Tomasino
За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
- Член од
- 19 март 2009
- Мислења
- 9.252
- Поени од реакции
- 19.547
Хаха,дечко во голема ЗАБЛУДА си....Златко Калински РЕТКО кога коментирал ракомет, тука си грешка.. има неколку преноси, ама човекот не го бива за ракомет(пред некое време коментираше СЕХА лига Металург - Загреб, направи неколку киксови и го отече со едно та исто..а и годините си го праат своето.) , за фудбал и атлетика е роден.
Незнам колку се сеќавате кога женската ракометна репрезентација го направи најголемиот успех на првенствата, човекот кој веќе го нема меѓу нас, Зоран Поповски, е тоа беше коментатор.. .. ако си следел ракомет ќе ти текни на кого мислам..
Ретко има добри коментатори кај нас искрено..
Малце сме офф топик.. ама ќе ни простат.
Златко Калински кога коментираше ракомет(редовно)ние не бевме ни родени...back in the early 80 ies....
Сите тие големи мечеви во бивша СФРЈ за македонското говорно подрачје ги покриваше токму Златко Калински...
Ако не веруваш,дај адреса ќе ти пуштам еден куп утакмици од Пелистер од THE GOOD OLD DAYS
Па да видиш шо ти се вика коментар...
Првите мечеви на репрезентацијата,до кај 97-98 редовно ги коментираше Златко,во дуеТ со легендата шо го спомна Зоран Поповски(бог да го прости,легенда од коментатор)....
После Поповски се специјализира за женскиот ракомет,па сите мечеви на женската репка ги коментираше тој,исто како и тие мечеви на Кометал.....
Не знам колку години имаш ти,ама не се забораваат коментарите на Калински од тие мечеви на времето..(сигурно си помал штом викаш дека Калински не коментирал ракомет)....
Посебно со Хрватска во 97,кога ги победивме во Кале-тогаш Хрватска беше олимписки шампион.....
Еден од најдобрите коментари на спортски меч во историјата на спортска Македонија...
П.С.
Можеби сеа не е во форма,сепак чоекот си е уредник на спортската редакција на МТВ,и коментира мечеви поретко,посебно не во ракомет...
Ама и кога е во лоша форма ги покрива грото од другите коментатори...
Забегавме ептен со темата,ама мораше да ти појаснам некои работи,да не дојди до забуна...