Дрога ( Наркотични дроги )

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Кога веќе се даваат совети...

 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
П.С. А се најдуваат ли овие
кај нас? Како сум чул кај што преовладува иглолисна шума или нема врска тоа!? :)
Amanita muscaria (муварка), да, ја има кај нас, сум ја среќавал низ шумите... само, не би верувал на она што го пишува по интернет... на Википедија, да речеме.... оваа, а особено A. pantherina (пантерка) се сметаат за најчести предизвикувачи на труења (па и со летални последици) на нашево поднебје. Оваа, затоашто најчесто погрешно се идентификува како Amanita caesarea (јајчарка), инаку класифицирана во многу атласи како една од највкусните габи на овие простори. Другата, затоашто погрешно се идентификува како Amanita rubescens (бисерка), исто така, на овие простори честа и јадлива габа

Процентот на алкалоиди варира од поднебјето и еколошките услови, а јас по сеќавање тврдам дека пантерката е една од најотровните, ако не и најотровна габа кај нас. Муварката не е ни малку покусо од неа....
Депресија на ЦНС, пад на крвен притисок, срцева блокада - name it.... ефектите се брзи и нема враќањеназад без соодветен противотров употребен правилно... само што, најчесто патот до болница е предолг....

За да цитирам точно, би требало малку да истражувам, ама по сеќавање - забележни се случаи на смрт од труење со габи (иако не можам со сигурност да тврдам дека е од овие видови - алкалоидите од овие габи обично се растворливи во вода) дури и по 6 месеци после конзумирање......

Ентеогени - знам, звучи кул, ама постои една поговорка: „сите габи се јадливи - некои само еднаш“.....

Поздрав...
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Играв quake пред некое време, онлајн, и во чет си праиме муабет со една холанѓанка(28) која пуши трава секој ден пошто нели таму не е забрането, дури им дозволуваат да си насадат по 2-3 корени дома. Финтата е што типкава беше бистра и паметна, а не испогубена и измешана како што е случај со повеќето хронични пушачи..

Сум пишувал пред некоја година есеи против травата(со добри аргументи) затоа што сум имал прилика да ги видам ефектите од близу и сум сведок на солидно пореметување на една пријателка. Кој е проблемот што кај некои не штети а кај други штети?

За чудо, мислам дека постои теорија. Научници докажале дека уствари травата била многу поштетна за луѓе испод 18 (хронично ако пушат), додека за повозрасните била скоро и безопасна. Еве ЛИНК. Мислам дека е битен овој податок.
 
B

Black Guard

Гостин
П.С. А се најдуваат ли овие
кај нас? Како сум чул кај што преовладува иглолисна шума или нема врска тоа!? :)
А да си набавиш вистинска халуциногена и да ја чуваш во тегло-не е нелегално мислам, само ќе треба да пазиш да не испаднат и други габи-па да биде лошо.

Сепак имај предвид секоја меџик машрум е ОТРОВНА!!
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Играв quake пред некое време, онлајн, и во чет си праиме муабет со една холанѓанка(28) која пуши трава секој ден пошто нели таму не е забрането, дури им дозволуваат да си насадат по 2-3 корени дома. Финтата е што типкава беше бистра и паметна, а не испогубена и измешана како што е случај со повеќето хронични пушачи..

Сум пишувал пред некоја година есеи против травата(со добри аргументи) затоа што сум имал прилика да ги видам ефектите од близу и сум сведок на солидно пореметување на една пријателка. Кој е проблемот што кај некои не штети а кај други штети?

За чудо, мислам дека постои теорија. Научници докажале дека уствари травата била многу поштетна за луѓе испод 18 (хронично ако пушат), додека за повозрасните била скоро и безопасна. Еве ЛИНК. Мислам дека е битен овој податок.
Бујрум: :свиркам:

"I've been consuming Cannabis since I was 16 years old (currently 61) I started college when I was 16 years old. I'm successful (Ph.D. in Molecular Biology & Biochemistry) & it hasn't impaired my reproductive capacity (fathered 4 healthy children, 2 were born when he was 55 & 57 years old)."
Dr. Robert Melamede

Ganja mothers, ganja babies

"In many cases, children from non-ganja using families were less successful in school than ganja children.

Facts confounded expectations in other ways. Women who were actively engaged in producing, buying, selling and administering marijuana often had the best-run households and the smartest children. One mother, a Rastafarian named Pansy, had her oldest child selling marijuana when Pansy was not at home. Yet, Pansy's children were ranked by teachers and principals as among the most intelligent, diligent and well-behaved of all students; they were ranked at the top of their classes.
Jamaican ganja women do not believe that marijuana can make a dunce into a genius, or vice-versa. When Dreher suggested to women with poorly-performing children that marijuana might be one of the reasons, the women denied it by saying that ganja can only enhance what is already there. "If a child be a dunce," one woman said, "[the use of ganja] can only make him a smarter dunce."

 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Кога ја отворив онака темата за да разбијам монотонија на работа помислив дека ќе прочитам какви се штетни ефекти предизвикува конзумирањето на наркотични ефекти врз човекот и дека истото не треба да се применува, а наместо тоа читам рецепти од самоиницијативни фармацевти која мешавина е подобра за користење, просто сум импресионирана од познавањата на некои членови.
Просто човек да се чуди до каде отиде светов.

Се што е хемија е штетно и третирано хемиски исто така генетски модифицирано е неприродно.
Индијанците пушеле тутун покрај оган и не станувале зависни од него, исто така џвакањето лисјата на кока во Јужна Америка не предизвикува зависност, е сега благодарение на фармакологијата фармацијата и модерната медицина си ги имаме денешните модерни зависности од цигари и кокаин.
Џвакањето на кока е стимуланс природен и апсорпцијата орална е бавна и стимулативна, а кокаинот е хемиски естрахиран брз и смртоносен.

Чоколадото е дрога и се станува зависен од него предизвикува афродизијак и чувство на задоволство.


Кокаинот е промовиран како лек против кашлица мислам или така нешто.

И оди Бил Хикс :icon_lol::

--- надополнето: 6 септември 2012 во 20:29 ---
Сурово реално зависник од хероин и метадон се снима себеси и останатите негови колеги зависници и на крај шлагот ибога :icon_lol:, човекот е жив и здрав до 2011 година пишува во коментар и е чист после одвикнување со помош на ибогата.



--- надополнето: 6 септември 2012 во 20:48 ---
 
B

Black Guard

Гостин
Има бе мефедрон во МКД ?

Не, тоа е всушност слично како кат-кој го има во растение во јордан толку е јако што го нарекуваат синтетичка кока или метхкантион.

Тука нема да го најдеш....можеби во индија, кина Филипијите а и не ти треба и така го шибаат во правта што ја шмркаат деците па затоа и забите им деградираат и се распаѓаат.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Не, тоа е всушност слично како кат-кој го има во растение во јордан толку е јако што го нарекуваат синтетичка кока или метхкантион.

Тука нема да го најдеш....можеби во индија, кина Филипијите а и не ти треба и така го шибаат во правта што ја шмркаат деците па затоа и забите им деградираат и се распаѓаат.
што ќе ми е мене бе, јас во зеленото сум верник и сеа сум наварен братко.. За другар од Србија прашвав, фала.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Да не има некој добро мастрафче ? И мене ми е за учење.
 
Член од
12 август 2012
Мислења
13
Поени од реакции
1
Бац. Најлесно е да го надрогираш детено со риталин.
Ено, ја имам две, едноно е флегма, го боли кур, не брза никаде, а бе, ја ко шо сум брз, ме вади од кожа. Другоно струја, само нешо праи, бара, пусти, шести, ме вади од кожа и тоа.
Ама да ги надрогам за да глеаат бесполезнине женки по дома турски серии или индиски, јок. Или за ја да го дрвам по форуми на раат. Јок такуѓере.

Нема шанса.

Е риталинот е за тие и такви измислен. И АДД и АДХД.

А бе, сакаат да не сведат сите на аморфна маса без мозок.

И ќе успеат, што со риталин, што со западно нилски курови трески, што со пиЌкин грип, а се преку дроги.

А риталин у јак алкохол, дробен, смартес би знаел, ама велат делуе како дејт рејп дрогана. Но тоа е друга тема целосно.
Штом е така ти нема зошто да се грижиш, твоите деца се сосема здрави.
Убаво ти кажа Дивидер.
Немој ти се молам. ADD, ADHD се американски измислици... За да се утешат родителите оти не можат да ги воспитаат децава или имаат проблеми во воспитување.
Децата со АДХД отсапуваат од нормалното однесување и имаат проблеми во животот поради тоа. АДХД се одликува со импулсивност, нагласена избувливост, која прави проблеми во односите помеѓу детето, врсниците, наставниците и родителите. АДХД предизвукува намалено внимание кое забелжливо се разликува од нормалното внимание на дете. Предизвикува заборавливост во обврските и намалени функции во мозокот кои ние луѓето секој ден ги користиме за планирање, организирање, раководење со време, контола на емоции, одржување внимание, одржување на мотивација, памтење на обврски..Сите овие функции се нарушени кај децата со АДХД поради невролошките разлики во некои делови од мозокот кај децата со АДХД. Разиграноста, односно хиперактивноста ја има кај децата со АДХД во детството но со годините опаѓа. АДХД имаат и возрасните. Освен по генетски пат АДХД може и да се стекне во текот на животот преку повреди на главата, или труење, оштетување на мозокот...Овој тип АДХД е полош од оној добиен по генетски пат. Риталинот не е совршено средство и не лечи но овозможува зголомена активност на невротрансмитерите во мозокот и на тој начин ги активира недоволно активните делови кај детето со АДХД. Многу е важно овие деца да се дијагностицираат на време затоа што може да се разочараат во текот на детството, да бидат избркани од училиште, да имаат лоши односи и малку пријатели, а имаат и поголема шанса да станат зависници поради нагласената импулсивност и при обид да се лекуваат самите себе. Риталинот ја намалува веројатноста детето да стане зависник и му овозможува да биде поуспешно во секојдневниот живот. Секако, како и многу други лекарства и риталинот може да има лоши страни, но за тоа дали ќе го користи или не е избор на родителите и детето. Риталинот е еден од најбезбедните лекови во психијатријата. Ако никогаш не си имал АДХД и никогаш не си проучувал во врска со тоа, можеби ти е тешко да го разбереш а можеби и не сакаш. Ама ако не сакаш да се замараш со вакви работи, тогаш барем не ги омаловажувај луѓето кои навистина имаат проблем.
Убаво ти кажа Дивидер.
Немој ти се молам. ADD, ADHD се американски измислици... За да се утешат родителите оти не можат да ги воспитаат децава или имаат проблеми во воспитување.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Има дроги што за разлика од овие обичниве(хемикалии) имаат сосема друг начин на дејство :D
Како ова да речеме
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Шо е идејава? Со видеово? Дека не го изгледав. Гледам друго во моментов.
Хвалоспевие на дрогите? Или?
 
B

Black Guard

Гостин
Ги имам пробано сите тие препарати и долго време ги имам користено и ниеден од нив не помага. Кафето понекогаш помага но има многу краткотраен ефект.
Не не, не така.

не може некогаш да помага а некогаш не бидејќи дејството е тоа посебно кај кофеинот кој е употребуван векови како слаб стимуланс(слаб е такоѓе релативно на некој осетлив да му дадеш две кафиња има да се чудиш како ги тресе рацете а па како штрака на тастатура уште повеќе) така да ако има ефект очигледно ти е малку, епа кажи колку сакаш да биде тоа долготрајно??

4-6 часа ако сакаш толку моеш да се напиеш кафе па да учиш 2 часа направи пауза од 2 часа па ете напиј се уште едно и пак учи 2 часа и ете ти 4 часа па до средно се мине со четири часа учење па што сака нека биде а сега и со помалку така да незнам што бараш повеќе??

Ако комбинираш гинко и Б6 за 2 месеца ќе има ефект нели билоба не е магично апче ами треба да чекапш 30-60 дена за да се прошират крвните садови и да имаш повеќе кислород во мозокот и ако си пиеш кафе еве по едно ќе биде доволно за твојата возраст мислам дека би било Ок.

А ако се жалиш на АДД а пушиш цигре пиеш алкохол тогаш мислам дека друго ќе да е работава него ти имаш дијагноза или само симптоми оти многу често се случува да симптомите се слично што и не значи дека болеста е иста затоа постои и Опсервацијата за да се утврди.

Мислам дека најдобро ќе биде да игнорираш овие симптоми посебно ако сега скоро си ги забележал па да ги препишуваш на АДД или ако само ако познаваш 2 субјекти кои имаат АДД(кој код го имаат??) и најлошо е што не се ни обидуваш да пребродиш туку само нешто ти смета:)

Терај само напред и пред да ојш на училиште за мотивација ќе урамиш слика од Груевски и пред да ојш нашколо ќе застанеш(со почит) и ќе речеш се Колнам во Крвта Македонска(и да си Босанец,Србин Албанец пак се важи ако си Тука роден ил претци имаш тука) дека нема да ги прекршам светите Идеали на Вмблом и дека нема да потклекнам пред предизвиците и ИСКУШЕНИЈАтаа АМИ(ННННН.

Ова пред училиште и после училиште пред Учење гарант ќе помогне, ако од дома те караат за сликата ондак стави го Б.Ц и тоа не е проблем али ако пак те караат тогаш Тито ќе помине гарант.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Децата со АДХД отсапуваат од нормалното однесување и имаат проблеми во животот поради тоа. АДХД се одликува со импулсивност, нагласена избувливост, која прави проблеми во односите помеѓу детето, врсниците, наставниците и родителите....

 

Kajgana Shop

На врв Bottom