Дечки, темава ја отворив да биде нешто како паралелно со Кајгана психолог, како опција. Значи некој ако може да напише дека има проблем и да си раскаже се на форум, а во тие проблеми може да има врска и социјализацијата, мислев дека ова е одличен начин луѓето што сакаат да помогнат на форум, ако сакаат и кој сака да се најде некому и надвор. Никој никого не сили да каже дека има проблем и да не викне да излеземе или пак тој да излезе за некому да помогне. Се е опционално. Затоа е форум, затоа се даваат мислења. Ова е само предлог за на тие што можеби би им требало сослушување, можеби кафе, дружење, да имаат каде да се обратат. И според мене најдобра работа со целава замисла е тоа што ако излезеш на кафе со непознати и таму разговараш за тоа што те мачи, ќе добиеш објективно мислење. Не може никој од нив да ти наштети зашто не те знае. Од мое искуство, многу повеќе штета можеш да си нанесеш ако зборуваш за ептен приватни теми со пријател што го сметаш за добар, имате заеднички пријатели, познаници, се движите на исти места, зашто не можеш секогаш да знаеш кој е каков. Често се случува да се излажеме во проценката за тоа кому да веруваме, па да згрешиме и да си нашететиме повеќе отколку што ќе си помогнеме. Затоа често разговорот со странец може доста да помогне. И да, можеме како правило да додадеме, за да избегнеме сеирџење и заебанции кога ќе излеземе... Сите што ќе излезат на кафето, да имаат право да кажат дека некој им пречи со однесувањето, најотворено се да си кажеме. И ако повеќето се сложат, дотичната особа да биде замолена да го напушти друштвото.
Инаку, тој што ќе реши да излезе... Сепак во негови раце останува опцијата да каже се што сака ние да знаеме, тој бира колку искрено и колку отворено и опширно ќе зборува. Целава идеја е отворена за промени и договори и правила ако има некој да додаде нешто. Целта е само добро, да се помогне некому, затоа feel free да кажете што сакате да се промени или додаде или одземе.