- Член од
- 3 март 2009
- Мислења
- 601
- Поени од реакции
- 178
Не знам дали е добар насловов, ама добив една идеја. Инспирирана од темата Кајгана псхилог, ми текна, дали е можно, да направиме еве оваа тема да биде место за договарање за излегување, ама кога се има проблем. Бидејќи ова е форум, секако дека преку 20 реда напишани што објаснуваат некој проблем, не може да се добие целосната слика за ситуацијата. Затоа, на пример ако некој има проблем, може да го напише на Кајгана психолог и да добие онлајн совети, а може и да напише на оваа тема дали некој би сакал тој и тој ден да излеземе и да зборуваме за тоа што не мачи, да си помогнеме. Верувам дека разговор во живо би имал многу поголем ефект. Можеме и да формираме групи па да не излегуваме по двајца, туку по повеќе. Ајде, верувам дека има луѓе што ќе понудат помош и надвор од форум, да се заангажираме.