Европска Струмица - Глобал?

Член од
20 декември 2005
Мислења
503
Поени од реакции
6
Магазин
Објавено на: 13.03.2009 09:20:00
Извор: Број 181
Ревизија: 4


Заев рекетира граѓани!



Криминалот го аболицираа, моќта остана. Ванчо Трендов долго време бил немоќен против градоначалникот Зоран Заев


Дали по аболицирањето на криминалот во Глобал ќе биде можна егзалтација на крилата на славата

[SIZE=+0]Тој сведочеше против проектот за реконструкција, надградба и доградба на градското пазариште, каде Заев ја изгради дивоградбата Глобал, затоа што општината бесправно му узурпирала имот што е во процес на денационализација во негова полза. Како освета и притисок, ЈП Комуналец, по налог на Заев, ја сопре водата во неговиот дом

Текст и фотографии: Екипа на Форум

Семејството Трендови од Струмица, таткото Ванчо, мајката Душка, ќерката Марија и синот Ване, лани во јули, па сè до крајот на јануари, во домот немаа вода! Полнеа во пластични шишиња од соседите, но тоа не остана без последици. Малиот Ване сега често се жали на грчеви во стомакот и проливи, а сестрата и родителите од хроничната неизбањатост имаат проблеми на кожата.
Причината за ваквата состојба е одлуката на струмичкото Јавно претпријатие Комуналец да ја исклучи водата во куќата на Трендови поради неплатен долг од близу 30.000 денари.
“Побарав да потпишам спогодба за плаќање на долгот на рати, но не ми беше дозволено како на сите други граѓани-должници за неплатена вода. Судскиот процес против ЈП Комуналец го добивме дури по половина година, но сега мора да платиме такса за приклучок како да сме нови корисници?!”, објаснува Ванчо Трендов.

БУЧКОВСКИ КОНТРА ЗАЕВ

На критичниот 29 јули Трендов се појавил пред истражниот судија на Основниот суд Скопје 1, во својство на сведок по кривичната пријава покрената против градоначалникот на Струмица, Зоран Заев. По тоа сведочење почнале, а и денес траат маките на ова семејство. Родителите не работат. На ќерката Марија ì била откажана тезгата што била во сопственост на ЈП Комуналец, а на која таа продавала текстил.
Како сведочел Ване, што Заев посакал толку многу да му го загорчи животот?
На сведочењето Ванчо Трендов настапил со тврдење дека одлуката на Општината Струмица, потпишана од градоначалникот Заев за експропријација “...земјиште што е прогласено за јавен интерес, се експроприра, не може да биде предмет на денационализација...” е незаконска. Општината му доставила вакво официјално известување во декември 2006 г., потпишано од Стојан Динев, раководителот на Секторот за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина. Во јануари истата година, значи единаесет месеци пред тоа, Владата на РМ, по повод претставката на Трендов, упатила до него писмен одговор во кој нагласила дека “... нема извршно доделување или отуѓување на градежно земјиште на општина Струмица за локалитет Градски пазар - Струмица”. Во јануари 2006 г. премиер беше Владо Бучковски, партиски другар на Заев.
Во нерамноправната борба со градоначалникот Заев, семејството Трендови однапред е осудено на пораз. Без вода, без приходи, постојано фрлање јајца на фасадата на нивната куќа, без помош од никаде, досега сериозно размислуваат куќата да ја продадат и да заминат надвор од Македонија. Бугарија е најблизу и таму, како што велат, барем ќе бидат граѓани на Европа!
Непремостливите проблеми почнале затоа што тие инсистираат на стриктна примена на чл. 64 од Законот за денационализација со кој е изрично кажано дека “не е дозволено располагање со имот што е предмет на денационализација”.
Ванчо Трендов инсистира да му биде вратен имотот - градежно неизградено земјиште со површина од 1.066 м¬2, наследство од неговиот дедо Љамо. Земјиштето било национализирано со решение за национализација бр. 04-7131/1 во ноември 1959 г. од Народниот одбор на Струмица . На тоа земјиште порано се наоѓал склад за градежни материјали на ООЗТ Треска Мебел, а по нејзината ликвидација тоа земјиште било празно.
Неговата несреќа е што токму тоа земјиште се нашло во границите на проектот за реконструкција, доградба и надградба на градското пазариште во Струмица и било со право на користење на ЈП Комуналец.

СИТЕ ОДЛУКИ ВО ЕДЕН ДЕН

Оваа приказна е една од многуте последици што ги предизвика изградбата на трговскиот центар Глобал во центарот на Струмица кој летово беше топ-тема во јавноста со притворот на струмичкиот градоначалник и неговата екипа со обвинение за злоупотреба на службената положба. Иако одлуката на претседателот Бранко Црвенковски за аболиција на Заев е конечна и извршна, тоа не значи дека јавноста не треба да се потсети на фактите за овој настан. Прво, надлежен орган не може и не смее да донесе одлука за реконструкција, доградба и надградба на објект што не е од траен, туку е од привремен карактер. Во ниту една земја на светот тезгите на пазариштата не се објекти од траен, туку таа лимарија е од чисто времен карактер.
Второ, индикативно е тоа што сите акти за спроведување на замислениот проект, општината ги донела во еден ден! Во почетокот на февруари 2006 г. Заев донел Одлука за реконструкција и надградба на градското пазариште во Струмица, по што до Бирото за јавни набавки бил доставен план за јавни набавки на општината, а бил дополнет и Планот за јавни набавки во кои не била наведена планираната набавка за реконструкција на градското пазариште.
Отворениот повик за наоѓање соинвеститорство, Заев не го објавил како меѓународен тендер, иако Законот на тоа јасно го обврзува, бидејќи набавката го надминува лимитот од 400 илјади евра.
Тоа овозможило договорената шема да се реализира без проблем, по што била донесена одлука соинвеститор на Општината за реализација на проектот Глобал да биде фирмата Де-лукс инженеринг. Таа како гаранција го заложила целокупниот имот (на кој требало да се гради), а кој по Договорот за заедничка градба ќе биде нејзина сопственост затоа што инвестицијата на оваа фирма за изградба на трговскиот центар изнесувала 5 милиони евра.
По укажувањата на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот управен инспекторат, општинската инспекторка за урбанизам со иницијали И.Т. изготвила нов записник во кој навела дека Општината нема доказ за право да биде градител, бидејќи во имотниот лист за градското пазариште како корисник е впишано ЈП Комуналец, а сопственик е Република Македонија, иако претходно во два наврата изготвила записници дека објектот се гради легално.
Сопственикот на Де-лукс инженеринг склучил 92 преддоговори што се однесуваат за дел од деловниот објект за купопродажба на недвижен имот во трговскиот центар Глобал, во својство на продавач и сопственик на деловен простор во градба со физички и правни лица како купувачи кои уплатиле вкупно 12,1 милиони евра. Според книговодствената евиденција, Де лукс инженеринг потрошил 4,3 милиони евра за изградба на Глобал. Позитивната разлика е нешто помалку од 8 милиони евра, за која и беше обвинението за незаконска заработувачка.
По ова Црвенковски ја искористи својата уставна положба и му даде помилување на Заев. Цената која ја плати е да биде времен лидер на СДСМ сè до враќањето на “шефот”. Она што е пострашно, што Заев цената да “грее столче” во партијата која не може да се консолидира и по три години губење на власта, ја сфаќа како дополнителна моќ: Заев и неговиот Глобал повторно ќе го бараат гласот од струмичани.

Моралните дилеми на Б.Ц.
“Одлуката за аболиција на Зоран Заев и неговите соработници е една од најтешките во мојот претседателски мандат. Иако е уставноправна и легитимна, таа кај мене предизвика крупни морални дилеми”, изјави Црвенковски на 14 август, при своето прво појавување во јавноста по враќањето на СДСМ во Парламентот после бојкотот.
Остана доследен на неговиот стил да остане недоречен: граѓаните сè уште чекаат да објасни кои биле неговите крупните морални дилеми!?




znaci ovoj zlostornik mora da se kazni, ne samo da go kaznat glasacite, tuku posle toa odma treba da se zatvori, zatoa sto ovoj e monstrum ne e covek
[/SIZE]
 
V

Viktoranius

Гостин
[SIZE=+0]
Во нерамноправната борба со градоначалникот Заев, семејството Трендови однапред е осудено на пораз. Без вода, без приходи, постојано фрлање јајца на фасадата на нивната куќа, без помош од никаде, досега сериозно размислуваат куќата да ја продадат и да заминат надвор од Македонија.
[/SIZE]
Не ми се верува што читам. Ако е ова точно ЗАЕВ Е ЗА СМРТНА КАЗНА!
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Што се нема да измислат бе,жално е.
Објавено на: 13.03.2009 09:20:00 Зошто мораше господинот да молчи до сега?Имаме 2 струмички телевизии,5 весници,го имате Сител,кој одма ќе го објави тоа,а на него му текна на 13.03.2009 да го кажува тоа.
Џабе ви е се,ама баш се !
 
Член од
15 март 2008
Мислења
35
Поени од реакции
0
a we luge tii luge so se veli ziveeme vo ista mala prvin videjte kako se odnesuvat potoa branejte gi tie se izmisluvat
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Море Глобал веднаш да се урне и да му се врати местото на внукот од Љамо.:toe:
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
120
Поени од реакции
93
чекај сеа
1. Дека СУДСТВОТО е бавно и долг е процесот, уствари краток е ама не им се работи ( и мене ми судат 2 години за тепачка, и уште трае процесот)
2. тоа суди кога ќе се прекршат закони кои моментално ВМРО ги носи

и 3то, шо не сфаќаш дека си глуп е тоа де СО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ КОИ ВМРО ГИ НОСИ, ЧОВЕК СТАНУВА МОНСТРУМ???:toe::toe::toe:

what did i miss???
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Sepak treba da se ima milost sprema zlostornikot, nema smrtna kazna, ali dozivotna robija.
Ајде покрај Бранко уште еден голем комплекс на дпБне наречен Зоран Заев,аирлија,нека се множат таквите комплекси на преродбениците.

izvini be brat ista partija sme, nemoj taka!!!!
И ти да не си Канада избеган ко овај НАЦИОНАЛИСТОВ?:pos2:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
ШТО не кажат наводно обесправените семејства од Струмица дена 2 ДВАПАТИ земаа ПАРИ ЗА ТОА ЗЕМЈИШТЕ...(скааат и трипати е НЕМА)

ДОКУМЕТИ ЗА ИСПЛАТА ЗАЕВ ЈАВНО ГИ ПРЕЗЕНТИРАШЕ НА ТВ КАНАЛ-ВИС
и најважно СЕМЕЈСТВАТА СУДСКИОТ СПОРО ГО ИМААТ ИЗГУБЕНО И ПРЕД АПЕЛАЦИЈА

а ке заборавев документите за исплата се со сериски броеви јавно прочитани од НАРОДНА БАНКА ,,,
 

Kajgana Shop

На врв Bottom