Дуалност

Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Манифестацијата на Универзумот во било која негова појавна форма се изразува преку постоење на две навидум спротивставени сили, на два пола. Се што постои има две страни – Светлина/Темнина, Движење/Мирување, Радост/Тага, Јинг/Јанг, Звук/Тишина итн., набројувањето може да оди во недоглед.Но тој поларитетно поставен принцип само навидум изгледа дијаметрално спротивставен. Тие сили, всушност се комплементарни. Тие контрапункти всушност постојат на начин кој едниот го осмислува постоењето на другиот.
Замисли дека си роден во богата земја во која секој е супер богат, никому ништо не недостасува и сите желби се исполнуваат моментално.
Оваа наша хипотетичка земја би била неиздржливо здодевна. Искуството на богатство би постоело само во форма на знаење дека си богат, но тоа би било лишено од секаква возбуда, бидејќи не би постоел неговиот поларитет. Кога не постои спротивниот поларитет, не постои структурална тензија и не постои движење кон нешто. Ти би знаел дека си богат, но тоа би било бесмислено бидејќи никогаш тоа искуство не би можел да го споредиш со искуството на сиромаштија и возбудата содржана во станувањето богат никогаш не би настанала.

За да може да се почитува квалитетот на изобилие мора прво да се искуси квалитетот на недостаток. Всушност, не може да се создаде било кое искуство, ако претходно или истовремено не се создаде спротивното искуство. Тоа е една интересна позиција на Битието, тоа знае СЕ, но не може да има искуство ако претходно не создаде илузија на немање или не знаење.
Значи, во нашата хипотетичка (а можеби и не е хипотетичка?) земја на благосостојба, ти никако не би можел да бидеш сиромав. Затоа би морал да создадеш илузија со помош на фрагментарно гледање во ограничен простор и ограничено време за да „успееш“ да видиш недостаток, занемарувајќи го постоењето на Целината чија природна состојба е благосостојба и изобилие.
Замисли си го твоето омилено јадење. Ако постојано ти е на располагање, ако го јадеш одново и одново, тоа и не би било омилено, нели? Искуството на привлечност не би постоело. Илузијата дека сме ограничени во консумацијата на тоа јадење го одржува во живот искуството на привлечност на тоа јадење.
Дали е различно со нашата привлечност кога се одредени предмети или луѓе во прашање? Секако не! Предметите и луѓето кон кои се стремиме бргу би ја изгубиле својата привлечна сила доколку сме во ситуација неограничено да ги „поседуваме“. Илузијата на недостаток е тоа од што е потхрануван копнежот.
Од моментот на нашето раѓање, до смртта на нашето физичко тело, ние постојано се однесуваме како дете кое копнее по играчка од која бргу се заситува и ја остава. Во моментот на стекнување на позитивното искуство доаѓа до поништување на негативното и се неутрализира енергијата од која тие се создадени. Набргу, потребно ни е ново искуство, нова играчка. Тоа е несвесен циклус, во кој човечкото битие ја игра својата игра, се до моментот на освестување на тој цикличен процес, кога доаѓа не до неутрализација, туку до ИНТЕГРАЦИЈА на поларитетите. Во тој момент се случува манифестација на СЛОБОДАТА, како базичен принцип на постоење. Битието си ја враќа слободата на избор дали и колку ќе ја игра таа игра. Таа состојба е проследена со апсолутна одговорност за изборот и сите причинско-последични врски.

Еднаш, многу одамна, еден земјоделец, во наплив на очај од слабата берба извикал:
- „Боже, да имам барем една година можност да го контролирам времето!“
- „Сторено!“, одеднаш слушнал длабок глас на кој не можел да му го утврди правецот.
- „Молам?“, запрашал изненадено земјоделецот?
- „Велам, сторено! За период од една година ќе имаш моќ да ги контролираш временските услови по твоја желба.“, му одговорил Бог.
- „Ти благодарам Боже!“ весело отпоздравил земјоделецот и ја започнал својата необична преокупација - комбинација на земјоделство и метеорологија.

Речиси цела година посакувал и добивал сонце, па дожд, сонце, па повторно дожд. Пченката растела и растела, не била никогаш поголема и позелена. На радоста на земјоделецот и немало крај.
Дошло време за берба. Земјоделецот со нестрпливост почнал да ги проверува кочаните.
- „Каква е бербата?“, се слушнал длабокиот глас на Бог.
- „Сиромашна Боже, многу сиромашна!“, одговорил земјоделецот.
- „Но зарем не добиваше временски услови какви што посакуваше?“
- „Да, добивав и затоа и сум збунет!“, бил очаен земјоделецот.
- „Дали освен дожд и сонце понекогаш побара ветер што ќе го зајакнеше стеблото и ќе го продлабочеше коренот?“
- „Не, не го сторив тоа!“
„Дали посака, снег, мраз, слана, кои што ќе ги активираа внатрешните потенцијали на растението за самоодржување, што на крај ќе резултираше со поголем плод?“, продолжи Бог.
- „Не, ништо од тоа не побарав.“
- „Тогаш, чедо мое, на најлош можен начин научи една голема животна лекција – Животот е можен само преку ПРЕДИЗВИЦИ.



Горната прикаска е парафразиран извадок од Дискурсот бр. 6 од делото „Јога, Алфа и Омега“ од Ошо Раџниш раскажана во една од неговите многубројни беседи во Пуна, Индија. Од истите, денеска постојат преку четиристотини печатени дела.
природа на овој Универзум – неговата дуалност


 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ако сакаш темава да остане како засебна, тогаш кажи кои прашања ги покренуваш со истата...Вака не овозможува дискусија, па би ја споила со темата во која има слични мудри/инспиративни текстови.
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Sakav da pokrenam diskusija za Dualnosta no gledam deka nema zainteresirani so stavovi za toa, pa ok spoj ja so taa tema
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Sakav da pokrenam diskusija za Dualnosta no gledam deka nema zainteresirani so stavovi za toa, pa ok spoj ja so taa tema
За да покренеш дискусија, повели, постави прашања кои ќе го придружуваат текстот, односно преку нив стави го фокусот на одредена суштина и верувам дека тогаш дискутанти ќе има.:smir:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
јас го прочитав текстов уште вчера ... инспиративно ... но стварно незнам шо да се дискутира ...
а инаку ми се совпаѓа и е супер текстов како и другите во темата Катче за инспиративни мудри/поучни ...
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Она што најмногу не засега е дуалноста на доброто и злото, и тоа посебно кога доаѓа од друг човек или луѓе. Овака непросветлени секако повеќе му обраќаме внимание на злото жестоко осудувајќи го и мразејќи го и грешникот заедно со злото, бидејќи не го знаеме рационалниот одговор зошто тој и тој го направил тоа и тоа гнасно дело, кое ни изгледа како непоправливо зло. Не веруваме и не го прифаќаме тој принцип на дуализам, а во неговото прифаќање лежи ослободувањето од него, лежи просветленоста, само така може светот да оди напред, зашто само со жестока омраза и осуда на злото светот не се ни помрднува напред.
Оу јеа! Ноу?
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Еве прво да ја согледаме дуалноста помегу паровите и како се надополнуваат


Дуални односи (узајамно допуњавање)

Квадар
Рационални парови Ирационални парови
1. алфа-Аналитичар - Животољубац
Проналазач - Посредник​
2. бета - Маршал - Лиричар
Инспектор - Наставник​

3. гама- Критичар - Политичар
Предузимач - Чувар​

4. делта - Мајстор - Психолог
Администратор - Хуманист​

Ово су односи потпуног психолошког допуњавања. Најоптималнији су за осигуравање животне делатности индивидуа. Ови односи су најповољнији, не треба да се један другом прилагођава. Дружећи са дуалом, човек може да остане усамљен. Дужности се расподељују природно, на природом установљен начин, и човек у таквом пару добије могућност да се бави оним шта за њега је занимљиво и није тешко.
У дуалним паровима ретко избијају конфликти, а ако и избијају, брзо и безболно се решавају. Партнери одговарају један другом као две половинке поцепане фотографије, које заједно сачињавају једну целину. Али баш због тога што се узајамно разумевање успоставља брзо и нема унутрашњих извора напрегнутости, дуал се не може одмах издвојити из других људи. Дуал се чини сувише једноставним и разумљивим, дакле, није вредан пажње. Ово је прва позиција коју може да заузме човек кад сретне дуала. Више је својствена за екстраверте. Друга позиција је кад себи говориш: сувише је добар за мене, тешко да ћу успети да му се допаднем. Ова позиција је својственија интроверту. Обе ове позиције се сусрећу код људи, који нису имали искуства дуалног општења у детињству.
Како ли да човек осети да га делује дуалност? Кад општи с дуалом, човек у почетку не осећа нарочитог комфора. Све тече свакидашње и не изазива неке нарочите емоције. Дуал се схвата као сенка, као нешто сасвим природно, дакле ништа не значи. Колико ти је овај човек био потребан, осећаш тек кад си се са њим растао. Губитак дуала човек осећа и доживљава веома болно, дуго време не може да се умири. Навикнувши се на дуала, стекавши искуство дуализације, најзад почињеш да схваташ да његово присуство те успокојава, пружи осећање заштићености. Овај ефекат се још више повећава код дуала с одговарајућим подтиповима.
Међутим, не треба и прецењивати значај дуалних односа. Ово је норма односа за свакидашњицу, за свакодневни живот и делатност. Стекавши дуалност, човек жели више, а наиме социјалну значајност своје личности, неку борбу, одступање од норме. У оквиру дуалности овај циљ се не постиже. Али кад човек нема дуалне заштићености, тешко му је да добије социјално признање. А уопште, човек не може да прође без дуализације само у двама случајевима: прво, кад је на коцку стављен сам живот човека, тј. да преживи у неповољним условима социјалне средине, и друго, кад се човек пења социјалним степеницама у условима оштре конкуренције, тј. за каријеру..
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Ова ти е од Ошо? Треба да прочитам нешто од него, суфиските приказни, за другите тешко да имам нерви. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom