Дуел на бендови (оваа недела: Fantomas vs Melvins)

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Аспољутно нема простор за споредба. Никакво творештво ни оригиналност кај копчињата нема. Најголемите хитови им беа плагијати.
Штета што не можат да се најдат на јутјуб песните на Азра. Па дури и на торенти тешко се наоѓа со подобар квалитет. Да не зборуваме какви текстови пишуваше Џони. Најголем поета меѓу музичарите на овие простори. Кад фазани лете, Пољска у мом срцу, Курвини синови...
Ко да споредуваш мерцедес и фиќо. Дајте друга споредба.
 
Ја сакам да соочам две култни легенди, повторно. Овојпат едни од највлијателните музичари во нивното време, класичари, поети, уметници, рокенрол специјалци.

Bob Dylan

Bob+Dylan+dylan.jpg

vs

Neil Young

Neil+Young+541798532_l.jpg
 
Ух, .............. ај нека биде Дилан.
 
Од Сид за Дилан. Напишано во млади години.
Да, гласот е за Mr. Dylan the king :D
 
Боб Дилан дефинитивно како комплетен музичар, ама никој не може да му го одземи на Нил ова:

Ех кај го најдовде трубадуров Robert Zimmerman. Легенда над легендите. Секој за својата музика, но сепак Гласам за Зимерман.
А кој може ова да го одземе и покрај многубројните кавери.
 
Пред да се смени дуелот само да ја поставам песната.
Секоја чест за Боб де, али уште 200 години да прави музика нема да направи ваква песна :)

Една од најдобрите, во историјата.

Пред да се смени дуелот само да ја поставам песната.
Секоја чест за Боб де, али уште 200 години да прави музика нема да направи ваква песна :)

Една од најдобрите, во историјата.

Да те контрам или не, прашање е!!! Ај малку само со песната која официјално има 25 преработки од 25 артисти, и уште неколку различни аранжмани.
BOB DYLAN - All Along the Watchtower
 
Да те контрам или не, прашање е!!! Ај малку само со песната која официјално има 25 преработки од 25 артисти, и уште неколку различни аранжмани.
BOB DYLAN - All Along the Watchtower
Контрај де, одлична е, ама нема шанси со мојата, т.е на Нил :D Колку што трае цела оваа песна е само занесното гитарско интро од претходнава :)
Има Дилан, бајаги легендарни песни и нивни преработки, па и несомнено тепа на дуелов и општо де, главното е што Јанг го имам слушано повеќе.
 
Мора малку да ја раздвижиме темава, без реплики и сл досадна станува. А денес, приметливо е нели, имам и време и желба да слушам музика. ;)
Нил ми бил некако многу мек, нешто што и сега во “уште позрели“:pos: години смета, а како старееме толку помека ја сакаме музиката. Но ете, јас сум исклучок и сеуште трагам по ритамот и јачината. Единствена песна на Нил која ете колку толку ми легнала на уво е каугрл ин д сенд. Има добар ритам.
П.С. И тоа усната хармоника и кај Дилан и кај Нил ептен ми иде на живци, но такво било времето и тоа бил звукот со кој екпериментирале. .................... Ух, кај зајдов, кога веќе сум кај експериментирањето, ... оргулите на Манзарек (The Doors) ми се многу многу појаки од усната хармоника
 
Двајцата се неверојатни музичари. Предводници на една генерација и пример за многу музичари. Добро е што се живи и го фативме тоа време во кое творат.
Фаќам страна накај Боб Дилан. За мене е еден од најдобрите кант-автори кои некогаш се појавиле.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom