Ердоган не успеа да ги приближи ставовите на бошњачките лидери
20.12.2009 14:02
Реџеп Таип Ердоган
Обидот за формирање себошњачка коалиција, под покровителство на Турција, не успеа, јави синоќа БХТ1.
Оваа телевизија соопшти дека пропаднала средбата која со посредство на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, требаше да се одржи во четврток во Истанбул, бидејќи на повикот одговорил само лидерот на Партијата за БиХ, Харис Силајџиќ.
Покрај него, на средбата беа поканети лидерите на Партијата за демократска акција (СДА), Сулејман Тихиќ и на Социјалдемократската партија (СДП), Златко Лагумџија.
Повикувајќи се на неофицијални извори, БХТ1 оценува дека зад пријателските зборови и зачестените посети на турски официјални претставници на БиХ се кријат подлабоки политички мотиви за мешање во политичката ситуација во таа земја.
Како што се наведува, Сулејман Тихиќ изјавил дека тој верува дека проблемите на БиХ треба да се решаваат во земјата, а не во странство.
„Тоа не треба да се прави ниту во Белград, ниту во Загреб, како нити во Истанбул", рече претседателот на СДА.
Златко Лагумџија изјавил дека „не му било ни на крајот на паметта“ да отпатува во Истанбул на средба со Тихиќ и Силајџиќ, затоа што тие „не друштвото на кое тој припаѓа“.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=117730