@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.113
Генерал Маркос призна дека има Македонци во Грција
Откако успеавме да ја најдеме куќата со број 28 на улицата Капештец, на падините на Водно, на вратата нe пречека стар човек со бастунче. Го познавав од претходно, но само од телевизија. Деведесет и шестгодишниот новинар, публицист и писател Јован Поповски љубезно нe прими во својот дом за да ни раскаже интересна приказна или, како што вели тој, "вистинска приказна која вреди да се објави, сега во овие моменти и акции околу името". Иако има проблеми со видот и со слухот поради староста, мислата му е прецизна, а речениците му течат како настаните да се случиле вчера.
"Види, имам да ти зборувам за многу работи, но ајде сега да ти раскажам за Маркоса прво, па потоа ќе зборуваме и за други работи", ми вели доајенот на македонското новинарство. Се согласувам. Го пуштам диктафонот со загриженост дали е добро наместен и дали ќе го сними секој збор.
"Со генерал Маркос Вафијадис се сретнав во Скопје, во 1978 година. За да ти ја раскажам приказната, мора да ти кажам кој беше Маркос. Тој беше командант на Грчката демократска армија во Граѓанската војна од 1946-1949 година. Истовремено беше и претседател на привремената влада на Грција, која беше во планините. Тој беше дојден тука за да присуствува на шестмесечниот помен од смртта на Паскал Митревски. Паскал, кој беше познат адвокат од Солун, беше министер за правда во владата на Маркос. И затоа Маркос дојде дури од Русија за да се поклони на гробот на својот министер", раскажува долгогодишниот дописник на белградска "Политика" од Скопје. И навистина, разговорот изгледа како раскажување приказна. Така звучат и настаните и работите за кои зборува Поповски. "Тогаш јас водев неколкудневни разговори со Маркос. Разговаравме за многу работи. Но најважно е тоа што генерал Маркос, како голема политичка личност во Грција, можеби, по стотина-двесте години, е единствениот кој тврди, и тоа е снимено на магнетофон, дека во Грција има Македонци, дека 45 отсто од борците на ДАГ биле Македонци, кои храбро се бореле на Грамос, на Вичо и на другите фронтови", вели Поповски. Додека тој ја конципира следната мисла, јас си помислувам: "Уф, кој знае колку лента на тој магнетофон била потрошена за разговори кои траеле три дена".
"На крајот Маркос ми рече: 'Ако некој ме праша како командант на дивизија (тој бил командант на партизанска дивизија за време на фашистичката окупација на Грција) кому да се подигне споменик, јас би и` подигнал споменик на жената од Егејска Македонија'", гордо кажува Поповски.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=C96BEAD38E78EE46888FE30497035DEF