Духовното над материјалното?

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Сакам да одам на Тибет и да медитирам едно месец дена таму.
И до Св. Наум не сум бил одамна да уживам во погледот и да запалам свеќа. Аааха. Давај Столе новчаникот.
E сеа и ти. Го сакам духот на парите. :) Шо има везе кај медитираш? Само седиш и не праиш нишо. А тука а Тибет исто ти е. А чим веќе медитираш можеш да замислиш дека си у тибет. Со телото тука со духот таму :)
A и на Господ не му битно кај палиш свеќи.:)
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Не мора да значи дека доколку се има материјалното ќе се има духовното. Но да се има духовното мора да се има материјалното или поубаво кажано



Доколку јас сакам да се качам на Водно ми требаат патики, нешто за пиење и закуска ранец итн. Тоа чини пари.

Доколку сакам да го освојам Монт Еверест освен физичка кондиција ми треба специјална опрема за планинарење пат и други обезбедни средства. Тоа чини пари.


Предуслов да јас ги достигнам овие 2 духовни димензи е материјалното во едниот случај е повеќе во другиот помалку но и во двата случаи е неизбежно.
Во психологијата на човекот постојат два вида потреби: примарни и секундарни.
Примарни: глад, жед, мајчинство, секс.
Останатите се секундарни.

Без примарните не можиме да функционираме како луѓе...Значи тие се дел од нас...Храната и водата се примарна потреба за твојот излет на Водно. Значи ТУКА не можеме да зборуваме за некој материјален свет кој го условува твоето задоволство да отидеш на излет.....
Зборувам за внатрешното богатство кое извира од нас (и е предуслов на материјалното). Од него потекнуваат успесите, благодетите и поразите во нашиот живот...
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
E сеа и ти. Го сакам духот на парите. :) Шо има везе кај медитираш? Само седиш и не праиш нишо. А тука а Тибет исто ти е. А чим веќе медитираш можеш да замислиш дека си у тибет. Со телото тука со духот таму :)
A и на Господ не му битно кај палиш свеќи.:)
Воопшто не е исто каде медитираш. На јога ми е далеку поинтересно одколку дома. :)
Дома ја отвараат вртата од собата и мислат дека сум се мрднала.
На јога имаш куп ,,истомисленци,, и на никој не му е смешно твоето ,,дремење,, во темна просторија со by the way прекрасна музика која специјално се придготвува.
Така и на Тибет. Таму на никој нема да му биде чудно дека медитираш. Ама дури да стигнеш до Тибет...

Нема врска карикирам. Ја разбирам идеата на силниот ентузијазам да ти биде убаво и без многу пари. Ама факт е дека повеќето луге не го поседуваат тој духовен квалитет на среќа од тукуречи нигде-никаде и туку така.:)
Тешко дека нема да те фрустрираат сите материјални придобивки кои на големо се рекламираат, а ти не можеш да ги имаш.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.123
Поени од реакции
25.578
Во психологијата на човекот постојат два вида потреби: примарни и секундарни.
Примарни: глад, жед, мајчинство, секс.
Останатите се секундарни.

Без примарните не можиме да функционираме како луѓе...Значи тие се дел од нас...Храната и водата се примарна потреба за твојот излет на Водно. Значи ТУКА не можеме да зборуваме за некој материјален свет кој го условува твоето задоволство да отидеш на излет.....
Зборувам за внатрешното богатство кое извира од нас (и е предуслов на материјалното). Од него потекнуваат успесите, благодетите и поразите во нашиот живот...
Пак ќе кажам едноставен пример. Ако книгата е духовна димензија за да да ја восприемиш ти требаат пари. Еве да не се вртиме само по парите како димензија. За инхилирање на книгата како духовен елемент таа книга треба да биде напишана на хартија. Хартијата е материјален елемент. Хартијата може да постои и да биде празна без ништо на неа меѓутоа зборовите, мислите, идеите, чувствата на авторот мора да бидат отелотворени, куцани на компјутер, отпечатени на печтач и укоричени. Сите тие елементи се материјални. Тие се носачи духовната димензија, тие се предуслов за да може духовното да постои. Значи точно книгата не се суди по корицата меѓутоа без корица нема ни книга. Ако овој едноставен пример се аплицира на посложените соодноси на предметите, појавите и процесите јасно се гледа дека материјалното мора да постои пред се за да може да го носи духовното.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Во моментот кога ќе дојде до колапс на веќе преиселената матријалност и општеството кое што се базира врз крута економија, тогаш ќе настапи ерата на духовноста.
Таа крута економија ти дозволува тебе да пишуваш на форумов да си читуцкаш поезија и други работи. Таа крута економија е причината што воопшто ги знаеме нашите баби и дедовци(читај подобрување на животниот квалитет).
Поточно таа крута економија тебе ти дозволува да се занимаваш со вакви мисли затоа што опстанокот безбедноста и правото на слобода, глас и живот ти се гарантирани-во спротивно ќе беше во некоја планина по цели денови ловејќи рисови за да преживееш.

Отсекогаш сум била поборник на идејата дека секој човек треба да има доволно пари за нормален,пристоен живот .
Тоа се темелите на комунизмот што како што историјата покажува е тотален неуспех и дури испадна да е полош од нацизмот.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Таа крута економија ти дозволува тебе да пишуваш на форумов да си читуцкаш поезија и други работи. Таа крута економија е причината што воопшто ги знаеме нашите баби и дедовци(читај подобрување на животниот квалитет).
Поточно таа крута економија тебе ти дозволува да се занимаваш со вакви мисли затоа што опстанокот безбедноста и правото на слобода, глас и живот ти се гарантирани-во спротивно ќе беше во некоја планина по цели денови ловејќи рисови за да преживееш.
И јас никаде не кажав дека ја негирам крутата економија, напротив, со наредното мислење потенцирав дека е неопходна.
Тие две работите одат паралелно една со друга како што кажа Сузаро, но дури и да ги затвориме очите и да бидеме слепи пред основнте тврдења на Маркс, ако сме пред умирање од глад и жед, тешко дека било кој од нас ќе може да медитира и да се обидува да достигне повисока свест.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Тоа се темелите на комунизмот што како што историјата покажува е тотален неуспех и дури испадна да е полош од нацизмот.
Еее каде отиде и ти сеа.Не сум поброник на комунизам,само сметам дека човек треба да има пари за пристоен живот,ниту да се расфрла,нити да ги нема,затоа што ниедното,а ни другото не е убаво.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Еее каде отиде и ти сеа.Не сум поброник на комунизам,само сметам дека човек треба да има пари за пристоен живот,ниту да се расфрла,нити да ги нема,затоа што ниедното,а ни другото не е убаво.
Јас мислам дека човекот треба да има право да одлучи. Дали јас сакам да работам цел живот за да станам милионер, или дали сакам поскромоно да живеам но да бидам поопуштен или духовно спокоен ако сакате тоа е мој избор.
 

NaTaLi

BabaSera pod Ste4aj
Член од
22 април 2006
Мислења
1.061
Поени од реакции
17
Лесно е да се философира со полн стомак. - Чарлс Дикенс
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Лесно е да се философира со полн стомак. - Чарлс Дикенс
Токму тоа е целата поента што Сусаро убаво ја разглаба. Лесно е да се ужива во изложби, опери, и било што друго кога си ослободен од мисли за преживување што е токму материјалното.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас мислам дека човекот треба да има право да одлучи. Дали јас сакам да работам цел живот за да станам милионер, или дали сакам поскромоно да живеам но да бидам поопуштен или духовно спокоен ако сакате тоа е мој избор.
Се согласувам дека секој треба да има право да одлучи што сака.
Нормално дека се зависи од човекот и неговите идеали.
Јас реков за себе дека сакам ни премногу,ни премалку - туку таман.:)
Т.е дека сум поброник на тоа човек да има ни премногу,ни премалку - ама го мислев тоа за себе.
За мене многу побитни работи има,освен натрувањето и полнењето на џебовите со пари.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Се согласувам дека секој треба да има право да одлучи што сака.
Нормално дека се зависи од човекот и неговите идеали.
Јас реков за себе дека сакам ни премногу,ни премалку - туку таман.:)
За мене многу побитни работи има,освен натрувањето и полнењето на џебовите со пари.
Се зависи од пристапот кон работите. Парите не се ништо друго освен средтсво за размена.

На пример јас работам некоја си работа која што во моментов е многу барана, ценета и пропирционално на тоа е високо платена. Значи јас создавам некоја вредност на компанијата за мојот труд а таа за возврат на тоа што сум го дал за неа ми овозможува јас да ги конзумирам производите услугите кој што ми се неопходни за егзистенција но и за мали животни задоволства или луксузи.

Е сега јас имам афинитет кон музиката како форма на уметност и духовна храна. Значи јас за да го задоволам тоа мое духовно задоволство треба од надоместокот за мојот труд да одвојам за да ја купам таа музика што ми се допаѓа.
Но ете исто така сакам да свирам и пеам, значи во најмала рака ми требаат околу 100,000 денари за квалитетна опрема за да го задоволам тоа мое душевно хранење.
Но јас не работам и ги немам тие пари, можеби сум екстремен талент и сите тие пропратни работи-но џабе ми е.

Поентата ми е дека квалитетниот начин на живеење во секој смисол е дирктно зависен од материјалниот, но и обратно. Не може духовното да биде над материјалното, но нити материјалното да биде над духовното.
 

KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Јас мислам дека човекот треба да има право да одлучи. Дали јас сакам да работам цел живот за да станам милионер, или дали сакам поскромоно да живеам но да бидам поопуштен или духовно спокоен ако сакате тоа е мој избор.
Човекот има право да одлучи. Нема шанса да одлучи. За да одлучи за тоа што сака да прави, треба сите да почнуваат од исто, па кога ќе бидат доволно свесни, да си одлучат. А, јасно ни е на сите колку почнуваме од исто...
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Човекот има право да одлучи. Нема шанса да одлучи. За да одлучи за тоа што сака да прави, треба сите да почнуваат од исто, па кога ќе бидат доволно свесни, да си одлучат. А, јасно ни е на сите колку почнуваме од исто...
Се согласувам, затоа пишав дека човекот би требало да има право...но сите знаеме кој колку има права како што кажа и ти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom