Евровизија 2012

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Сега треба да внимаваме какви коментари пишуваме на јутјуб и на интернет страниците,зашо секој навредлив збор може да го прочитаат многу српски хрватски босански итн. фанови на јутјуб и да не гласаат за Калиопи...а секако,тоа не ни иде во прилог.Инаку Калиопи и те како го засени Жељко,ама најдобро е такви изјави да си останат тука,оти србите се големи патриоти и националисти,па намерно може да не гласаат за Калиопи како и цел балкан...
 
Член од
20 февруари 2009
Мислења
103
Поени од реакции
73
Ако иде со капчево Азербаџан ни дава 12ка...:vozbud:
 

Peterson15

A TryHard
Член од
20 мај 2012
Мислења
169
Поени од реакции
188
Веројатно не го делам мислењево со многумина овде. И не е дека сакам да го ругам нашето, но....
Песната на Жељко е далеку позаслужна како композиција да се пласира повисоко од нас. Не негирам, Калиопи го засени Жељко со гласот. Калиопи Е причината поради којашто гласовите во Балканот ќе бидат растргнати на две страни.

Но, уште кога ја чув за прв пат песната на Калиопи, си реков: нешто овде фали. Калиопи има прекрасен глас, прогресот на акордите во песната е добар. Текстот да го занемариме (иако се разочарав во Калиопи, кога би го споредиле со нејзините постари класики), бидејќи ретко кој ја бара длабочината во истиот на евровизија. Но, песната на Калиопи е премногу едноставна за да го обезбеди чувството на патриотизам дека во истата е претставено македонското најдобро, а воедно да осетам наежување во оние моменти на инструментите кога гласот на Калиопи не е присутен. Песната на Калиопи почнува како смирена балада со интро на клавир, и глас којшто воодушевува. Продолжува со моменти на виолини коишто предизвикуваат емоција и оставаат делумен белег на песната. Но, каде понатаму? Дали не сме успеале да го продолжиме и да ги продлабочиме и акцентираме тие емоции, па во средината на песната се префрламе на нешто најгенерично што постои во поп-рок светот. Ќе направам нешто налик моќна балада, којашто после средината на песната, низ 5 такта ќе се претвори во рок песна. Тука и завршува целата приказна, и да не речам го руши целиот моментум на едно добро склопено конзистентна емоција. Се додава ефектот на whistle voice, со гитара соло предвесник (прекрасно погодено) како единствено нешто што би можело да ја засили претставителноста на изведувачот. Но, од средината па натаму, настрана од рикот, песната не е ништо ново и нечуено. Во првата половина пак, песната има моменти на емоција, но не и целост. (нема претставителна мелодија, има краткотрајни интервали на неколку отсвирени ноти поедноставно кажано)

Од друга страна песната на засенетиот од гласот на Калиопи, Жељко, почнува со многу помоќно и по rounded интро коешто единствена мана е што заликува на скоро-слушнато интро на Coldplay - Paradise. Се става многу поголем акцент на рефренот којшто прави build up на самата песна од првичните строфи/стихови. Откако завршува со рефренот, уште еден upgrade со прекрасна мелодија (значи мелодија, а не само момент на три ноти на инструмент(во наш случај виолина)) од комбинирани инстурменти (виолина, гитара, флејта, пиано) и почеток на делумно dance-like feel којшто ја видоизменува песната до крајот (за да се избегне предвидливост), а избегнува да ја направи нешто сосема различно одошто почнала.(рецепт којшто никогаш не сум го почитувал, бидејќи е слушнат 1001 пат во огромен процент на поп-рок песните)
И резултатите во финалето ќе покажат дека сепак, рецептот на српската песна е многу попогоден од нашиот.

Откако ја испративме Калиопи, Македонциве се поделија: Калиопи е ваква, и онаква на карактер. Ја мрзам. Од друга страна, свесните за нејзините гласовни способности ја величат бескрајно. Но, евровизија е избор на песна како целост, а не на нечии гласовни способности. Затоа и не вредат изминативе компарации низ темава, кајшто преку клиповите на акустичната верзија на еуфорија се радуваме дека Калиопи гласовно може да ја направи партали претставничката на најзаразната песна на евровизија.
Зар имаме толку краткотрајна меморија, па заборавивме кој победи лани? Ставете ги една до друга Калиопи и Лена и трубајте дека не е фер да победи учесничка којашо е апсолутен почетник на таков глас каков што има нашата ни почитувана дива.

Да не излезе дека сум само хејтер, мило ми е што стигнавме до финале и ја почитувам многу Калиопи. А очекувањата? Мислам дека ако бидеме во топ 10, тоа би било предобар пласман. Но тоа е нешто што и највеќе очекувам. Нашата песна не е доволно моќна за повисоко, и не се работи поради политиката на евровизија, туку едноставно поради тоа што има далеку подобри избрани композиции за ваков настан меѓу другите натпреварувачи. Инаку, нешто од Калиопи што мислам дека прекрасно ќе поминеше на Евровизија да идеше со тоа е оваа песна: (знам кои се правилата, туку кажувам да беше песна наменета за Евровизија, и да идеше со неа, тогаш...)
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Ако иде со капчево Азербаџан ни дава 12ка...:vozbud:
Не само тие,гарант и Турција,можда и Албанија,Шпанија мислам дека ќе ни дадат 12(многу се испирирани од Калиопи) како и други муслимански народи...Плус незнаев дека текстот на песната го напишал Албанец :D
 
Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
749
Незнам зошто никој не ја спомна Германија за фаворит.
Мене ми е омилена германската песна. :)

 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Не само тие,гарант и Турција,можда и Албанија,Шпанија мислам дека ќе ни дадат 12(многу се испирирани од Калиопи) како и други муслимански народи...Плус незнаев дека текстот на песната го напишал Албанец :D
Текстот на песната го има напишано самата Калиопи.
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Peterson15
каков dislike би ти опнал да постои,другите земји ја нарекуваат Дива а ти велиш дека не е.Ако не се претстави преку гласот,кажи преку што би можела да се претстави?? Не е само песната и мелодијата,туку и харизмата е како и сценскиот настап а воедно и пријателските односи.Евровизија не е само да излезеш на сцена и да пееш,таму има и пресконференции и све,а може да се каже дека Калиопи ги шармира сите.И Жељко да би имал подобра песна,би имал и повеќе гледаност од Калиопи на јутјуб.Ама ете,Калиопи му бега до +15.000 како што Лореен пак се наоѓа зад двајцата.Прв пат можеме да се гордееме со нешто,а пак се наоѓаат некои итри што тоа можат да го угнетуваат.Срамота...
--- надополнето: 25 мај 2012 во 22:07 ---
Текстот на песната го има напишано самата Калиопи.
Јас па слушнав и видов комента рна Јутјуб дека Ромео го напишал и дека тој бил албанец... :/
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Абе а кога е финалево ?
 

Peterson15

A TryHard
Член од
20 мај 2012
Мислења
169
Поени од реакции
188
Peterson15
каков dislike би ти опнал да постои,другите земји ја нарекуваат Дива а ти велиш дека не е.Ако не се претстави преку гласот,кажи преку што би можела да се претстави?? Не е само песната и мелодијата,туку и харизмата е како и сценскиот настап а воедно и пријателските односи.Евровизија не е само да излезеш на сцена и да пееш,таму има и пресконференции и све,а може да се каже дека Калиопи ги шармира сите.И Жељко да би имал подобра песна,би имал и повеќе гледаност од Калиопи на јутјуб.Ама ете,Калиопи му бега до +15.000 како што Лореен пак се наоѓа зад двајцата.Прв пат можеме да се гордееме со нешто,а пак се наоѓаат некои итри што тоа можат да го угнетуваат.Срамота...
--- надополнето: 25 мај 2012 во 22:07 ---

Јас па слушнав и видов комента рна Јутјуб дека Ромео го напишал и дека тој бил албанец... :/
Кај одреков јас дека Калиопи е Дива?
Побогу, не ми ги извртувај зборовите. Нигде не сум ставил ни наводници за да кажеш нешто такво.
А бездруго, не сакам ни да почнам офтопик тема, бидејќи никогаш не сум сакал да го прифатам зборот "дива" во позитивна конотација, кога општо дава некоја грандиозност на личноста како нешто над сите останати човечки смртни битиа. Ама да не ја делкаме таму.

Друго, негирав јас дека САМО песната е важна за победа? На крај, реков дека во целост Жељко ќе ја засени Калиопи, а во целост значи севкупно. Не го коментирав сценскиот настап, но дали ти тоа велиш дека Србија потфрлија таму? И како одговор на твоето прашање:
"Ако не се претстави преку гласот,кажи преку што би можела да се претстави?"
Може да се претстави со гласот, мелодијата, песната, харизмата, перформансот. Ти ко да викаш: ќе го фураме само гласот, и само тоа ќе ни обезбеди висок пласман.

И дали тоа што јас се гордеам со Калиопи по автоматизам ми го одзема правото да дадам субјективна критика? На крај, искажав дека некои работи во песната ми пречат и песната потфрлува, поради што сметам дека нема да се пласираме толку високо колку што посакуваме. Позитивните страни, сите ги знаеме. А со самото тоа што не вметнав ни збор за нејзиниот глас, укажува на тоа дека сметам дека таму немаше никаков промашај.

П.С. Најмило ми е што не лета во облаци Калиопи. Кога некој самиот ќе се прокламира како победник (или како сигурен топ 3), тоа е најголем turn off
 
Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
749
Што е фовара Со Зелко што на секое интервју се фали дека кје победи дека кје биде Белград 2013!Клетва му фрлам ни 2 место да освои сељак типичен.
И Марија Шерифович се фалеше како него, па се оствари тоа. Можи е смешно, ама се сомневам во нешто.. :unsure:
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Peterson15
Си поправил ајде нема везе.Сепак мислам како македонец и како некоја идеалистична персона,би требало да ја подржуваш како што правиме сите овде а не да останеш рамнодушен.Алоо човече не гледаш ли дека за прв пат во македонската историја сме толкуу блиски до првите 5 места?? кога Македонија била толку блиску?? Калиопи ги шармираше сите,па дури и шпанците кои се толку самоуверени дека нивната диваа била единствена.
Калиопи ќе ја прогласат за најмоќен вокал како што ја прогласија Дана Интернешнл 99 година.
 

Peterson15

A TryHard
Член од
20 мај 2012
Мислења
169
Поени од реакции
188
Peterson15
Си поправил ајде нема везе.Сепак мислам како македонец и како некоја идеалистична персона,би требало да ја подржуваш како што правиме сите овде а не да останеш рамнодушен.Алоо човече не гледаш ли дека за прв пат во македонската историја сме толкуу блиски до првите 5 места?? кога Македонија била толку блиску?? Калиопи ги шармираше сите,па дури и шпанците кои се толку самоуверени дека нивната диваа била единствена.
Калиопи ќе ја прогласат за најмоќен вокал како што ја прогласија Дана Интернешнл 99 година.
Ептен ќе ми биде мило ако ја прогласат за најмоќен вокал: тоа апсолутно го заслужува.

И секако дека ја подржувам Калиопи. Без разлика на се`, ова е нешто најбоље шо сме пуштиле до сега на евровизија. (и за жал, и за среќа) :))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom