На латински Datura stramonium fam.Solanaceae(на оваа фамилија припаѓаат уште и тутунот, буниката, лудото билје, доматот, компирот...). Содржи тропански алкалоиди, од типот на хиосциамин, скополамин, беладонин, кои можат да се најдат во семето, коренот и листовите.
Ефектите се должат на парасимпатолитичкото дејство на овие алкалоиди,односно се врзуваат за истите рецептори како и ацетилхолинот, нормален невротрансмитер во човечкото тело, но не ги исполнуваат, односно ги блокираат неговите ефекти.
Да се блокира парасимпатичкото дејство на ацетилхолинот,значи да се блокира лачењето на плунка и пот, да се блокираат мускулните контракции, значи да се предизвика релаксација, но тоа може да делува и на срцевиот мускул, во смисла на забрзана срцева работа, па да не испадне "Оп, отиде чоекот". Исто така, може да се јават и тн "мрзливи црева". Пореметувања во видот се должат на ефектот на мидријаза, односно проширување на зениците. Ацетилхолинот има и централно дејство, па неговото блокирање предизвикува халуцинации и еуфорија.
Татулата содржи и други состојки,кои делуваат анти-инфламаторно, имуностимулаторно, но во многу мали количини.