Дефинитивно. Најдобрата евровизиска песна за мене. До ден денес ја слушам и не ми е здосадена. Таа година мислам дека не победи само затоа што Евровизијата се одржуваше во Турција па речиси невозможно беше два пати по ред иста земја да победува.
Иначе не го глеам ова од поодамна. Спласна еуфоријата, не е тоа што беше порано. Колку само хитови во минатото испаѓаа од овој настан, се вртеа и низ радија и секаде. Сеа ги преслушав овие песни што се ставени на првата страна, и можам да заклучам дека како поминуваат годините се покатастрофа и покатастрофа песни се испраќаат на Евровизија.
И мене ми е сеуште хит

А за тоа дека таа година не победи, штознам, имаше тогаш поголема конкуренција отколку сега. Тогаш беше Руслана која секако дека имаше одлична песна и хит цело лето. Како и да е, порано беше далеку подобро и сета таа пред евровизиска еуфорија, седиш пред ТВ чекаш да почне, навиваш, се нервираш

А сега нема ништо од тоа, ниту пак памтам некоја песна да останала хит како поранешните. Да речеме ланската што победи пак, колку-толку се слушаше, ама не е тоа тоа... Од 2006та година исто имаше многу добри песни кои се слушаа цело лето, особено ми беше босанската убава тогашната Лејла од Хари Мата Хари, руската од Дима Билан, имаше исто една згодна украинка плавуша...
Еве кои песни ми имаат огромен впечаток оставено од досегашните Евровизии. Овогодинешните не се ни трудам да ги слушам, реално не ми ни интересира многу, ниту пак ќе ја гледам. Само кога ќе дознаам кој победил ќе ја преслушам песната и толку.
Врв секако...
Еве ја згодната
Се сеќавате на момциве?
Одлична песна, мислам дека грците никогаш немале подобра песна од оваа...
Страшно ми беше симпатичен тогаш и песната прекрасна...
И незнам колку се сеќавате на овие
Можеби има уште некоја која сум ја заборавила, но небитно. :wink: