Дружење за поддршка

Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Па тоа ти велам, ако ти е глупаво не го прави.:) Сето тоа е толку индивидуално.
Кажи ми, тебе полесно ти е да се довериш на некој што го познаваш 10-15 години или на некој што го знаеш 2-3 саати?
 

Sora_Dono

The 14th
Член од
22 октомври 2011
Мислења
129
Поени од реакции
35
Forata so celava stvar e so ne se poznaas, toa e dobro, site ke si daame objektivni odgovori.

A inace, sto se meni tice, ja sum najcudniot tip na forumov, you just don't know it yet, mene nisto ne me dira dakara, mozete slobodno kaj mene da se obratite haha.
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
284
Поени од реакции
102
Прочитај ме претходно.. јас се ставив себеси како пример за да наведам на можните недостатоци.:) Јас веќе имам кому да му зборувам за моите дешавки, си имам свој психотерапевт. Јас разбирам што ми зборуваш, но поентата ми е ако нешто не сакаш да правиш не го прави, секој си знае што е добро за себе и нема право да му суди на другиот за 'глупавите' постапки. Секоја придавка за нештата се само лично доживување на одредена личност кое не знам зашто да биде наметнато. Не би сакала да ме сфатиш премногу лично, ова е само мое размислување. Ова е само еден од начините на размислување:pipi:
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Кажи ми, тебе полесно ти е да се довериш на некој што го познаваш 10-15 години или на некој што го знаеш 2-3 саати?
Како можеш да се довериш на некого кого го знаеш само 2 или 3 саата не е битно тоа никогаш нема да се деси бар за мене :)
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Како можеш да се довериш на некого кого го знаеш само 2 или 3 саата не е битно тоа никогаш нема да се деси бар за мене :)
Ни на мене нема да ми се деси, за такви работи имам другари
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Ни на мене нема да ми се деси, за такви работи имам другари
Точно и не само другари може да се деси и на некој поблизок мислам братучеди , братучетки такво нешто а на некоја особа за еден ден да се доверам никогаш :)
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Точно и не само другари може да се деси и на некој поблизок мислам братучеди , братучетки такво нешто а на некоја особа за еден ден да се доверам никогаш :)
Види идејава не е лоша за тој што нема проблем да се довери на некој што го познава 2-3 саати, јас немам проблем да сослушам некој и да го посоветувам и да му помогнам, но јас лично не би се доверил
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Види идејава не е лоша за тој што нема проблем да се довери на некој што го познава 2-3 саати, јас немам проблем да сослушам некој и да го посоветувам и да му помогнам, но јас лично не би се доверил
Добро да за советување или некои работи мислам не толку битни може а веќе за навлегување на мојот живот не доаѓа во предвид се да се каже за себе (y)
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Дечки, темава ја отворив да биде нешто како паралелно со Кајгана психолог, како опција. Значи некој ако може да напише дека има проблем и да си раскаже се на форум, а во тие проблеми може да има врска и социјализацијата, мислев дека ова е одличен начин луѓето што сакаат да помогнат на форум, ако сакаат и кој сака да се најде некому и надвор. Никој никого не сили да каже дека има проблем и да не викне да излеземе или пак тој да излезе за некому да помогне. Се е опционално. Затоа е форум, затоа се даваат мислења. Ова е само предлог за на тие што можеби би им требало сослушување, можеби кафе, дружење, да имаат каде да се обратат. И според мене најдобра работа со целава замисла е тоа што ако излезеш на кафе со непознати и таму разговараш за тоа што те мачи, ќе добиеш објективно мислење. Не може никој од нив да ти наштети зашто не те знае. Од мое искуство, многу повеќе штета можеш да си нанесеш ако зборуваш за ептен приватни теми со пријател што го сметаш за добар, имате заеднички пријатели, познаници, се движите на исти места, зашто не можеш секогаш да знаеш кој е каков. Често се случува да се излажеме во проценката за тоа кому да веруваме, па да згрешиме и да си нашететиме повеќе отколку што ќе си помогнеме. Затоа често разговорот со странец може доста да помогне. И да, можеме како правило да додадеме, за да избегнеме сеирџење и заебанции кога ќе излеземе... Сите што ќе излезат на кафето, да имаат право да кажат дека некој им пречи со однесувањето, најотворено се да си кажеме. И ако повеќето се сложат, дотичната особа да биде замолена да го напушти друштвото.
Инаку, тој што ќе реши да излезе... Сепак во негови раце останува опцијата да каже се што сака ние да знаеме, тој бира колку искрено и колку отворено и опширно ќе зборува. Целава идеја е отворена за промени и договори и правила ако има некој да додаде нешто. Целта е само добро, да се помогне некому, затоа feel free да кажете што сакате да се промени или додаде или одземе.
 

Sora_Dono

The 14th
Член од
22 октомври 2011
Мислења
129
Поени од реакции
35
И според мене најдобра работа со целава замисла е тоа што ако излезеш на кафе со непознати и таму разговараш за тоа што те мачи, ќе добиеш објективно мислење. Не може никој од нив да ти наштети зашто не те знае.
That's what I said :P.

Se soglasuem btw.
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
284
Поени од реакции
102
Јас ја поддржувам идејата.. но имам некое чувство дека има веќе премногу спасители. Инаку браво за идејата.(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom