Државни граници, илузија или оправдување?

Курт Кобејн

Вистинскиот
Член од
25 јануари 2014
Мислења
56
Поени од реакции
73
Ја отварам темава затоа што се повеќе државните граници и она што тие го чуваат внатре, младите го користат како оправдување за седење пред кладилница и чекање џепарац за кафе.
Како човек што се согласува со онаа хипи-визија што била насилно згасната години пред јас да се родам, како жител на една мала, ама патриотски доста нафурана држава, неможам а да не се запрашам што не кочи?
Сами се кочиме.
Сите сакаме да сме успешни и да имаме куќа, кола, семејна идила... Тука доаѓаме до првото оправдување: "Државата".
Имаме можност да стекнеме образование од разни области, високо ценети во странство. (лично сум многу запознаен со светската берза за вработување и со тоа како се цени високо стручно образование во странство)
Тука како оправдување ни е "Не сме во ЕУ, неможеме да излеземе од државава"
Еден куп млади луѓе стигнаа до бугарски, амерички, какви се не пасоши и денес работат и живеат во странство. (ако си недоволно образован неможеш да очекуваш да те плаќаат каде и да си)
Тука доаѓа она главното, јас сум МАКЕДОНЕЦ и нема да потпишам дека сум Бугар, па макар моите деца сув леб да јадат. Е таа пречка е веќе психичка, наметната од страна на дебилни политичари, од една илузија наречена "држава" која во секој момент е спремна да жртвува еден куп млади животи за да одбрани свои цели и профити, додека истовремено тие исти патриотски напалени млади луѓе за ништо не би ја смениле.
Е тоа е проблемот. Ако сакаш да успееш, имаш милион можности. Ако те мрзи да се потрудиш, ќе си најдеш милион оправдувања, од патриотизам до актуелната состојба на државава.
 
Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Не братче, бугарскиот пасош за мене е баш политика а не опција. Ние не сме се довеле до ова од интерес кон тоа да создадеме држава, него обратно затоа шо прадедо ти *бееп* го болело за држава и све...со другото се сложувам....
 
Курт Кобејн

Вистинскиот
Член од
25 јануари 2014
Мислења
56
Поени од реакции
73
Не братче, бугарскиот пасош за мене е баш политика а не опција. Ние не сме се довеле до ова од интерес кон тоа да создадеме држава, него обратно затоа шо прадедо ти *бееп* го болело за држава и све...со другото се сложувам....
Бугарскиот пасош не е опција, туку е инструмент за да стигнеш до нешто. А прадедо ми да го болело за држава и све сега сигурно ќе сум живеел у странство. Уште од тогаш таа била актуелната ситуација, само прадедо ми бил "патриот" и ја оставил жена му на 30години со 4деца како самохрана мајка, бранејќи туѓи интереси. Ќе најдеш еден куп такви случаи, не можам ја да проценам дали се погрешни или правилни. Неможам јас да кажам дали треба да се брани државата или личните интереси. Единствено можам да изберам е како ќе постапам јас лично и дали ќе се потрудам да им обезбедам иднина на моите деца, или ќе застанам на страната на некои замислени идеали.
Уште еднаш ќе кажам, немој да се навреди некој, само искажувам мое лично мислење.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Јас мислам дека премногу ни го испија паметот,и медиуми,и весници,и телевизии...едноставно,почнавме да сакаме СЕ.Ама буквално СЕ.а факт е дека неможеш да имаш СЕ.факт е дека мора да има и сиромашни,и средна класа,и висока класа.Секаде во светот ги имаш овие три класи.Но има една работа која е вистинита...во други држави,можеш да напредуваш на работа..со тоа и поголема плата..но тие земји се ретки.Зарем во Бугарија све цвета ? или Америка ? животот во Америка на еде ннаш иселеник,се состои од станување,рмбање,доаѓање дома,спиење.24/7 освен празник и годишен одмор.Немаат време за ништо,и не го измислувам ова туку ми кажале мои блиски,бидејќи имам многу иселеници во странство.Ама и таму,не е дека они живеат на висока нога...и таму они се социјала.Но битно,се тргнале од тука,но што ти мења дали си сиромашен во Америка,или во Македонија,освен што ќе кажеш дека си од Вашингтон или незнам каде..а ние тука,сите сакаме да сме богати.Амаа буквално сите,и јас сакам да сум богат.Од тоа да нарачувам најскапи флаши на сепаре,и сите најаки пички да се околу мене,до тоа да имам неколку станови по Скопјево,викендица во Охрид,Маврово и Водно,да возам бесна кола..но неможе бре сите да сме богати,неможе сите да сме од високото.Поради тоа сите мислат дека ако избегаат,ќе бидат од високото.И се лажат дека се од високото,тие што избегале,со ретки исклучоци.Ако сиромаштијата е едини проблем,зошто тогаш циганиве не земат пасоши и избегаат некаде ? ако на нив им е убаво тука,што се буниме ние ?Незнам колку нема пари,а скоро секое дете носи марка патика,има паметен телефон,има дома таблет..маркетине се полни кога и да отидеш,продавниците исто така..трговски центри се отвараат на секој 5-6 месеци..ако нема пари,ќе нема пари,ако има пари,ќе се трошат пари,а парите треба некаде да се потрошат...значи,има пари,и поради тоа опстојува секој маркет,маркети има по 5-6 во една населба..и не сум видел некој да купи само леб и млеко,или леб и сол што јаделе порано нашите стари,па сепак не земале пасош бугарски...нашиот проблем е што сакаме СЕ да грабаме,алчни сме,и ниииишто не ни е доста.
 
Не би сакал да почнам нова расправија, а и те поддржувам во ова, не цветаат рози нигде. Само пример да ти кажам. Учам моментално компјутерски мрежи, здравје боже за година ипол треба да ги завршам и да ги зеам сите сертификати, после тоа имам загарантирана работа (кај роднина) во Лондон, со прилично голема плата, што ќе ми овозможи да си обезбедам стан и истовремено да учам факултет таму.
Можам да отидам единствено со бугарски пасош. (работна виза не ми е опција затоа што треба да учам и да работам истовремено)
Дали мислиш дека е правилно да кажам дека сум бугар и да отидам, или да тврдам дека сум македонец до коска и да останам овде со тие сертификати од по 300$ да работам работа со 19-20 000 месечна плата?
 
Ф

Флеш

Гостин
И да те надопунам и дека од многуте таканаречени пувла кои тролаат за Македонија се нигде,бегаат и земаат пасош за странство и ќе успеат таму и имаат некаква моќ да средат нешто за Македонија,не прават ништо .... Пример ви е Израел,колку дијаспората лобира и инвестира,а во дупло гомна се они,постојано под воена состојба,страв со ракета да не ти падне од Газа .... Пејсаж,се пустина во Израел,ненормални соседи од Сирија,Египет итн ... и пак ја покажуваат љубовта кон својата земја Израел и помагаат ... Од гомнојадци,подобро ќутете не зборувајтр дека сте за Македонија и се фалите со сонцето од Кутлеш на Фејс,ставете Америчко знаме,Германско,Белгиско,од Комонвелтот знакчиња и ФАК ОФ !!! :(
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.633
Поени од реакции
31.842
Не би сакал да почнам нова расправија, а и те поддржувам во ова, не цветаат рози нигде. Само пример да ти кажам. Учам моментално компјутерски мрежи, здравје боже за година ипол треба да ги завршам и да ги зеам сите сертификати, после тоа имам загарантирана работа (кај роднина) во Лондон, со прилично голема плата, што ќе ми овозможи да си обезбедам стан и истовремено да учам факултет таму.
Можам да отидам единствено со бугарски пасош. (работна виза не ми е опција затоа што треба да учам и да работам истовремено)
Дали мислиш дека е правилно да кажам дека сум бугар и да отидам, или да тврдам дека сум македонец до коска и да останам овде со тие сертификати од по 300$ да работам работа со 19-20 000 месечна плата?
Шо сакаш то, нема правилно. Ако ти кажам јас како е правилно, таквото правилно за тебе не мора да биде правилно и обратно, твоето правилно за мене да не е правилно.

Национализмот е потребен елемент за коегзистенција на една заедница. Било за задржување на внатрешните врски и јакнење на истите, било за одбрана од ,,надворешните" влијанија. Државата сама по себе може да ја гледаш и од друга страна, друг попозитивн агол. Пример ти пружи добра кои ти сам не можиш да си ги дозволиш и уредиш, комуналии, водовод, остваруваш цели кои сам како единка не можеш да ги оствариш оти ти треба нешто во стилот на надединка, колективитет кој ќе ти помогни во нивно реализирање, но од друга страна те клеца зато шо и се сака и си можи. А ако добро размислиш државата не те клеца тебе, туку те клецаат тие кои раководат со истата, тие кои ја имаат власта во свои раце.

Што се однесува до мене, јас тука останувам. Завршувам, барам работа, почнувам од некаде, не парирам одма за директорско место, пошто тукашинциве по дифолт мислат дека завршен факултет нуди одма директорска позиција каде ќе треба да клатиш вратата и да трошиш платата. Пари да се има за пристоен живот. Не ми се потребни илијадници евра за да бидам среќен. Најголема среќа ќе ми биде да имам семејство кое ќе биде во секојдневен контакт со пошироката фамилија. Некој ќе праша а што ако немаш пари да си фрлиш сол в очи? Тогаш за тогаш претпоставки има милион...Шо ако ми падни лото?
Горе долу се сметам за доволно способен да пронајдам нешто па макар и орлој нокти да ископам.

Често пати се потсетувам на примерот од еден професор. Човек со магистратура во Белград, и со докторски од Русија, работи како правник во фирма каде директорот му е со средно. Директорот е директор и како таков е тој над тебе, безразлика на тоа што твоето образование со неговото во ниту еден момент не се мери. Ти си под него и работиш тоа што треба да работиш. Тој зема 100 000, ти земаш 25 000 да речеме. Ама јас сум доктор на науки, ама тој копукот над мене не можи.....Е можи! Се снашол, му се потрефило, го наместиле или небитно, над тебе е во позицијата. Ако ти одговара ќе работиш, ако не фино лепо има друг кој со радост би ја прифатил твојата позиција. Па од тука новинар во МТВ, па сетне професор.
 
Па јас да сум на твое место,би отишол,би се трудел,би штедел,би заработил,би научил многу работи,и би се вратил овде,каде што сум роден,и би отворил нешто од тој стил,и не би дозволил да избегаат други деца од Македонија за Лондон,туку тука ќе им го дадам тоа,а они ќе бидат среќни и задоволни,што останале во својата земја,а го работат тоа што го сакаат.Проблемот е во оние кои што избегале,направиле купишта пари,и ги заболе за останатите а забораваат како им било на нив,и забораваат дека секоја генерација има многу такви деца како што биле они.
 
Курт Кобејн

Вистинскиот
Член од
25 јануари 2014
Мислења
56
Поени од реакции
73
Шо сакаш то, нема правилно. Ако ти кажам јас како е правилно, таквото правилно за тебе не мора да биде правилно и обратно, твоето правилно за мене да не е правилно.

Национализмот е потребен елемент за коегзистенција на една заедница. Било за задржување на внатрешните врски и јакнење на истите, било за одбрана од ,,надворешните" влијанија. Државата сама по себе може да ја гледаш и од друга страна, друг попозитивн агол. Пример ти пружи добра кои ти сам не можиш да си ги дозволиш и уредиш, комуналии, водовод, остваруваш цели кои сам како единка не можеш да ги оствариш оти ти треба нешто во стилот на надединка, колективитет кој ќе ти помогни во нивно реализирање, но од друга страна те клеца зато шо и се сака и си можи. А ако добро размислиш државата не те клеца тебе, туку те клецаат тие кои раководат со истата, тие кои ја имаат власта во свои раце.

Што се однесува до мене, јас тука останувам. Завршувам, барам работа, почнувам од некаде, не парирам одма за директорско место, пошто тукашинциве по дифолт мислат дека завршен факултет нуди одма директорска позиција каде ќе треба да клатиш вратата и да трошиш платата. Пари да се има за пристоен живот. Не ми се потребни илијадници евра за да бидам среќен. Најголема среќа ќе ми биде да имам семејство кое ќе биде во секојдневен контакт со пошироката фамилија. Некој ќе праша а што ако немаш пари да си фрлиш сол в очи? Тогаш за тогаш претпоставки има милион...Шо ако ми падни лото?
Горе долу се сметам за доволно способен да пронајдам нешто па макар и орлој нокти да ископам.

Често пати се потсетувам на примерот од еден професор. Човек со магистратура во Белград, и со докторски од Русија, работи како правник во фирма каде директорот му е со средно. Директорот е директор и како таков е тој над тебе, безразлика на тоа што твоето образование со неговото во ниту еден момент не се мери. Ти си под него и работиш тоа што треба да работиш. Тој зема 100 000, ти земаш 25 000 да речеме. Ама јас сум доктор на науки, ама тој копукот над мене не можи.....Е можи! Се снашол, му се потрефило, го наместиле или небитно, над тебе е во позицијата. Ако ти одговара ќе работиш, ако не фино лепо има друг кој со радост би ја прифатил твојата позиција. Па од тука новинар во МТВ, па сетне професор.
Неможам да не се сложам со тебе, како и да гледаш семејството има најголема вредност. Муабетот е дека секој треба да прави како што мисли, не како што му налага некој со морален или законски акт. Мене едноставно најдобар начин на живот ми е со патување, сакам од кога ќе го завршам факултетот во Лондон (сите имаме право да сонуваме, јас го осеќам сонов многу возможен :D ) , да шетам, да учам од луѓето за луѓето, а после тоа, планирање семејство и тоа каде ќе биде тоа не зависи само од мене, зависи и од таа што ќе биде со мене.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.633
Поени од реакции
31.842
Неможам да не се сложам со тебе, како и да гледаш семејството има најголема вредност. Муабетот е дека секој треба да прави како што мисли, не како што му налага некој со морален или законски акт. Мене едноставно најдобар начин на живот ми е со патување, сакам од кога ќе го завршам факултетот во Лондон (сите имаме право да сонуваме, јас го осеќам сонов многу возможен :D ) , да шетам, да учам од луѓето за луѓето, а после тоа, планирање семејство и тоа каде ќе биде тоа не зависи само од мене, зависи и од таа што ќе биде со мене.
И ова не мора да значи. Тоа во нашево мислење има вредност, но имаш луѓе кои не се поврзани со своите родители, или не во толкав интензитет или уште полошо не ги сакаат родителите бидејќи да речеме од мали имаат лошо детство, со душа чекаат да пораснат за да се оттарасаат од истите, гледаат што побрзо да се осамостојат и да не им видат очи. Се се тоа карактери и карактери. Ако наидеш на ваков лик, тој нема да се сложи со ваквата твоја констатација. Имаш и ликови кои сакаат да изградат кариера, да си трошат сами парите, да немаат жена/деца бидејќи не гледаат радост во таа работа. Имаш ликови кои сакаат пример со парите да го изнашетаат цел свет без притоа да се врзуваат за едно конкретно место. Не можеме нив да ги судиме затоа што размислуваат поинаку од нас. Секој како сака така нека прави. Начинот на кој нештото ќе го направи тој самиот го избира................

Ако одиме со рангирање на вредности, една така поопшто прифатена мисла е дека човечкиот живот има најголема вредност, па потоа иди се останато :)
 
У право си :D
Ама вредност е и да најдеш некој што размислува како тебе, да се идентификуваш.
Водењето комуникација за да ги прошириш твоите гледишта, наместо да ги одбраниш какви што се, е многу добра работа само за жал ретко кој практикува таков пристап.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.499
Поени од реакции
2.407
Ја отварам темава затоа што се повеќе државните граници и она што тие го чуваат внатре, младите го користат како оправдување за седење пред кладилница и чекање џепарац за кафе.
Како човек што се согласува со онаа хипи-визија што била насилно згасната години пред јас да се родам, како жител на една мала, ама патриотски доста нафурана држава, неможам а да не се запрашам што не кочи?
Сами се кочиме.
Сите сакаме да сме успешни и да имаме куќа, кола, семејна идила... Тука доаѓаме до првото оправдување: "Државата".
Имаме можност да стекнеме образование од разни области, високо ценети во странство. (лично сум многу запознаен со светската берза за вработување и со тоа како се цени високо стручно образование во странство)
Тука како оправдување ни е "Не сме во ЕУ, неможеме да излеземе од државава"
Еден куп млади луѓе стигнаа до бугарски, амерички, какви се не пасоши и денес работат и живеат во странство. (ако си недоволно образован неможеш да очекуваш да те плаќаат каде и да си)
Тука доаѓа она главното, јас сум МАКЕДОНЕЦ и нема да потпишам дека сум Бугар, па макар моите деца сув леб да јадат. Е таа пречка е веќе психичка, наметната од страна на дебилни политичари, од една илузија наречена "држава" која во секој момент е спремна да жртвува еден куп млади животи за да одбрани свои цели и профити, додека истовремено тие исти патриотски напалени млади луѓе за ништо не би ја смениле.
Е тоа е проблемот. Ако сакаш да успееш, имаш милион можности. Ако те мрзи да се потрудиш, ќе си најдеш милион оправдувања, од патриотизам до актуелната состојба на државава.
На пример можеш како за почеток да научиш дека вакви наводници не постојат во македонскиот јазик ("").

Политичарот не ми наметнал за да ја сакам мојата држава, мојата нација. Нацијата не е создадена од политичари. Секој има право да земе бугарски пасош, но кога ќе го земе, колку што сум слушнал се кажува дека е бугарин и ништо друго. Да имаше вистински патриотизам сигурно немаше сега да биде нашата држава на ова ниво.
 
Стварно незнам од кај ти е тоа со наводниците, ама самото тоа што ми бараш граматички грешки кажува дека немаш баш аргументи да ми го побиеш ставот.
А за тоа дека кажуваш дека си бугарин на интервју ми е и муабетот, луѓето не се разликуваат според тоа дали се бугари или се македонци, кога не би се делеле по националности, религии, раси, светот би бил многу подобро место за живеење. Проблемот е во тоа што човечката свест не е на тоа ниво да може да прифати такво отворено мислење. Имаме потреба да се делиме и после очите да си ги вадиме затоа што сме поделени. А вистинскиот патриотизам и ни ја донесе државата до ова дереџе, затоа што ако се сеќаваш само ние бевме мирни и молчеливи кога се делеше југославија, само ние поминавме без некои посебни проблеми. Другите соседи (националисти и патриоти) очите си ги извадија во братоубиствени војни, па и ден денес се караат кој бил у право!
--- надополнето: 25 јануари 2014 во 19:35 ---
Политичарот не ми наметнал за да ја сакам мојата држава, мојата нација. Нацијата не е создадена од политичари. Секој има право да земе бугарски пасош, но кога ќе го земе, колку што сум слушнал се кажува дека е бугарин и ништо друго. Да имаше вистински патриотизам сигурно немаше сега да биде нашата држава на ова ниво.[/quote]
Сега приметив за што збориш. Да, нема такви наводници, ама не сум запознаен со долни наводници на тастатурата па затоа ги користам тие. Како и да е далеку од темата ти е констатацијава.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Ја отварам темава затоа што се повеќе државните граници и она што тие го чуваат внатре, младите го користат како оправдување за седење пред кладилница и чекање џепарац за кафе.
Како човек што се согласува со онаа хипи-визија што била насилно згасната години пред јас да се родам, како жител на една мала, ама патриотски доста нафурана држава, неможам а да не се запрашам што не кочи?
Сами се кочиме.
Сите сакаме да сме успешни и да имаме куќа, кола, семејна идила... Тука доаѓаме до првото оправдување: "Државата".
Имаме можност да стекнеме образование од разни области, високо ценети во странство. (лично сум многу запознаен со светската берза за вработување и со тоа како се цени високо стручно образование во странство)
Тука како оправдување ни е "Не сме во ЕУ, неможеме да излеземе од државава"
Еден куп млади луѓе стигнаа до бугарски, амерички, какви се не пасоши и денес работат и живеат во странство. (ако си недоволно образован неможеш да очекуваш да те плаќаат каде и да си)
Тука доаѓа она главното, јас сум МАКЕДОНЕЦ и нема да потпишам дека сум Бугар, па макар моите деца сув леб да јадат. Е таа пречка е веќе психичка, наметната од страна на дебилни политичари, од една илузија наречена "држава" која во секој момент е спремна да жртвува еден куп млади животи за да одбрани свои цели и профити, додека истовремено тие исти патриотски напалени млади луѓе за ништо не би ја смениле.
Е тоа е проблемот. Ако сакаш да успееш, имаш милион можности. Ако те мрзи да се потрудиш, ќе си најдеш милион оправдувања, од патриотизам до актуелната состојба на државава.
Искрено темава нема никаква врска со подфорумот „психологија и философифа“ туку всушност се работи за барање на поддршка за твојата одлука да земеш бугарски пасош. Мене лично воопшто не ми смета да земеш (ти или некој друг) туѓ пасош во потрага по подобар живот и гола егзистенција, напротив не гледам ништо патриотско да гладуваш во држава која со својот Устав ти гарантира право на работа и слобода на работа, а во пракса е сосема поинаку. Ако претставува привилегија за богатите да купуваат државјанство на Малта за 600000 евра, зошто би било срам за обичен смртник да земе бугарско државјанство со единствена цел да обезбеди егзистенција за себе и за своето семејство?
 
Нема никаква врска со мене. Нема ни толку врска со бугарскиот пасош.
Темата е за патриотизмот и илузиите наметнати од водачите на општеството.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom