...но кога ќе се појави некој трет...наеднаш стануваат најдобри другари.....и се држат заедно додека не го избркаат ....а потоа пак почнуваат со меѓусебните кавги.....иако сеработи за фантазија сепак е инспирирано од реалниот живот

додека мојата далматинка беше жива...постојано се бркаше со домашните мачки....но доколку влезеше комшиска мачка или куче....застануваа на иста страна и заедно го бркаа од својата територија....тимски

студентите и луѓето кои одат да работат во странство....а се од различна национална или етничка припадност.....во матичната земја не си кажуваат ни здраво....но кога се во странство и немаат никој свој стануваат најдобри пријатели

Југославија - конгломерат на националисти, фанатици, збирштина од секакви народи - живееа заедно еден покрај друг - се додека постоеше надворешен непријател (делумно измислен делумно реален)...кога надворешниот непријател го снема....почнаа братоубиствените војни
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867

Во моментов имаме барем еден заеднички "непријател" - Грција. Но и тоа не е доволно за да се обединиме барем за едно прашање. А што се однесува до Југославија се знае како се одржуваше тој конгломерат од народи - со цврста рака и со забрана на искажување на различни мислења. Траеше додека можеше да трае тој вештачки мир/таа вештачка креација, после тоа видовме што се случи.
 
Грција не е заеднички непријател....Грција оди во прилог на оние вжештени глави кои мислат дека ако Македонија го промени името ќе им се зголемат шансите за отцепување на територии и припојување кон Косово

Заеднички непријател е некој или нешто што фундаментално може да го загрози начинот на живот на различните индивидуи или групи
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Грција не е заеднички непријател....Грција оди во прилог на оние вжештени глави кои мислат дека ако Македонија го промени името ќе им се зголемат шансите за отцепување на територии и припојување кон Косово

Заеднички непријател е некој или нешто што фундаментално може да го загрози начинот на живот на различните индивидуи или групи
Нешто како економска блокада?
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Нешто како економска блокада?
Постојат различни форми на притисок.....агресија, окупација, економска блокада, контрола на ресурси витални за живот, идентитетска негација,изолација и слично

...уште еден типичен пример....села со мешан етнички состав...вообичаено не се трпат меѓу себа и се поделени на етнички мала и слично....но доколку некој од надвор (друго село, општина, претпријатие) им го прекине дотокот на вода....забораваат на довчерашните разлики и заедно излегуваат на протести, блокади и слични активности и се држат заедно се додека не помине кризата...потоа се враќаат на старо
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Грција не е заеднички непријател....Грција оди во прилог на оние вжештени глави кои мислат дека ако Македонија го промени името ќе им се зголемат шансите за отцепување на територии и припојување кон Косово

Заеднички непријател е некој или нешто што фундаментално може да го загрози начинот на живот на различните индивидуи или групи
Нема ваљда да чекаме природна катастрофа за да видиме дали можеме да живееме заедно? И зошто теоретизираме? Имаме конкретни прашања кои ги засегаат двете заедници а на кои имаме сосема различни погледи. Ги замолувам пацифистите и хипиците да одговарат еве на пример на некои едноставни прашања - албанците се незадоволни од динамиката на вработувања албанци во администрација - што ќе превземете? Дали воопшто се согласувате да се вработува некој само затоа што е Албанец или еве нека е и само затоа што е Македонец? Албанците бараат пензии за борците од ОНА. И? Албанците многупати до сега покажале дека не ја почитуваат химната а и знамето. Според зборовите на голем број албански политичари и интелектуалци од Македонија химната треба да биде изменета, дополнета. Дали вие сте за? Ги праша ли некој граѓаните на Кичево дали сакаат изменети општински граници кои ќе им го изменат животот? Да не се враќам и наназад да ве потсетувам за случајот кога преку ноќ Тетовскиот Универзитет стана државен без никакви проценки само со политички дил. Се девалвираа нашите дипломи, се финансира универзитет со крајно сомнително реноме (дури и професорите на универзитетот имаат сомнителни дипломи)...И еден куп други прашања, на кои имаме различни одговори а истите се одговараат со ДА или НЕ. Нема средина, нема компромис.
P.S. Го заборавив пописот. Па некој не сакаше и таа статистичка операција да се заврши, затоа што не му се допаѓаат бројките. Ај нема да кажам некој ќе ги кажам со име - албанските политичари.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Нема ваљда да чекаме природна катастрофа за да видиме дали можеме да живееме заедно? И зошто теоретизираме? Имаме конкретни прашања кои ги засегаат двете заедници а на кои имаме сосема различни погледи. Ги замолувам пацифистите и хипиците да одговарат еве на пример на некои едноставни прашања - албанците се незадоволни од динамиката на вработувања албанци во администрација - што ќе превземете? Дали воопшто се согласувате да се вработува некој само затоа што е Албанец или еве нека е и само затоа што е Македонец? Албанците бараат пензии за борците од ОНА. И? Албанците многупати до сега покажале дека не ја почитуваат химната а и знамето. Според зборовите на голем број албански политичари и интелектуалци од Македонија химната треба да биде изменета, дополнета. Дали вие сте за? Ги праша ли некој граѓаните на Кичево дали сакаат изменети општински граници кои ќе им го изменат животот? Да не се враќам и наназад да ве потсетувам за случајот кога преку ноќ Тетовскиот Универзитет стана државен без никакви проценки само со политички дил. Се девалвираа нашите дипломи, се финансира универзитет со крајно сомнително реноме (дури и професорите на универзитетот имаат сомнителни дипломи)...И еден куп други прашања, на кои имаме различни одговори а истите се одговараат со ДА или НЕ. Нема средина, нема компромис.
Во држава во која функционира правниот систем за вакви прашања не дискутираат граѓаните, туку институциите на системот ги решаваат ваквите прашања. Сите примери погоре се кршење или на законот или на уставот. Овие прашања треба да ги решава државата, а не народот.

Но индиректно и народот е крив бидејќи државните претставници се избрани токму од народот. Мое мисење е дека е погрешно бесот и фрустрациите од неспособноста на државните институции да го искажуваме и истураме врз некого само врз база на етничката, националната, верската или било која друга припадност.

Истите тие кои тука прават проблеми, бараат права, тероризираат и слично...кога ќе отидат во Германија или Швајцарија се сосема други личности и ги почитуваат законите и симболите на државата.

Зошто?

Затоа што во Македонија системот тоа им го дозволува и им се може.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
И јас порано размислував на сличен начин,верувајќи во хипи љубов,начинот на кој Исус ни вели сакај ги сите,па и непријателот како ближен свој,но реалноста е нешто сосем поинаку.

Сакаш среќен идиличен свет,се е розе и те сфаќам,мислам кој не би сакал да живее во свет без страв,општество без предрасуди.

Но и таквиот свет,таквото општество си е контрадикторно.

Пример,велиш општеството каде живееш е толерантно и отворено.Но постојат луѓе кои вршат доста зулуми и тие луѓе го сочинуваат мнозинството на една група-ај нека бидат панкери/тетовирани.Луѓето во такво општество и да се полни со љубов и сочуство размислувајќи за делата на панкерите/тетовираните ќе заклучи дека за таквата група е неопходно да се воведат закони кои ќе бидат доста рестриктивни за дотичната група како би се спречило понатамошно одвивање на криминалот.Ама истите тие не го донесуваат законот за да ги казнат индивидуалците во групата туку тоа го прават за целата група.Зошто?Затоа што е едноставно-ако ги раздвојуваат сите во групата на индивидуална база тоа ќе им одземе премногу време,па секогаш е полесно да се стави етикета дека ете,панкерите/тетовираните се колектив кој генерално гледано е криминален.

Инаку ова не е профил на затворено/конзервативно/што ти знам општество-ова ти е профил на либерално/отвори си го погледот кон светот општество.Ваков начин на размислување имам приметено кај доста поборници за отвореност/либералност кои бараат љубов за една група(геј,лезбо,муслимани како и да е) а од друга страна веруваат дека стереотипизирањето/предрасудите кон друга група(панкери,,роми) е добра работа бидејќи статистиките се показател дека баш панкерите/ромите се склони кон бељи.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Ова темава баш сега е отворена, по повод роденденот?
...на човекот кој успеа да ја обедини својата нација баш до толкав степен, да може комотно да се каже дека мотото од насловот важи за сите припадници.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom