За време на втора светска војна, за нивниот однос со Британија, Бен Гурион изјавува: „Ние надвор сме во сојуз со Британија, но внатре сме во војна“. После втора светска војна, тоа се покажало и практично, за на крај да добие независност 1948 година.
После независноста следеле блокади и ембарга од западните држави, а најголем сојузник на Израел бил Сталин, кој дури направил една фабрика за оружје да работи за Израелските потреби, во тогашна Чехословачка. Во моментите кога Сталин го сменил своето мислење за Израел, приближувајќи се кон муслиманите, а Израел многу вешто заиграл со запад.
Природен сојузник на Израел не е САД, туку Русија, поготово од оној момент кога во Европа ги сотреја сите Евреи, сега повеќето Евреи се со потекло од Русија, дури и Америчките. Најзборуван јазик во Израел после Хибру е Рускиот. Дури и има доста медиуми на Руски јазик.
Што се однесува до Иран и воопшто Пашту населението, тие до пред Исламската револуција биле најблизок сојузник на Израел во регионот, а подоцна таа улога ја превзеле Турците. Така да, немојте да се чудите, ако во иднина се случат чудни сојузи, кои пред извесно време не можеле ниту да се сонуваат.
Европа сама по себе е притисната од сопственото муслиманско население, кое го има во огромен број, кое има безрезервна подршка од силната Европска левица(ги подржуваат дури и фундаменталистите), па затоа и го прави овој чекор. Ама континентална Европа колку и да се обидува, не е некој релевантен фактор во надворешната светска политика, поготово во моменти кога неколку држави им банкротираа. Така да оваа реторика е повеќе внатреполитичко задоволување на големиот број на т.н. антисемити во Европските држави, кој најчесто се јавува во тешки економски кризи, кога теоретичарите на заговор ги наоѓаат редовно Евреите за главни кривци за економските кризи.
Значи судбината на Израел не е воопшто зависна, ниту пак врзана со САД, ниту со ниедна друга земја. За да опстои, на Израел му треба силен сојузник(светска сила), и еден до два регионални играчи. Со оглед на случувањата, ги заладија односите со Турција, ширењето на Арапската пролет во Сирија и воопшто на север, воената и разузнавачката подршка на Курдите, секое сценарио е можно.