cYb3rc0re
~ место за реклама
- Член од
- 3 мај 2005
- Мислења
- 914
- Поени од реакции
- 170
ШТЕТНИ ГАСОВИ И ВОДА ДВЕ НЕДЕЛИ ИЗБИВААТ ОД ДУПКАТА ВО ПЕЛАГОНИЈА
Според експертите, голем е ризикот од проширување на напуштеното дупчалиште, кое го направила грчка фирма, ангажирана од домашни концесионери за експлоатација на вода.
Лава од кисела вода без контрола се разлева низ Пелагониското Поле од дупката што цели две недели нема кој да ја санира. Кај битолското село Кременица, во воздухот се испуштаат големи концентрации на јаглероден диоксид, а секој ден извираат по 50 литри минерална вода во секунда. Овој „вулкан“ е богат со хидрокарбонати на железо, калциум и магнезиум, кои се штетни за обработливата пелагониска почва. Досега не се нашол јунак да го затвори кратерот. Според геолозите, ризикот е голем зашто дупката може да се прошири и да ги проголта луѓето и машините што се во близина. Сега нема чаре. Мислам дека нема организација што ќе се нафати да ја санира дупката, бидејќи е проширена. Прашање е дали стои и заштитната колона што се поставува заради сигурност или и таа е пропадната в земја. Не се знае колкава каверна е направена, поради што секој се плаши да постави машини во близина. Може да рикне поголем отвор и да ги повлече машините - вели геолошкиот инженер Александар Ивановски.„Гејзирот“ настана пред две недели, кога земјата ја дупчела грчка фирма. Жителите на Кременица кажуваат дека истата во повеќе наврати била ангажирана од домашни концесионери за да вади минерална вода. Првата ерупција се случила во мај годинава, кога отворот бил затнат со големи бетонски плочи, но истиот проблем се појави пред две недели поради силен подземен притисок. Сега извориштето вода се пени како во термална бања, а потоа се разлева низ корито како „река“ што веќе се проби низ нивите.
- На овој начин се губи големи количество јаглероден диоксид. Пелагонија е единственото подрачје во Македонија во кое овој гас има голема чистота од 99,9 проценти. Американците во недостиг од вака чист гас, пронашле начин синтетички да го произведуваат врз база на согорување кокс, но не можат да го добијат со ваква чистота. Кај нас излегува без контрола - додава Ивановски.
Јаглеродниот диоксид е тежок гас, кој паѓа долу во ниските воздушни слоеви и може да предизвика труење. Но, во случајот олеснителна околност е тоа што гејзирот е на отворено, па ветрот го разнесува. Само педесетина метри од дупката живеат луѓе, а во негова непосредна близина секојдневно пасе стока. Според геолошки и рударски инженери, еруптилното излевање на водата со водоскоци настанало најверојатно поради несоодветно применување на техниката на дупчење во дупчалиштето. Илиевски, под чија контрола со децении наназад се дупчело низ Пелагонија, додава дека владее хаос во експлоатацијата на минерални суровини во овој крај. Сега таква е модата. Се дупчи и без проектна документација. Не се прават редовни контроли зашто нема подрачно одделение на Рударскиот инспекторат - вели тој. Во Пелагонија има повеќе дупки кои останале отворени по геолошките истражувања и од нив истекува вода. Тоа не само што може да изврши деградација на земјата, туку може да предизвика и хидролошки промени кај истечните води. Дел од дупките се направени нелегално, а при некои дупчења не се запазени законските одредби за оддалеченост од две дупки најмалку пет километри.
Извор Дневник.
Дали вака се постапува со природните богатства со кои располагаме? Се надевам ова ќе го видат соодветните институции и ќе кажат кој бил нарачател на ова ископување, па тој да плати колку ќе кошта за санацијата (има „маж“ за санации сигурно, ама нема кој да превземе одговорност да плати таков „маж“).
На ваков начин се предизвикуваат и земјотреси, кои после „истекувањето“ на подземната вода, пропаѓа земјата за да ги пополни празнините.