Духовното над материјалното?

Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Се повеќе се пропагира оваа теза, влегување во третата епоха каде духовниот ќе го надвладее материјалниот свет, ќе му даде шанса на обичниот човек да преживее за сметка на повеќе од половина од популацијата која ќе полуди, погини и нема да преживее....
Контрадикторниот момент е тоа што колку повеќе се оди кон давање димензија и прифаќање на духовноста, толку повеќе светов станува роботски, опседнат е и и е слуга на материјаните достигања, богатства и натрупувања?
Што мислите вие?
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Скоро сите ( секоја чест на исклучоците ) кои пред другите го ставаат духовното пред материјалното, всушност умираат за пари и моќ, а на духовното му ја кратат, дури и уништуваат вистинската вредност.

Факт е дека во денешно време ако немаш од материјалното ќе те сметат за никој и ништо, па затоа не би можела да ги обвинувам горенаведените особи. И како оди понапред светот, се` помалку се вреднува духовното и предност му се дава на материјалното.

Јас мислам дека треба да се направи комбинација од двете.
Не сум ни за нискоинтелегентен сноб, ниту за негова тотална спротивност.
Треба секој да има материјално, но да го цени и духовното, бидејќи материјалното доаѓа и си оди, а духовното не се стекнува така лесно.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Во моментот кога ќе дојде до колапс на веќе преиселената матријалност и општеството кое што се базира врз крута економија, тогаш ќе настапи ерата на духовноста.
Нажалост за оваа хипотеза да може да се претвори реалност треба крахот да биде силен и моќен, но кога малку повеќе ќе се размисли зарем денес има нешто помоќно од парите?
Реалноста во која што сите ние живееме.:cvet:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
За жал,се повеќе и повеќе луѓето забораваат на човечноста и парите и сите се по мртва трка за пари.
Нормално,без пари не би можеле да си обезбедиме нормална егзистенција,но сепак може и во таа борба за опстанок,човекот малку и да ги негува своите емоции и да не ги заборава.
Отсекогаш сум била поборник на идејата дека секој човек треба да има доволно пари за нормален,пристоен живот и во исто време да си приуштува некои свои задоволства.Ниту повеќе,ниту помалку.
Треба малку топлина,љубов помеѓу луѓето.Не само да се гледа кој кого попрво да заебе,па макар било тоа и негов пријател.Homo homini lupus est.
Реалноста е таа,да,потребни се парите,потребно е човек да има пари и да заработува,но не по цена да се претвори во робот.
Можеш да градиш успешна кариера,да заработуваш пристојно и сепак да имаш време за едно кафе со пријателите,да сакаш,да бидеш сакан и да имаш и негуваш емоции,како и тоа духовно да се надоградуваш.
Само каде е таа граница?Голем дел од луѓето дури и кога имаат и од повеќе заработено,пак продолжуваат,парите им стануваат опсесија и забораваат на вистинските вредности.
Колку само примери има на луѓе кои заработиле премногу,кои цел живот предност му давале на материјалното,но на крајот сфаќаат дека животот им е празен,дека се душевно неисполнети и дека немаат никаква сатисфакција во животот,освен тоа да трошат пари.

Лично мене,емоциите ме прават она што сум.Не би можела во никој случај да бидам програмирана само да трчам по пари.Сакам да заработам,сакам да имам убав живот,не велам не,ама не сакам да платам таква цена.Да се изгубам себеси и да го изгубам човечкото во мене.
За мене неопходно е и потребно човек да се надоградува и да биде душевно исполнет и да ја најде смислата на животот.Љубовта.Да сакаш и бидеш сакан.Се друго е само бонус.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

За жал,се повеќе и повеќе луѓето забораваат на човечноста и парите и сите се по мртва трка за пари.
Сонце, тоа е се освен мртва трка, тоа е најживата трка на светот.Ги вклучува и двата пола, скоро сите генерации, не прави разлика меѓу националност и боја и притоа е најголемиот стимуланс и афродизијак кој што може да ти се најде на патот.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сонце, тоа е се освен мртва трка, тоа е најживата трка на светот.Ги вклучува и двата пола, скоро сите генерации, не прави разлика меѓу националност и боја и притоа е најголемиот стимуланс и афродизијак кој што може да ти се најде на патот.
Точно,се согласувам,тоа мртва трка ,така се вели.:)
Жално е што мораат парите да бидат стимулација.
 
Black Rose

дете на цвеќето
Член од
12 февруари 2007
Мислења
1.972
Поени од реакции
38
Се повеќе се пропагира оваа теза, влегување во третата епоха каде духовниот ќе го надвладее материјалниот свет, ќе му даде шанса на обичниот човек да преживее за сметка на повеќе од половина од популацијата која ќе полуди, погини и нема да преживее....
Контрадикторниот момент е тоа што колку повеќе се оди кон давање димензија и прифаќање на духовноста, толку повеќе светов станува роботски, опседнат е и и е слуга на материјаните достигања, богатства и натрупувања?
Што мислите вие?

Фини замисли, но далеку од возможното. Живееме во општество изградено врз погрешни вредности - материјалните, со делумно изгубени морални вредности и прнципи, општество роб на страстите, алчноста, желбата за пари, моќ и слава. Сакале или не самиот општествен живот ни налага учество во онаа "трка" во која начинот на игра е однапред определен и прифатен од колективот и како немоќни да го измениме не ни останува ништо друго освен да го прифатиме, целта се нормално парите, мотивите - најразлични, а средствата - небитни. Секој се обидува да стигне до посакуваната цел по секоја цена, газејќи по човечкото, моралното и духовното, не правејќи разлика дали е тоа нечија среќа или живот.

Духовното би го достигнале само тогаш кога ќе се ослободиме од страста и желбата. Но за да настапи духовниот свет и да се потисне материјалниот, потребни се радикални промени на условите во кои живееме, идеалите, интересите на секој поединец, менталитетот на човештвото, структурата на општеството итн. А промени би настанале само доколку дојде до колапс, она што Сатори веќе го спомна...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060

Знам дека ќе ви звучам патетиточно сега ама јас од поодамна верувам во горенаведениот цитат,не можам да ви објаснам зошто.Јас сум цврсто убедена дека ќе стигнат и тие радикални промени и тој колапс кои веќе ги споменавте и дека еден ден материјалното ќе биде најмалку важната работа на овој свет.Затоа и денес материјалното зафаќа толку големи размери.Едноставно си ја живее својата ера на која и се ближи крајот.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.123
Поени од реакции
25.578
Материјалното е предуслов за духовното. Односно колку е поголем степенот на остварените материјални цели, толку е поголема можноста за остварување на духовните.

Мора да имате пари за да можете да го имате тоа што со пари не се купува.
 
Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Материјалното е предуслов за духовното. Односно колку е поголем степенот на остварените материјални цели, толку е поголема можноста за остварување на духовните.

Мора да имате пари за да можете да го имате тоа што со пари не се купува.

Треба да имам пари за да можам да го имам она за кое не се потребни пари??? Аааха...Така. Кај ми е новчаникот бе...
Нема везе. Не сум материјалист.Увек поише сум го ценел духовното.Некој има друго мислење ама тоа си е негова грешка.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.123
Поени од реакции
25.578
Треба да имам пари за да можам да го имам она за кое не се потребни пари??? Аааха...Така. Кај ми е новчаникот бе...
Нема везе. Не сум материјалист.Увек поише сум го ценел духовното.Некој има друго мислење ама тоа си е негова грешка.
Сакам да одам на Тибет и да медитирам едно месец дена таму.
И до Св. Наум не сум бил одамна да уживам во погледот и да запалам свеќа. Аааха. Давај Столе новчаникот.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Материјалното е предуслов за духовното. Односно колку е поголем степенот на остварените материјални цели, толку е поголема можноста за остварување на духовните.

Мора да имате пари за да можете да го имате тоа што со пари не се купува.
Баш обратно, духовното е предуслов за материјалното...
Многу богаташи се доведиле до работ на сиромаштијата поради внатрешната празнина, скептицизам и непознавање на духовниот свет...
И обратно...
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.123
Поени од реакции
25.578
Баш обратно, духовното е предуслов за материјалното...
Многу богаташи се доведиле до работ на сиромаштијата поради внатрешната празнина, скептицизам и непознавање на духовниот свет...
И обратно...
Не мора да значи дека доколку се има материјалното ќе се има духовното. Но да се има духовното мора да се има материјалното или поубаво кажано

Односно колку е поголем степенот на остварените материјални цели, толку е поголема можноста за остварување на духовните.
Доколку јас сакам да се качам на Водно ми требаат патики, нешто за пиење и закуска ранец итн. Тоа чини пари.

Доколку сакам да го освојам Монт Еверест освен физичка кондиција ми треба специјална опрема за планинарење пат и други обезбедни средства. Тоа чини пари.

Предуслов да јас ги достигнам овие 2 духовни димензи е материјалното во едниот случај е повеќе во другиот помалку но и во двата случаи е неизбежно.
 
Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Аууууу колку се согласувам со Сусаро. Јебига не може да живееш и да бидеш среќен чисто од духовната среќа зашто едноставно живееме во материјалистички свет. Апсолутно,парите и моќта не се гаранција за среќата , но во голема мера се нужни за да оставриме среќа како наша основна духовна цел.
 
E_L_E_N_A

Битола,мој роден крај
Член од
27 декември 2007
Мислења
479
Поени од реакции
16
Би било супер,духовното да надвладее на материјалното,тогаш светот би бил поубав.Ама не ми се верува дека тоа ќе се случи,барем не во блиска иднина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom