На повеќето од вас што барате во ЕУ изгледа не ви е јасно во што ќе прерасне ЕУ, значи тоа ќе стане еден центар на моќ, каде ќе немаш право на избор и демократија и ќе ја немаш таа слобода како што ја имаш сега, едноставно тоа е новиот Сталинизам, само што ќе има повеќе Сталини сега. Кризата со еврото е за да може да се протуркаат работи како што е некоја комисија сама себе се бира без некој да ја надгледува одредува како колку ќе ти биде цената на лебот во твојата најблиска продавница, а не ни чул каде се наоѓа твојот град. Нели ги слушате како со месеци повторуваат дека треба да има централизирана контрола, дека треба подобра контрола да има т.е сакаат да ви кажат ние ќе поставиме наши луѓе што ќе ви наредуваат што како да биде без вие да имате право да се мешате бидејќи тоа се експерти и знаат што е најдобро за нас. Верувајте и во ЕУ и тоа во најдобрите држави се живее просечно исто како кај нас, тоа што имаат сите коли и куќи нека не ве лажат очите тоа се на кредити и ќе го исплаќаат дури се живи, арно ама ќе им наместат една ваква криза на 20 години и ќе останат и без тоа, кај нас може нема такви флексибилни кредити, арно ама банкарскиот систем тешко да крахира, освен ако не се случи некоја апокалипса надвор, ама и тогаш нема да биде многу лошо.
И стварно незнам што е толку подобро надвор од Балканот, што ние го немаме а ти го имаат, можам да ви кажам дека умираат за да јадат овошје и зеленчук каков што е нашиот со мирис и вкус, а нивниот не се ни јади плус е 200 пати поскап од нашиот.
Ајде ако знаете што е подобро наведете, дека имаат поголеми плати, да имаат ама немаат цени како македонските т.е со нивната плата таму се живее просечно слично како кај нас, једино што е што се почитуваат законите, ама тоа е културолошка работа, бидејќи законите не се почитуваат насекаде во Јужна Европа додека во Северна законот важи за скоро сите, освен за тие што имаат екстра многу пари.
Мислите ако сте лопатари тука во Македонија, во Германија со отворени раце ќе ве пречекаат и одма директори ќе ве ставаат???