Европско првенство 2010 (Австрија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.340
Поени од реакции
2.232




Завршија квалификациите за пласман на Европското Првенство кое идната година ќе се одржи во Австрија. На последниот ден свој пласман на Првенството обезбедија селекциите на Словенија која што ја совлада Белорусија, и Унгарија која што во потполност ја надигра репрезентацијата на Словачка. Последното коло исто така донесе и неколку интересни натпревари кои што немаа никакво значење врз конечниот резултат.

Резултати од последното коло:
Група: 1 Турција - Шведска 18:26, Полска - Романија 34:22
Табела: Шведска 14, Полска 11, Црна Гора 8, Романија 7, Турција 0 бодови

Група: 2 Италија - Србија 31:34, Фарски Острови – БиХ 21:27, Русија - Швајцарија 35-29
Табела: Русија 18, Србија 15, БиХ 13, Швајцарија 9, Италија 5, Ф.Острови 0

Група: 3 Естонија - Исланд 25:25, Македонија - Норвешка 30:29
Табела: Исланд 13, Норвешка 12, Македонија 9, Естонија 6, Белгија 0

Група: 4 Грција - Хрватска 24:29, Словачка - Унгарија 19:30
Табела: Хрватска 14, Унгарија 12, Словачка 8, Грција 6, Финска 0

Група: 5 Израел - Германија 21:40, Белорусија - Словенија 32:36
Табела: Германија 16, Словенија 12, Белорусија 8, Израел 4, Бугарија 0

Група: 6 Португалија - Чешка 31:28, Латвија - Франција 27:24
Табела: Франција 12, Чешка 12, Португалија 10, Латвија 6, Луксембург 0

Група: 7 Литванија - Украина 30:25, Шпанија - Холандија 32:29
Табела: Шпанија 14, Украина 10, Холандија 8, Литванија 8, Кипар 0
Репрезентации кои ќе одат на Европското Првенство: Шведска, Полска, Русија, Србија, Исланд, Норвешка, Хрватска, Унгарија, Германија, Словенија, Франција, Чешка, Шпанија, Украина покрај овие репрезентации на Европскиот шампионат ќе учествуваат и Данска која е Европски првак од последното Европско Првенство во Норвешка, и Австрија која е домаќин на Првенството.


Европското Првенство во Австрија ќе се одржи на почетокот на идната година,а домаќини ќе бидат пет Австријски градови: Виена, Линц, Грац, Нојштајт и Инсбрук.




Се одржи и ждрепката еве ги и групите:
GROUP A
1. Хрватска
2. Русија
3. Норвешка
4. Украина

GROUP B
1. Австрија
2. Данска
3. Исланд
4. Србија

GROUP C
1. Германија
2. Шведска
3. Полска
4. Словенија

GROUP D
1. Франција
2. Шпанија
3. Унгарија
4. Чешка



Добри се групите некако по интересна е групата Б кај што ке се сретнат Данска,Исланд,Србија и Австрија. Интересно ке биде и низ другите групи. Па ке видиме како ке биде работава.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.340
Поени од реакции
2.232
Што стана со форумов незнам!? Али сега пак дојде, така да избришени ни се дискусиите овде, веројатно продолжуваме.

Хрватска - Исланд многу исклучувања груб натпревар ама интересен, посебно на крајот. Алилович само 8 интервенции, на тој не му тргна и Хрватска беше нон-стоп во невоља од 3 разлика. Но сепак на крајо ја достигнаа, и завршија нерешено. 26-26.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Да избришани се за жал дискусиите односно мислењата после 16 Јануари но тоа е тоа.
За враќање во реалноста еве ја официјалната страна http://www.euro2010.at/en/
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Сега темава изгледа како денес да почнува Европското:).

Хрватите повторно се извлекоа. Иако навивам за нив тешко дека ќе успеат да го освојат Европското. Пласманот во полуфинале би требало да го обезбедат бидејќи играат против Австрија наредното коло, но сепак факт е дека играат многу тешко. Ја нема онаа пробивност во нивните напади што беше карактеристика за оваа генерација. На секој натпревар до сега се мачеа. Дувњак не е на ниво, Лацковиќ очигледно не е опоравен од повредата. Дури сега се гледа колку значеше Метличиќ.
Сепак ова првенство е веројатно најизедначено од сите претходни. Полска некако е најубедлива, но секако и Франција не е за потценување. Потоа следи Исланд кој пријатно ме изненади со победата против Данска и денешното реми. Секако тука се и Данците кои се максимално незгодни и не треба да се отпишуваат.
Како најголемо разочарување би ги издвоил Германците. Иако беа подмладени сепак фактот дека немаат шанса за полуфинале уште по првото коло од втората фаза секако е разочарувачки за нив. Исто така и Србија разочара судејќи според резултатите од подготвителниот период.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Пољаците ѕверови се жими најмило...мелено ги напраја Шпанија. Добро им оди и на Хрватите, очекувам да стигнат до полуфинале. :wink:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Пољаците ѕверови се жими најмило...мелено ги напраја Шпанија. Добро им оди и на Хрватите, очекувам да стигнат до полуфинале. :wink:
Да :)
Пољациве се ѕверови јас и во минатите коментари кои недостастуваат кажав дека ќе одат најмалку до полуфинале а очекувам и да влезат во финале. Во вторава фаза нешто слично како лани во Хрватска играат феноменално.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Пошто Исланд ги тепа Данциве очуквам тие и Хрватска да одат во полуфинале од гр 1,но Данциве ги турија на Русиве па може се да очекуваме.Од гр 2 засега Полска е најсугурна а за второто место Шпанија и Франција.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Од една страна криво ми е за Русија што ги губи шансите и борба за 5-то место од друга добро што Данска ги зема бодовите бидејќи ќе и се доближи на Хрватска која би рекол срамно и со Русија и со Украина се вадеше во последна минута и се надевам дека веќе утре ќе осетат пораз од Данска со што Данска би била прва.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.340
Поени од реакции
2.232
Момци не ги заборавајте Норвешка!!!!

Инаку денеска, очекувано Норвешка го победи домаќинот Австрија иаку имаа голема предност Австријанците од судиите нели како ''домаќини'' па сепак успеа Норвешка да се спречи со ова.
Ке биде интересно во оваа група, Исланд,Хрватска,Данска,Норвешка не се знае кој ке ја помине оваа фаза, се е потешко и потешко.
За во другата група Франција и Полска некако ми изгледаат најубедливи.

Ако не ги смешив групите. :)
Така ке му дојде?
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.829
Поени од реакции
6.371
Хрват сум,навивам за Хрватска али како играат дефинитивно не заслужуваат полуфинале.Веќе не ни сакам да ги гледам,живци губам ради нив само.:tapp:
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.340
Поени од реакции
2.232
Франција и Исланд си тепаа очекувано ги совладаа нивните противници. Омејер 18 одбрани, дефинитивно најдобар на мечот.

Инаку еве сега почнува Австрија - Хрватска, навивам на Австрија. :) :baeh:
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.862
Поени од реакции
6.896
Франција и Исланд си тепаа очекувано ги совладаа нивните противници. Омејер 18 одбрани, дефинитивно најдобар на мечот.

Инаку еве сега почнува Австрија - Хрватска, навивам на Австрија. :) :baeh:
Prenos?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Јас гледам на ХРТ2 и навивам за Австрија Хрвативе не можам да ги смислам кога ќе ми текне како се вадеа по еден гол разлика на минатите мечеви посебно на последниот со Исланд.
Инаку очекувам победа и на Полска и со тоа да си осигура прво место во група и сигурно полуфинале.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Јас гледам на ХРТ2 и навивам за Австрија Хрвативе не можам да ги смислам кога ќе ми текне како се вадеа по еден гол разлика на минатите мечеви посебно на последниот со Исланд.
Инаку очекувам победа и на Полска и со тоа да си осигура прво место во група и сигурно полуфинале.
И ја се нервирам сеа цело време, навивам за Аустријанциве ама ништо. Сега и оној исланѓанецот го имитира на Мурињо и ја заеба екипата.:(
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.340
Поени од реакции
2.232
На ХРТ2 нон-стоп ја дават Хрватска.

Инаку со право се нервираше тренерот стварно, претераа судиите, на контрата, немаше фаул, не требаше исклучување на еден од играчите. Незнам незнам разочаран сум, 3 разлика не е ништо, ако е таа Хрватска јака ке победи со 5 или 6 разлика, да ги свали домаќините.

Е, вака се нервирам само се влечат да не беа овие 2 исклучувања немаше да победат али тоа е. Сепак ја фатиф на спортска 1 со хендикеп.:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom