Европратеник брка македонски новинари од дебата

Статус
Затворена за нови мислења.

Ted Dettman4e

Real Optimist
Член од
25 јуни 2007
Мислења
1.697
Поени од реакции
56
Алфа и Телма се културни телевизии.Можда ќе навредам некого ,ама А1 (и Сител) имаа(т) глупа публика.Вести и шпанско - индиско - турски серии.Ни филм ,ни ништо.
Нормално дека ќе ги изманипулираш луѓето кога за пауза меѓу две серии даваш вести.
И не си во право дека за неставањето во ист кош.И Алфа и Телма се критички настроени кон власта и добро е да имаме такви медиуми.А1 за разлика од нив ,беше креатор на паника.
А1 беше премногу гласен во нападите кон власта и тоа му сметаше на некого и се случи тоа што се случи.
--- надополнето: Sep 21, 2011 12:23 AM ---
Остави ги, ништо не разбираат. А1 беше врв на телевизиска професионалност и квалитет. Посебно вестите. Еден прилог за страдањето на циганите во Шутка, едно објективно јавување на Тања од Брисел, потоа интервју со еден од тројцата редовни гости во вестите, стручњаци по апсолутно се под капата небеска. Најчевска, Ѓунер и онаа третата, најгрдата на цел свет...

Објективност, колку сакаш. Потоа следеше длабокоумниот Македонски Идол, и врвот на телевизиската култура, Кога лисјата паѓаат...

Милина една, ми недостига милозвучниот глас на Борјан, неговото суптилно потфаќање и плукање во камерата, кое му даваше одреден шмек на вестите. Исто ми недостига суптилноста на Билето, која мака мачеше да разликува провокативно новинарство од елементарен простотилак...
Не би се согласил со тебе Би било убаво малку да прочешлаш низ историјата и низ нет, па да видиш која и што е била А1 и колку новинарите на А1 се наградувани. Латас кај Миленко, Миленко кај Латас. Јанко кај Миленко, Миленко кај Јанко, милина. Власта само си оди на дебати и дискусии низ нејзините медиуми, а бе да ти биде мерак да ги слушаш говорниците во емисиите,фалење и летање во облаци до бесвест. Викање на експери, полтрони на власта,стручњаци. Латас и Ива, нивнито суптилно сваќање и плукање во камерата, мака мачење од разликување за тоа што е новинарство, а што е општо гласило на власта. Коинциденција, зарем не ?!??!?! Е ова е проблемот, што не ги согледуваме работите од две страни. Едноумието е опасна работа.
--- надополнето: Sep 21, 2011 12:26 AM ---
Чудно како некој си дозволил толку скапа опрема ,светлосни години пред своите конкуренти.

Сите новинари на Алфа ,Канал 5 и Телма се поголем број излезени од МТВ (на Телма најмногу ,Љубица Јаневска и Борислав Тноковски на Канал 5 ,една црна јака женска на Алфа итн.итн.) и мал дел од А1.
А зошто еден Љубомир Николовски замина во Алфа и Татјана во Канал 5,а не како другите од А1?Е нив ги сфаќам за озбилни и професионални новинари.Им пропадна фирмата си најдоа друга работа ,многу едноставно.Зошто тие не се учесници на дискусијата во Брисел ,туку некој редовни жалопојки и плукачи на се и добро и лошо од истата пропадната ТВ?
Затоа што власта ги затвори местата за сите новинари кои доаѓаат од А1 телевизија, без разлика на нивниот квалитет, реноме и кредибилитет. Биди реален и кажи ми дали е во ред тоа, квалитетот на луѓето да се дели според партиската боја !??!? Што се однесува до Николовски, тоа нема врска со настаната ситуација, а Татјана не е новинар, туку е презентер на вести :D Инаку забегавме ептен од темата, да се вратиме таму каде што треба !!
 

Ted Dettman4e

Real Optimist
Член од
25 јуни 2007
Мислења
1.697
Поени од реакции
56
A neli osekate deka vie od sto se praite tolku pametni deka samo penzionerite vi ostanaa glasacko telo i deka poleka no sigurno ke stanete kako Dzingo partija i samo vo Strumica ke si pobeduvate :)
Без политички провокации, да се вратиме на темата и да дебатираме, оти како што е тргнала работата во скоро време ќе има клуч од админите.:confused:
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Не би се согласил со тебе Би било убаво малку да прочешлаш низ историјата и низ нет, па да видиш која и што е била А1...
А ти малце да се информираш... ? Би било убаво, за тебе, ако сакаш.
 

Ted Dettman4e

Real Optimist
Член од
25 јуни 2007
Мислења
1.697
Поени од реакции
56
Е па не шири дезинформации, и не продавај ефтини приказни.
Енд.
Си кажувам како што е, тебе ти се допаднало или не, затоа сме луѓе, сите сме различни. А доколку имаш аргументи, некаков став, поврзани со темата, повели, дебатирај, ќе размениме мислења. Ди ЕНД.:)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.347
Поени од реакции
47.053
Реално, треба и те како да се критикува македонското новинарство бидејќи тоа што го направија по убиството на Мартин Нешковски беше дефинитивно дното, едноставно не смее да се дозволи на таков начин да функционираат медиумите во Македонија ( и во било која друга земја на планетава ), учествуваа во заташкувањето на убиството и работеа во корист на одредена политичка гарнитура бидејќи нели, криминалното работење на МВР по убиството беше на штета на истата ... 21 век my ass.

Па се манипулираше и со протестите и со оние кои протестираа, се дискредитираа одредени личности за што и попија тужби, се резилеа со известувањата за контра-протестите и станаа хит на јутуб, така да единствената добра работа од тоа што се случувало во Брисел е што убиството на Мартин беше тема на разговор, односно начинот на кој известуваа провладините медиуми во врска со тоа убиство, кога ја злоупотребуваа и болеста на таткото на Мартин само за да си го истераат своето.



А за ова останатово што се случувало, ми чуе, карикатури, и едните и другите, Секуловска за мене е пола човек пола ништо, што би рекол вечниот ривал на Амди, после напишаното за навивачките песни ( а и од претходно ми беше тежок антипатикус ).
Штета што во ваква расправа се дискутираше за Нешковски, па како што гледате тоа у 10ти план е у моментов, ко да не се десило.

п.с. Некој тука пишал, Миленко бил поим за новинарството у Мкд, браво, иако намерата ти беше друга, ова е точно, таа гнаса од човек, докажан криминалец кој на сметката на други се богател преку неговите манипулации, на вистински начин го отсликува новинарството во Република Македонија.

2010 -2011 мислам дека е еден од најлошите периоди за македонското новинарство, и не, не алудирам на тоа што А1 се затвори ( криминалното работење на Велија беше јавна тајна, иако и селективната битка против криминалот ... е криминал ).
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
Таман што сакав да отворам ваква тема за го*нава предавнички што соптвена мајка би продале а камоли држава ... Дали го видовте Борјан плачкото и онаа Лезбејкана внука му Тања Милевска како им го дудлаат на европратенициве (во случајов германецов со ГРЧКО ПОТЕКЛО) !!! Е тоа е народе ПРЕДАВНИЧКИ ЃУБРИЊА !!! Ја кодошат сопствената земја и народ надвор за да не одиме напред ... Што да се каже после ова е сувишно ...
Погрешен збор " Ја кодошат ". Тој би бил точен, ако е вистина тоа што го зборат, ама не е за сите да разберат. Овие ИЗМИСЛУВААТ.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Сакате на кратко мислење од неколку гледишта?

Едните - Па не биле поканети, што бараат. Срамота се за Македонија!

Вторите - Леле кодошиве овие, ја продадоа земјата, зашто не ги пуштиле да влезат!!!

Третите - Требало повеќе страни со различни гледишта да има, нели дебата е?

Четврти - Сите се срамота. И тие што биле внатре и тие што останале надвор. Сите вакви треба да се избркаат од земјава. Не и прават добро на никој начин на Македонија.

Јас нема да ви кажам кое гледиште го имам.

П.С. Гледам доста бришење ќе има на темава. Ако не сакате да бидете избришани, комуницирајте како што треба. Страсти вакви не сум видел ни у шпанска серија од тетките коа прогледува главната актерка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom