ЕУ се заканува дека ќе ја признае Палестина како независна држава...

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Прилично.
Израелците веќе долго време не се зависни од САД.
Зависни се само дипломатски, т.е. во накаква си светска поддршка...

Израел не е оној пред четириесеттина години. Денес Израел соработува со голем број земји, а покрај тоа станува држава која ќе биде најмалку зависна од увоз.
Технолошки се многу развиени, а и сета технологија и ресурси што ги имаат ги користат ептен рационално.
Воено, се најсилната држава во радиус од 2000 километри. Никој од околните држави не може да им нанесе штета без да бидат добро исплескани. Дури ни Иран или Турција. Единствен проблем е нуклеарното оружје, ама и за тоа Израелците имаат одговор.

Во последно време дури и развијаа технологија за одбрана од ракетите од Хамас и Хезболах.
Големото вложување во технологијата им се исплати.
Нека направи Ахмадинеџад нуклеарки, па да видиме и на тоа дали се отпорни

Плус малку го претеруваш. Ниту една земја не е независна, дури и тоа да била БОЖЈИОТ израел
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.489
Поени од реакции
5.194
Нека направи Ахмадинеџад нуклеарки, па да видиме и на тоа дали се отпорни
Отпорни се.
Како прво, Ахмадинеџад нема начин како да ги достави нуклеарките до некој Израелски град.
Ракетите ќе бидат соборени во воздух.
Веднаш после тоа Иранските (ако нема мозок и ако лансира Ахмадинеџад) градови ќе почне да ги снемува еден по еден. Иран ќе стане држава еднаква со моќта на денешна Сиера Леоне...

А и онака Иран не ги развива нуклеарките против Израел...
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Убаво де! Со се тоа палестинската борба станува уште поправедна :)
 
Член од
9 февруари 2010
Мислења
300
Поени од реакции
11
Прилично.
Израелците веќе долго време не се зависни од САД.
Зависни се само дипломатски, т.е. во накаква си светска поддршка...

Израел не е оној пред четириесеттина години. Денес Израел соработува со голем број земји, а покрај тоа станува држава која ќе биде најмалку зависна од увоз.
Технолошки се многу развиени, а и сета технологија и ресурси што ги имаат ги користат ептен рационално.
Воено, се најсилната држава во радиус од 2000 километри. Никој од околните држави не може да им нанесе штета без да бидат добро исплескани. Дури ни Иран или Турција. Единствен проблем е нуклеарното оружје, ама и за тоа Израелците имаат одговор.

Во последно време дури и развијаа технологија за одбрана од ракетите од Хамас и Хезболах.
Големото вложување во технологијата им се исплати.

So Turcija nemat muda da vojuvat,dzabe sto imat nuklearki, i Liberman duri go prizna ova, a so Iran mislam deka tuka mozat,ama so podrska od SAD, bez podrska od SAD, ni so Iran nemozat da vojvuat sami.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
ИЗРАЕЛ ЈА ГУБИ ПОДДРШКАТА ВО ОДНОС НА ПАЛЕСТИНА

Европските сили се закануваат со повлекување на амбасадорите од Израел

04 декември 2012

Махмуд Абас: Сега имаме држава! Бенјамин Нетанјаху: Денес го градиме Ерусалим и ќе продолжиме да го градиме во сите подрачја. Тоа е стратешка мапа на израелската држава

Палестинскиот претседател Махмуд Абас по враќањето од Њујорк во Рамала, изјави дека Палестина остварила историски успех во ОН откако Генералното собрание на ОН и го унапреди статусот од ентитет набљудувач, во држава-набљудувач, нечленка.

"Да, сега имаме држава. Палестина го оствари историскиот успех во ОН. Светот силно кажа: Да - на палестинската држава, да - на слободата на Палестина и на нејзината независност, порачувајќи не - на насилството, не - на окупацијата и не - на населбите", рече Абас пред насобраните луѓе кои го дочекаа. Тој од говорницата на Генералното собрание на ОН порача дека одлуката на тоа тело е "последна шанса" да се спаси дводржавното решение со Израел. Абас вети и дека по победата во ОН "негова прва и најважна задача" ќе биде постигнување на единство меѓу Палестинците и обнова на напорите за помирување на ривалските палестински фракции - Фатах и Хамас.
Од друга страна, Израел не ја прифаќа одлуката на ОН за Палестина. "Израелските власти ќе спроведат нова одлука за населување како одговор на нападите врз Израел", рече Нетанјаху во својот говор на седмичниот состанок на Советот на министри во Ерусалим. "Денес го градиме Ерусалим и ќе продолжиме да го градиме во сите подрачја. Тоа е стратешка мапа на израелската држава", порача израелскиот премиер.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, пак, предупреди дека ширењето на еврејските населби на Западниот Брег ќе претставува фатален удар за каква било можност за постигнување мир со Палестинците.

Израелската Влада исто така соопшти дека ќе блокира околу 90 милиони евра собрани од даноци, кои биле наменети за Палестинската управа, како одговор на одлуката на ОН на Палестина да и додели статус на држава-нечленка.
Во меѓувреме, чекорите што ги презема Израел за прв пат наидуваат на сериозна осуда од некои од европските земји. Велика Британија и Франција најавија дека размислуваат за повлекување на своите амбасадори од Израел. "Овој пат нема да има само осуда, туку ќе има вистинска реакција против Израел", коментирал неименуван евродипломат за изградбата на населбите. Осуда изразија и САД, како најважен стратешки партнер на Израел.
Канада, пак, привремено ги отповика своите дипломати во Израел, на окупираниот Западен брег, во ОН и Женева во знак на протест против успешното барање на Палестинците за промена на нивниот статус.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3A423FBFC442BC41A4F7F6D6DB6206D2
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.581
Поени од реакции
27.428
За време на втора светска војна, за нивниот однос со Британија, Бен Гурион изјавува: „Ние надвор сме во сојуз со Британија, но внатре сме во војна“. После втора светска војна, тоа се покажало и практично, за на крај да добие независност 1948 година.

После независноста следеле блокади и ембарга од западните држави, а најголем сојузник на Израел бил Сталин, кој дури направил една фабрика за оружје да работи за Израелските потреби, во тогашна Чехословачка. Во моментите кога Сталин го сменил своето мислење за Израел, приближувајќи се кон муслиманите, а Израел многу вешто заиграл со запад.

Природен сојузник на Израел не е САД, туку Русија, поготово од оној момент кога во Европа ги сотреја сите Евреи, сега повеќето Евреи се со потекло од Русија, дури и Америчките. Најзборуван јазик во Израел после Хибру е Рускиот. Дури и има доста медиуми на Руски јазик.

Што се однесува до Иран и воопшто Пашту населението, тие до пред Исламската револуција биле најблизок сојузник на Израел во регионот, а подоцна таа улога ја превзеле Турците. Така да, немојте да се чудите, ако во иднина се случат чудни сојузи, кои пред извесно време не можеле ниту да се сонуваат.

Европа сама по себе е притисната од сопственото муслиманско население, кое го има во огромен број, кое има безрезервна подршка од силната Европска левица(ги подржуваат дури и фундаменталистите), па затоа и го прави овој чекор. Ама континентална Европа колку и да се обидува, не е некој релевантен фактор во надворешната светска политика, поготово во моменти кога неколку држави им банкротираа. Така да оваа реторика е повеќе внатреполитичко задоволување на големиот број на т.н. антисемити во Европските држави, кој најчесто се јавува во тешки економски кризи, кога теоретичарите на заговор ги наоѓаат редовно Евреите за главни кривци за економските кризи.

Значи судбината на Израел не е воопшто зависна, ниту пак врзана со САД, ниту со ниедна друга земја. За да опстои, на Израел му треба силен сојузник(светска сила), и еден до два регионални играчи. Со оглед на случувањата, ги заладија односите со Турција, ширењето на Арапската пролет во Сирија и воопшто на север, воената и разузнавачката подршка на Курдите, секое сценарио е можно.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Израел треба да се соочи со реалноста дека Палестина постои и дека без тоа нема излез од ова криза. Неможе вечно да се владее со репресивни и геноцидни политики, затоа што после ќе испадне дека Хитлер во право бил.
Како и да е политиката на ЕУ е во право околу ова прашање.. Освен ова пред неколку месеци имаше и предлог од еден израелски пратеник , повеќе да не се изградат цркви и џамии во Израел.. Со тоа само се докажува дека евреите не се во право ниту 1% околу политиките према другите етнички и верски заедници, заради тоа понекогаш треба да се каже СТОП на хипократијата на Израел..
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
ПАЛЕСТИНЦИТЕ НА ШТРЕК, ЕУ ШОКИРАНА ОД ПЛАНОВИТЕ НА ИЗРАЕЛ

Либерман: Европа води непријателска политика кон Евреите

Уште еднаш Европа не ги зема предвид заканите за уништување на Израел, а тоа веќе го доживеавме кога Европа знаеше што се случува во концентрациските логори, но не реагираше", изјави министерот

Палестинските власти ќе реагираат со други средства, ако Израел го исполни проектот за изградба на 3.000 населби во Источен Ерусалим, изјави во Анкара палестинскиот претседател Махмуд Абас без да прецизира каква би била таа реакција. Абас го оцени овој израелски проект за населување како "казнена мерка против Палестинците по унапредувањето на статусот на Палестина во ОН, што им даде на Палестинците статус на држава-набљудувач, нечленка на ОН", по што, најави Абас, Палестинците ќе водат дипломатска битка за целосно признавање на независна палестинска држава со престолнина Источен Ерусалим.

Европската унија е шокирана од плановите за изградба на нови еврејски населби на палестинските територии и остро се спротиставува, се наведува во декларацијата усвоена од министрите за надворешни работи на земјите-членки на состанокот на Советот на ЕУ во Брисел. Доколку овој проект се реализира ќе дојде до разделување на Западниот Брег на два дела и областа ќе биде отцепена од Ерусалим со што би се поткопале темелите на идната палестинска држава и перспективите за решавање на конфликтот преку преговори, сметаат министрите за надворешни работи од ЕУ. Во декларацијата 27-те шефови на дипломатии исто така ги повикуваат Палестинците конструктивно да го искористат новиот статус и да не преземаат мерки, со кои би се влошил недостигот на доверба со Израел.
Од друга страна, израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман вчера ја обвини Европа дека води непријателска политика кон Евреите како "кон крајот на 30-тите години". "Уште еднаш Европа не ги зема предвид заканите за уништување на Израел, а тоа веќе го доживеавме кон крајот на 30-тите и почетокот од 40-тите кога Европа знаеше што се случува во концентрациските логори, но не реагираше", изјави министерот за израелското радио. Либерман го осуди и претседателот на палестинската самоуправа Махмуд Абас: "Хамас повикува на уништување на Израел и одбива да го признае, а Абас го поддржува тој став додека Европа си молчи".

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2E8EA62DE0AF9644A4E2A0EDEDD6DBFE
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499

Мислам дека постепено Израел и Македонија ќе го зацврстат сојузништвото, со оглед на тоа дека анти-еврејската политика на ЕУ почнува да се практикува и во случајот на Македонија, се’ повеќе се говори за македонските Евреи и непризнавањето на нивната депортација од страна на членка на ЕУ - Бугарија, што ја направи Македонија директна жртва на оваа анти-еврејска политика и беше изнесена на високо ниво како пречка во “добрососедските“ односи со поранешните нацистички сојузници.

Несомнено ова е забележано и од Израел, уште ако го додадеме и терористичкиот напад неодамна на Израелски граѓани во Бугарија.
Грција преку Златна Зора спроведува чистење на сите не-Грци и отворено ги застапува нацистичките идеали.

ЕУ флиртува со Палестина и станува се полиберална кон радикалните исламистички организации на европско тло.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Прилично.
Израелците веќе долго време не се зависни од САД.
Зависни се само дипломатски, т.е. во накаква си светска поддршка...

.
Nishto be, 3 Milijardi dolari pomosh sekoja godina se samo dzheparlak...

http://www.jewishvirtuallibrary.org/jsource/US-Israel/foreign_aid.html

Summary

Benefits to Israel of U.S. Aid
Since 1949 (As of November 1, 1997)

Foreign Aid Grants and Loans
$74,157,600,000

Other U.S. Aid (12.2% of Foreign Aid)
$9,047,227,200

Interest to Israel from Advanced Payments
$1,650,000,000

Grand Total
$84,854,827,200

Total Benefits per Israeli
$14,630

Cost to U.S. Taxpayers of U.S.
Aid to Israel

Grand Total
$84,854,827,200

Interest Costs Borne by U.S.
$49,936,680,000

Total Cost to U.S. Taxpayers
$134,791,507,200

Total Cost per Israeli
$23,240
http://rense.com/general31/rege.htm
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.489
Поени од реакции
5.194
Nishto be, 3 Milijardi dolari pomosh sekoja godina se samo dzheparlak...
Не се ни џепарлак, ситно се, кога ќе ги споредиш со БДП на Израел од 245 милијарди годишно...
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Не се ни џепарлак, ситно се, кога ќе ги споредиш со БДП на Израел од 245 милијарди годишно...
So site privilegii shto gi uzhiva niz svetot, so toa shto USA i Canada gi imat vo zhep i ne e teshko toa da se postigne.
A da ne zborime kolku ja odraa Germanija.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
3 милијарди за секоја држава која не се рачуна банана република е ситно во џебот......
 
Kajgana Shop

На врв Bottom