Дупка во Пелагонија

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
ШТЕТНИ ГАСОВИ И ВОДА ДВЕ НЕДЕЛИ ИЗБИВААТ ОД ДУПКАТА ВО ПЕЛАГОНИЈА

Според експертите, голем е ризикот од проширување на напуштеното дупчалиште, кое го направила грчка фирма, ангажирана од домашни концесионери за експлоатација на вода.

Лава од кисела вода без контрола се разлева низ Пелагониското Поле од дупката што цели две недели нема кој да ја санира. Кај битолското село Кременица, во воздухот се испуштаат големи концентрации на јаглероден диоксид, а секој ден извираат по 50 литри минерална вода во секунда. Овој „вулкан“ е богат со хидрокарбонати на железо, калциум и магнезиум, кои се штетни за обработливата пелагониска почва. Досега не се нашол јунак да го затвори кратерот. Според геолозите, ризикот е голем зашто дупката може да се прошири и да ги проголта луѓето и машините што се во близина. Сега нема чаре. Мислам дека нема организација што ќе се нафати да ја санира дупката, бидејќи е проширена. Прашање е дали стои и заштитната колона што се поставува заради сигурност или и таа е пропадната в земја. Не се знае колкава каверна е направена, поради што секој се плаши да постави машини во близина. Може да рикне поголем отвор и да ги повлече машините - вели геолошкиот инженер Александар Ивановски.„Гејзирот“ настана пред две недели, кога земјата ја дупчела грчка фирма. Жителите на Кременица кажуваат дека истата во повеќе наврати била ангажирана од домашни концесионери за да вади минерална вода. Првата ерупција се случила во мај годинава, кога отворот бил затнат со големи бетонски плочи, но истиот проблем се појави пред две недели поради силен подземен притисок. Сега извориштето вода се пени како во термална бања, а потоа се разлева низ корито како „река“ што веќе се проби низ нивите.

- На овој начин се губи големи количество јаглероден диоксид. Пелагонија е единственото подрачје во Македонија во кое овој гас има голема чистота од 99,9 проценти. Американците во недостиг од вака чист гас, пронашле начин синтетички да го произведуваат врз база на согорување кокс, но не можат да го добијат со ваква чистота. Кај нас излегува без контрола - додава Ивановски.

Јаглеродниот диоксид е тежок гас, кој паѓа долу во ниските воздушни слоеви и може да предизвика труење. Но, во случајот олеснителна околност е тоа што гејзирот е на отворено, па ветрот го разнесува. Само педесетина метри од дупката живеат луѓе, а во негова непосредна близина секојдневно пасе стока. Според геолошки и рударски инженери, еруптилното излевање на водата со водоскоци настанало најверојатно поради несоодветно применување на техниката на дупчење во дупчалиштето. Илиевски, под чија контрола со децении наназад се дупчело низ Пелагонија, додава дека владее хаос во експлоатацијата на минерални суровини во овој крај. Сега таква е модата. Се дупчи и без проектна документација. Не се прават редовни контроли зашто нема подрачно одделение на Рударскиот инспекторат - вели тој. Во Пелагонија има повеќе дупки кои останале отворени по геолошките истражувања и од нив истекува вода. Тоа не само што може да изврши деградација на земјата, туку може да предизвика и хидролошки промени кај истечните води. Дел од дупките се направени нелегално, а при некои дупчења не се запазени законските одредби за оддалеченост од две дупки најмалку пет километри.

Извор Дневник.

Дали вака се постапува со природните богатства со кои располагаме? Се надевам ова ќе го видат соодветните институции и ќе кажат кој бил нарачател на ова ископување, па тој да плати колку ќе кошта за санацијата (има „маж“ за санации сигурно, ама нема кој да превземе одговорност да плати таков „маж“).

На ваков начин се предизвикуваат и земјотреси, кои после „истекувањето“ на подземната вода, пропаѓа земјата за да ги пополни празнините.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Грци ни откриле извор за минерална вода? Немогуче.
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Грци ни откриле извор за минерална вода? Немогуче.
Не откриле него, ископале, ангажирани од домашни концесионери. Ама не само што ископале, него направиле беља и си отишле.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Е па атинци кога викнале што очекуваат. Кај се викаат стручњаци од непријателска земја? Треба многу мозок да ти фали.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
98
A zasto ne se proba da se prodade taa voda ?

Sto ne ispitaa moze e zdrava pa da se napravi banja ili da se sitka toj jaglerodot sto go sakaat USA ?

U sekoe loso moze ima i dobro :smir:
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
A zasto ne se proba da se prodade taa voda ?

Sto ne ispitaa moze e zdrava pa da se napravi banja ili da se sitka toj jaglerodot sto go sakaat USA ?

U sekoe loso moze ima i dobro :smir:
tamo kajs to e dup[kata vo blizina na toa mesto pelisterka ima svoi busotini, znaci najdena e podzemna zila, ne treba pamet mnogu zasto tuka busi i pelisterka , reon medzitlija , ama nestrucno zavrsena rabota i fusersko ponasanje od izveduvacot se pricina za ova
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Не до Атињаните бе,до нашите Цане и Тане од Пелистерка е.Тие се прилично алчни типчиња па бараат Јаглерод за газирање на водата и за негова продажба од која се заработува многу повеќе одколку од плин на пример.Се разбира дека инспекторатот за животна средина треба веднаш да покрене кривична постапка против нарачателите на вака необезбедено “дупење“,ако немаат некој соучесник од владата кој секогаш е спремен да ги покрие ваквите кривични дела за кој во било која нормална земја следат долгогодишни казни затвор.
 

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
Кој ќе се најде јунак да го затвори овој вулкан, царот ќе му ја даде ќерка му и половина царство.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Кој ќе се најде јунак да го затвори овој вулкан, царот ќе му ја даде ќерка му и половина царство.
“Вулканот“ не треба да се затвори,туку треба да се обезбеди и стави во употреба како природно богатство на Македонија со непроценлива вредност а на нарачателите на една ваква диверзантска акција треба да им се суди и пресуди со висока казна,за да не се дрзнат друг пат да копаат каде што немаат ингеренција.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
1.Треба да се обезбеди изворот за да се зачува (а потоа продава) гасот.
2.Треба да се казнат тие што дупат-бегат.
3.Треба да се најде некој со ... што ќе ги спроведе двете горенаведени цели.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
1.Треба да се обезбеди изворот за да се зачува (а потоа продава) гасот.
2.Треба да се казнат тие што дупат-бегат.
3.Треба да се најде некој со ... што ќе ги спроведе двете горенаведени цели.
Gwujo ???? za pod 3 ???? ili sega pisuva nekoe pismo pa nema vreme ili nema minister za takvo nesto???????
 

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
“Вулканот“ не треба да се затвори,туку треба да се обезбеди и стави во употреба како природно богатство на Македонија со непроценлива вредност а на нарачателите на една ваква диверзантска акција треба да им се суди и пресуди со висока казна,за да не се дрзнат друг пат да копаат каде што немаат ингеренција.
Гас Стопанкин и на вулканот и на царот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom