Ne samo EU,tuku i SAD
Da se potcetime pred nekolku dena kakva izjava ni dade Riker
Рикер: Името да се реши до јуни
22.01.2010 16:15
САД инсистираат до јуни да се реши спорот со името. Ова е новата временска рамка која американскиот амбасадор им ја постави на македонските власти.
По средбите во Стејт департментот, Рикер со јасна и недвосмислено барање - затворете го конечно ова прашање, не очекувајте друг да ви го реши.
„Прашањето е за тоа кое име ќе се користи во национални рамки. Веруваме дека проблемот може да се реши без да се влијае на идентитетот и наследството. Во првата половина на 2010 година очекуваме македонските власти да го иследат и да го решат овој проблем што трае веќе 18 години. Сега е најдобар момент“, изјави американскиот амбасадор Филип Рикер.
„Уште еднаш сакам да потенцирам дека постапките на Македонија во првите шест месеци од 2010 година се апсолутно клучни во одредувањето на тоа што ќе се случи со нејзиното општество и што ќе се постигне во текот на новата деценија“, додаде Рикер.
Ниту стратешкото партнерство со САД, на кое македонското лидерство постојано се тешеше дека тоа е замена за невлегувањето во НАТО, Рикер денеска го демантираше. Со останувањето надвор од НАТО си ја ризикувате својата стабилност и безбедност.
Ни малку поблаги во своите прогнози и визии за Македонија не беа ниту евроамбасадорот Фуере ниту шпанскиот дипломат чија земја претседава со ЕУ.
Очигледна беше разочараноста од непостоењето на политички дијалог, неединство, дневно политички сплеткарења и меѓусебни обвинувања.
„Факт е дека беше невозможно Европскиот Совет да влијае на препораката. Можам само искрено да се осврнам на улогата на колегата Филип и да се надевам дека проблемот ќе биде решен за секогаш. На 2010 година треба да гледаме како на предизвик кога прашањето ќе биде конечно решено. Секако, за решавањето потребни ќе бидат визија, водство и храброст“, рече Ерван Фуере, амбасадор на ЕУ во Македонија.
„Ќе ја поттикнуваме оваа европска перспектива и ќе го разгледаме прашањето на отворање на пристапни преговори со Македонија“, вели Марија Анхелес Гарсија де Лара.
Колку државното раководство сериозно ги сфати овие предупредувања од меѓународните партнери не се знае. На темата „Македонија во 2010“ државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања ништо повеќе не кажа од она што веќе сме научени да го слушнеме, а тоа е дека Македонија конструктивно ќе се однесува кон овој преговарачкиот процес
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118975