Евтина книжара во градот

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.551
Поени од реакции
931
Епа дечки почнав факултет, и имаме еден предмет Дигитален Дизајн.

Книгата за тој предмет е на Англиски, и е едно 600 страни. Мене не ми е проблем и од истата таа книга да учам, а и самиот професор ни ја прикачи па си имаме пристап од неа кога сакаме. Но бидејки професорот ни кажа дека истата таа книга тој ја имал и на Македонски, ќе ни биде полесно од истата книга на Македонски да учиме, па заради тоа кажа кој сакал можел да дојде до факултет, да ја земеме книгата и да ја ископираме, а истата таа книга ја немало онлајн па морало да се ископира.

Прашувам, да ми кажете бидејки 600 страни се во прашање.
Ако кошта 2 денари лист, ќе му дојде околу 1200 денари, а мене толку за книга копирање не ми се дава. Па така да, пишете ако знаете каде има книжара во градов каде што ќе може да се ископира страна испод 1 денар, за да ни искочи поевтино.
Се договоривме еден од колегите да отиде да ископира, па ние ќе му платиме.

Edit: Кажаа некаде кај олимписки имало за 1 денар, или испод копирале.
Пишете ако знаете други книжари.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797

Мислиш фотокопирници, не книжари.
Види во Мавровка, таму мислам дека е 0,6 или 0,75 двострано.
И нека ти е со многу среќа и успех на факултет!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.604

Да, Зоки мислам дека се вика фотокопирот, во Мавровка. Поевтин нема да најде никаде. Имаше на времето уште еден, карши Мавровка, одма зад комплексот, во една куќарка ко баракичка, ама тоа пред 10 години, дали постои уште, не знам. Таму беше 0,5 денари лист. Во Мавровка е 0,6 или 0,75, не ме држете за збор.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
А со оглед дека е издадена на македонски, колку чини да се купи книгата?
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.551
Поени од реакции
931
А со оглед дека е издадена на македонски, колку чини да се купи книгата?
Таа книга не е издадена на Македонски, туку е на Англиски, оти (барем јас како што прочитав) е напишана од некои Американци.
Па така да, истата таа книга да се купи ја има овде, преведена мислам ама сигурно кошта скапо, и не вреди кога професорот ни кажа дојдете кога салате, земете и ископирајте.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Таа книга не е издадена на Македонски, туку е на Англиски, оти (барем јас како што прочитав) е напишана од некои Американци.
Па така да, истата таа книга да се купи ја има овде, преведена мислам ама сигурно кошта скапо, и не вреди кога професорот ни кажа дојдете кога салате, земете и ископирајте.
Оригиналната книга е на англиски, а преведена е на македонски. Може да е скапа, но може и да е минимална разликата во цена. Дури не прашаш не можеш да знаеш. Зошто да си вадиш очи од фотокопија ако за ситна пара можеш да ја имаш книгата?

За оваа книга ли се работи?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.672
Поени од реакции
38.854
Да, Зоки мислам дека се вика фотокопирот, во Мавровка. Поевтин нема да најде никаде. Имаше на времето уште еден, карши Мавровка, одма зад комплексот, во една куќарка ко баракичка, ама тоа пред 10 години, дали постои уште, не знам. Таму беше 0,5 денари лист. Во Мавровка е 0,6 или 0,75, не ме држете за збор.
динар два мислам беа тие у мавровка, 0.6, 0.75 мало морген
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.672
Поени од реакции
38.854
Да, Зоки мислам дека се вика фотокопирот, во Мавровка. Поевтин нема да најде никаде. Имаше на времето уште еден, карши Мавровка, одма зад комплексот, во една куќарка ко баракичка, ама тоа пред 10 години, дали постои уште, не знам. Таму беше 0,5 денари лист. Во Мавровка е 0,6 или 0,75, не ме држете за збор.
ти си пишал за зоки не за либро
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.604
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.672
Поени од реакции
38.854
@Ron Burgundy , еве, ако те мрзи да отвориш:
Прегледај го приврзокот 271548
Ова е во Либро, сма и во Зоки беше толку.
Автоматски споено мислење:

Исти се цените.
либро не е зоки, у зоки е поскупо, ја имам земано таму скрипти, по денар земаат па и више ако принташ од усб
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.793
Поени од реакции
33.604
либро не е зоки, у зоки е поскупо, ја имам земано таму скрипти, по денар земаат па и више ако принташ од усб
Не знам зошто воопшто се замарам, ама еве, специјално за тебе, им пишав, па ќе видиме што ќе одговорат. Јас не скрипти, цели романи имам принтано таму, само затоа што беше поевтино.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.672
Поени од реакции
38.854
Не знам зошто воопшто се замарам, ама еве, специјално за тебе, им пишав, па ќе видиме што ќе одговорат. Јас не скрипти, цели романи имам принтано таму, само затоа што беше поевтино.
пиши па пастирај скрин од чатот, иначе не ти верувам
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.551
Поени од реакции
931
Оригиналната книга е на англиски, а преведена е на македонски. Може да е скапа, но може и да е минимална разликата во цена. Дури не прашаш не можеш да знаеш. Зошто да си вадиш очи од фотокопија ако за ситна пара можеш да ја имаш книгата?

За оваа книга ли се работи?
Од тие автори е, па изгледа.

Screenshot_20201023-191724_Drive.jpg Screenshot_20201023-191747_Drive.jpg

Вака е таа што мене ми ја имаат пратено. Оваа е на Англиски.

Инаку фала ви на сите што ми пративте.
Ни пиша една од колешките дека ја нашла книгата преведена на Македонски во некоја библиотека во Велес, па ако е таа книга евентуално како што ќе одиме дел по - дел, ќе ја скенираат и ќе ја праќаат, но ако треба еве сега знам кои фотокопирници се најевтини во градот, па ако треба ќе се договориме еден од нас ќе тркне и ќе испринта за сите.

Фала ви уште еднаш на сите :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom