Државата ќе субвенционира половина од учеството за купување на стан или куќа?

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Али новоградби се скапи. Под таа цена ретко негде да најдеш. Најдов пример 52 м2 за 65.000 евра (другите се и по 80, 90 и 120 илјади). Со 20% учество (13.000 евра) со 20 години рата е скоро 400 евра. За 25% (16.200 евра) со 15 години рата е 425 евра. Дали може едно просечно семејство со вк. приход до 900 евра да преживее и да плати рата? Додуша оваа категорија не можат да го платат ниту учеството.
Само 2-3 месеци да не може да исплати (упис на дете, болест, доцнење/намалување на плата, висок дополнителен трошок...), отиде станот (како што отидоа доста голем број коли назад у заплена). А не може, со вистински (нескриени додатни) приход не може. Десет илјади одат само за струја зиме, а школо, храна, обувка, вода...Или може ама децата и трошоците да ги покриваат баба, дедо...ако имаат поголеми пензии.
Ставревски во случајов или е гаталецот или имаат сосем друга намера со разработка на одредени град. фирми и давање станови (како социјалните) под рака.
Во секој случај повторно 2 просечни плати (околу 40-42.000) не можат да покријат вакви трошоци и ќе си останеме со куси ракави по 3 фамилии у барака...ама лето иде :)

Едино ако не важи за Скопје, тоа е друга работа. Друга цена на квадрат.
Епа ќе си дојдеш у Куманово,имаш станови на добра локација за 700-800 евра квадрат :)
 
JohnWayne

Master
Член од
10 мај 2007
Мислења
194
Поени од реакции
16
си направија портокаловите многу многу згради и сега дојде време да се продава, а никој нема пари да ги купи... И настапија онака домаќински како што си знаат - брзо земаме кредитиииии... И детето со темата... не можи да не мешаме политика кога во оваа т.н "држаВА" се е поврзано со политика, а поради фактот што се неоригинални со криминалот портокаловите т.е знаат да крадат само со градежни финти и маркетинг на владата и "културни објекти и споменици", прво го намалија ДДВ за истиве а сега ќе даваат учество и ќе ја плаќаат каматата,на овој начин им помагаат и на банките и на БИЗНИСМЕНИТЕ страшни што им ги перат парите(единствените 2 гранки на кои не им треба помош моментално во државава се банките и градежните фирми) и по некои 2-3 години редно е да си ги плаќаат и од буџетот фулл становите.... ЖИВЕО ДРУЖЕ ТИТО звани паја :)))) а ова не е нешто бесплатно, сите ќе ги плаќаме кредитите што ги подигнаа во изминативе неколку години
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Просто опишано:
Државата има буџет,буџетот го полнат фирмите и остатокот граѓаните.Граѓаните кој работат во администрација со цифра од 150 000 лица земаат плата од буџетот и имаат предност во добивањето кредити. Буџетот е во вечен минус и нема капацитет за плус. Од тој минус ние ќе даваме субвенција за станови која субвенција не покрива ни врата од станот. Потоа граѓанинот ќе се упати во банка каде ќе си го заложи станот од родителите под хипотека и ќе ги земе остатокот од парите. Оние што имаат пари веќе имаат станови, така да со цутот на економијата и продуктивните проекти во земјава кој се изградија изминативе години се очекува економијата во земјава да се зголеми за 50%. 45% ќе биде од туристите ширум светот кој ќе дојдат да се сликаат на центар,а останатите 5 % од другари на пензионерите кој биле во македонските бањи. И така сиромавиот добро ќе си живее во својот стан,да не речам во својот контејнер на улица. Банките ќе си се крмат,урбаната мафија ќе си гради станови,политичарите ќе си земаат мито за брзите закони за урбанизам и се така натаму.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Dobro napisano , ama maalku doobjasnuvanje na pacerive....:)
Vo Makedonija NE SE STVARA PARA..nesto mnogu malku...drugoto e KREDIT te. prodavanje na Makedonskata idnina i doznaki na onie koi rabotat vo stranstvo. So kreditite i iscedenite od narod pari, od onaa crkavica od ona nesto mnogu malku.koe se stvara na nivite i po tekstilnite gulazi..se finansira budzetot.
Od nego se plakjaat i kohortite drzavni sluzbenicio, policija i vojska, kako i matnite javni raboti ( kade patem, mnogu se krade i fuserizira nekvalitet).
Od platite, po tie budzetski osnovi ke se kupuvaat tie stanovi....toa znaci samo edno..NEMA da bidat kupeni so svezi zaraboteni pari...zatoa i tie kupista stanovi treba da se gledaat samo kako skamenet kredit koj e smrznat...neinvestiran vo nesto sto posle ke nosi NOVI PARI i za vrakanje na vlozenoto vo nego , a i za profit....od koj se zemaat platite...i ke se kupuvaat stanovi :)
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Не гледај толку еднострано..Ти може и јас ништо не добиваме дирекнто,ама индиректно сигурно.. Со тие пари,со даночни пари се градат патишта,се реновираат школи,болници, се купуваат лекови ..недај боже утре да се разболиш или ти или ја , и отидеш во болница и да нема една инфузија.. Со тие пари се финансира образование,ќе сакаш утре твоето дете да го запишеш на факултет со мала партиципација,рестото кој го финансира..? Задутре ќе сакаш поголема пензија..од каде ?
Знам дека приватниот сектор е во криза и уште недоразвиен,точно е дека има простор за намалување на многу даноци..ама да не гледаме се толку од темната страна
Со кои пари бе... Какво земјоделие какви црни ѓаоли.. Имаме едно од најнепродуктивните земјоделски производства на свет.. Па и на 80 денари нафта и необразовани традиционални земјоделци и не можеш да очекуваш повеќе. Извозот расти оти парите се ефтини а стоките скапи. И нас не не спасува земјоделие од тотален пропаст туку гастербајтери. Задутре ако ја направиш математиката нема да имаш никаква пензија и ги молам сите од 20-35 години да почнат да си тргаат пари за стари денови оти нема да имаат пензии за корка леб по тековнава траекторија.

Кој го финансира здраството ? 30% невработеност го финансира.. Како ? Преку енормните давачки арачи на плати што се плаќаат што се основа на невработеноста а служат за финансирање на непроудктивно државно здраство.

А си се запрашал ли некогаш ако не ги троши тие пари владата кај ќе завршат? Во приватниот сектор, во штедење инвестиции и капитал и опрема. Ќе има реално производство вистински извоз( за разлика од овај ценовно/моентарно индуциарниот). Сосема погрешно е да мислиш дека било која влада било кога потрошила макар и еден денар што ќе го подобри животот на македонците.. Животот ќе се подобри кога ќе се појави просперитет и развој, тоа ќе го нема додека се оданочуваме и заборчуваме до гола кожа.

--- надополнето ---

Епа ќе си дојдеш у Куманово,имаш станови на добра локација за 700-800 евра квадрат :)
Добра понуда богами... Имате море вие во Куманово ? Оти во Варна има недвижнина за исите пари на море...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Добра понуда богами... Имате море вие во Куманово ? Оти во Варна има недвижнина за исите пари на море...
Па иди на Варна ебате..и не ми се прави експерт многу..преку на Тасета ми е такво од експерти
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Па иди на Варна ебате..и не ми се прави експерт многу..преку на Тасета ми е такво од експерти

--- надополнето ---

Dobro napisano , ama maalku doobjasnuvanje na pacerive....:)
Vo Makedonija NE SE STVARA PARA..nesto mnogu malku...drugoto e KREDIT te. prodavanje na Makedonskata idnina i doznaki na onie koi rabotat vo stranstvo. So kreditite i iscedenite od narod pari, od onaa crkavica od ona nesto mnogu malku.koe se stvara na nivite i po tekstilnite gulazi..se finansira budzetot.
Od nego se plakjaat i kohortite drzavni sluzbenicio, policija i vojska, kako i matnite javni raboti ( kade patem, mnogu se krade i fuserizira nekvalitet).
Od platite, po tie budzetski osnovi ke se kupuvaat tie stanovi....toa znaci samo edno..NEMA da bidat kupeni so svezi zaraboteni pari...zatoa i tie kupista stanovi treba da se gledaat samo kako skamenet kredit koj e smrznat...neinvestiran vo nesto sto posle ke nosi NOVI PARI i za vrakanje na vlozenoto vo nego , a i za profit....od koj se zemaat platite...i ke se kupuvaat stanovi :)
И тие дознаки ќе пресушат кај и да е...
Се повеќе е во тренд цела фамилија пакување и надвор или барем браќата сестрите . Оние кои имаат некој овде се најчесто стари родители кои брзо ќе испоцркаат во нашево здраство
Жал ми е за тие што се доволно смотани да не побараат канадска зелена карта додека можат . Пред конзервативциве ги ебат работите .

--- надополнето ---

Кој го финансира здраството ? 30% невработеност го финансира.. Како ? Преку енормните давачки арачи на плати што се плаќаат што се основа на невработеноста а служат за финансирање на непроудктивно државно здраство.

.
Господ и будалите кои ќе останат овде кои ќе бидат експлатирани како најдолни црнци.

Патем Оние кои веруваат дека банките не даваат пари туку така се глупави да банките бараат хипотеки или коли ама на крај краева тие вредат колку што луѓе има спремни да платат. Некад отиде некој на страните на комерцијална стопанска да види колку недвижен имот има за продавање. Згора на се цените на станови и куќи има да паднат брзо и тоа никој нема да му се верува од проста причина што овде банките запленуваат станови куќи за суми кои се една третина од нивната сегашна вредност. О и имаме повеќе од 10 посто деликвентност на кредитите и се качува се повеќе .

Само не знам како ќе го преживееме американциве од 5 посто им рипна на 20 и нешто посто невработеноста ( неофицијални бројки а официјални 9 посто со разни бироктратски вратоломии)

Ние ?
30 и нешто посто сега , а за година две? 45?
50?
60?

П.С. Прво нешто што ќе се случи е ќе паднат наеднаш невижнините во Охрид од проста причина што во градов секој 2 стан е купен како викенд-инвестиција стан а цените се ненормални .
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Па иди на Варна ебате..и не ми се прави експерт многу..преку на Тасета ми е такво од експерти

Он не ти се прави експерт,он за тебе е ЕКСПЕРТ!
А ако не ти се допаѓа слободни иди на твојата струка во филозофија и не сметај во економија кога немаш блага веза од неа.Ем шуто ем боде бог да чува.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Мене меркава за субвенции све повеќе ми изгледа како награда за јавните службеници, таканаречени партиски војничиња.Не верувам дека ако си од погрешната партија ќе ти дадат кредит, а све ми се чини дека после некоја година ќе им го простат кредитот на тие што го подигнале.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Он не ти се прави експерт,он за тебе е ЕКСПЕРТ!
А ако не ти се допаѓа слободни иди на твојата струка во филозофија и не сметај во економија кога немаш блага веза од неа.Ем шуто ем боде бог да чува.
На 22 години НЕМОЖЕ да ми биде експерт,па колку и да е паметен .. Може повеќе знае економија од мене, ама ме нервира тоа што ја кога ќе изнесам некој мој личен став ,сите ми се фаќаат за мојов како слеп за стап, ко ја да седам у кабинет и спроведувам мерки.. Ме нервира тоа што нема никаква дискусија и размена на ставови,него све се иде на покажување "мускули" од таканаречените експерти.. и за се нешто се меша политика,наместо да се изнесе сопствено мислење..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275

Цитро, експерти по економија нема да ги боле уво за БДП и банкрот на градежни фирми ако се од просечна службеничка или радничка фамилија и ако имаат неколкучлено семејство да го издржаваат. Ќе ги боле да добијат стан беспари.
Вака се останува само на теории. Али едно забораваат дека и нивните претци дошле у Скопје или биле тука па СР Македонија им дала со "субвенции" беспари стан-боља субвенција здравје. Глупо е што не дадат стварно скоро цел стан џабе затоа што вака не може да се купи ни под разно, значи промашена мерка за овие категории граѓани.
Џабе економисти/експерти ради кои за 20 години сме 33% невработени и најсиромашни, а за тоа време нашите банки упорно остваруваат огромни милионски добивки...со се поголеми инвестирани пари у Народна банка место у стопанство.

Епа ќе си дојдеш у Куманово,имаш станови на добра локација за 700-800 евра квадрат :)
Btw, во Бутел становите, куќите се по 500 евра просек. Поефтини сме и до Варна, а имаме фина околина, поглед, стока и ниви
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
На 22 години НЕМОЖЕ да ми биде експерт,па колку и да е паметен .. Може повеќе знае економија од мене, ама ме нервира тоа што ја кога ќе изнесам некој мој личен став ,сите ми се фаќаат за мојов како слеп за стап, ко ја да седам у кабинет и спроведувам мерки.. Ме нервира тоа што нема никаква дискусија и размена на ставови,него све се иде на покажување "мускули" од таканаречените експерти.. и за се нешто се меша политика,наместо да се изнесе сопствено мислење..
Не е моја вина што ти изнесуваш погрешни ставови.Тоа е поентата на дискусијата, да се фатиме за твојот став ако е погрешен и да дискутираме. Тоа личен став го сваќаш како нешто лично ? Демек е неменливо и секогаш точно или праведно ? Јас ретко пишувам по други теми оти имам малку што да кажам а немам и време многу. За економија пошто го студирам тоа форумов ми е ментална гимнастика и повтороување.

Политика и економија се поврзани.. И акко што те разбрав треба да го изнесиме мислењето и толку ни говор ни поговор... дискусија е изнесување,услогласовуање и спротиставување на аргументи... барем така го разбирам тоа.

Како што кажав малку пишувам за друго оти малку можам да кажам и ако тоа што го кажувам за економија ти личи на покажување мускули then so be it.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Мили мои, ако купувате стан-купете во згради изградени во мрачниот социјализам

За ваше добро ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom