Државата ќе субвенционира половина од учеството за купување на стан или куќа?

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Субвенциите во нормалните земји не доаѓаат од ДДВ-то и од сличните даноци кои го полнат буџетот од Физичките и правните лица регистрирани во самата држава.
HINT: CAP во EU Како се исполнува?
Е од кај доаѓаат ?

--- надополнето ---

(Малку така офтопик...)
Субвенциите во земјоделието можеби се добри, растот на извозот е супер (ако го има), НО грозјето, на пример, пошо мене ме интересира тој продукт, никогаш не било со пониска цена. Всушност, ти даваат некоја субвенција, ама грозјето го даваш бесплатно. На крај математиката вели дека пакетчето е тоа, само сега е во поинаква хартија завиткано.

(Авторот е информиран за грозјето од прва рака) :wink:
Мислам дека грозјето никогаш и немало некоја висока цена,.. А ме интересира, трпезното грозје, дали се извезува на странски пазари..која сорта садите..? само за винарските визби,или за пазар
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Ти свесен си што збориш..? нејќеш субвенции во земјоделие? знаеш ли за колку е зголемен извозот на земјоделски производи последнава година ..? за + 400 милиони евра ..свесен ли си колку се тоа пари за Македонија..да не се земјоделците и градежниците овој период,можевме комотно да си го цицаме...прстот у уста.. Во секоја нормална држава има субвенции,не лупетајте.. Ти ако си за укинување на субвенции за земјоделие, ја сум ондак да се укине и бесплатното здравство и сините картони ! Што к*р ние .. и тоа е комунистичка мерка во некој вид :tapp:..
Што добивам бе јас од тоа што Македонија извезла 400мил пиперки? Приватниот сектор е човече убиен во поим! Поголеми и поконкуренти плати јас нема никогаш да добијам.Што например јас добивам од тоа што јавната администрација ке добие поголеми плати, може да добијам само поголеми даноци.
И зошто јас да не добијам субвенции или пак приватниот сектор, што се земјоделците привилегирани?!
За здравствениот систем да не почнувам...
Едноставно сакам влада што ке овозможи фер услови за нормално пазарно општество, да можам да си земам кредит од сопствени примања, без незнам какви субвенции.
BTW, ако не си информиран сите субвенции, било какви, доаѓаат од мојот и твојот џеб.
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Мислам дека грозјето никогаш и немало некоја висока цена,.. А ме интересира, трпезното грозје, дали се извезува на странски пазари..која сорта садите..? само за винарските визби,или за пазар
Вака сега, моите располагаат со малку лозови насади, но имам еден куп пријатели и роднини кои имаат многу. Грозјето јас од кога памтам, да речиме некои 10 години, никогаш немало добра цена, ама до пред некоја година беше подобро од сега. Тогаш сметавме дека е ниска, ама да знаевме дека вака ќе дојде ќе бевме задоволни. Значи, да речиме (отприлика зборувам) пред 5г Вранец/Кртошија беше околу 12ден, сега можеби е 8ден. Значи ако имаш 10 тона (мало лозје), пред 5 год си имал 2000е, сега имаш 1300е. Е богами не е мала разлика. За трпезно некој друг нека каже, не сум запознаен толку.
 

шеф на подземје

зумбулот
Член од
25 август 2010
Мислења
1.213
Поени од реакции
76
Точно но и повисоки цени на земјоделските производи и домашно создадена инфлација
му ги плакаат на земјоделците парите од предадените култури ?.НЕ .епа во овој случај не верувам дека му е битна цената .
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Koлку имаме инфлација ? Колку претходно имавме? Колку имаат другите земји од соседството?
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во март 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 16.2%, а кај аутпутот е зголемен за 15.0%. Во март 2011 година, во споредба со март 2010 година, индексот на цените на инпут 1 односно тековно потрошени средства во земјоделството изнесува 116.6, а индексот на цените на инпут 2 или средства наменети за инвестиции во земјоделството изнесува 103.3. Според податоците на ДЗС, во делот аутпут, во март 2011 година, во споредба со март 2010 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 116.8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 106.3.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Што добивам бе јас од тоа што Македонија извезла 400мил пиперки? Приватниот сектор е човече убиен во поим! Поголеми и поконкуренти плати јас нема никогаш да добијам.Што например јас добивам од тоа што јавната администрација ке добие поголеми плати, може да добијам само поголеми даноци.
И зошто јас да не добијам субвенции или пак приватниот сектор, што се земјоделците привилегирани?!
За здравствениот систем да не почнувам...
Едноставно сакам влада што ке овозможи фер услови за нормално пазарно општество, да можам да си земам кредит од сопствени примања, без незнам какви субвенции.
BTW, ако не си информиран сите субвенции, било какви, доаѓаат од мојот и твојот џеб.
Не гледај толку еднострано..Ти може и јас ништо не добиваме дирекнто,ама индиректно сигурно.. Со тие пари,со даночни пари се градат патишта,се реновираат школи,болници, се купуваат лекови ..недај боже утре да се разболиш или ти или ја , и отидеш во болница и да нема една инфузија.. Со тие пари се финансира образование,ќе сакаш утре твоето дете да го запишеш на факултет со мала партиципација,рестото кој го финансира..? Задутре ќе сакаш поголема пензија..од каде ?
Знам дека приватниот сектор е во криза и уште недоразвиен,точно е дека има простор за намалување на многу даноци..ама да не гледаме се толку од темната страна
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Не гледај толку еднострано..Ти може и јас ништо не добиваме дирекнто,ама индиректно сигурно.. Со тие пари,со даночни пари се градат патишта,се реновираат школи,болници, се купуваат лекови ..недај боже утре да се разболиш или ти или ја , и отидеш во болница и да нема една инфузија.. Со тие пари се финансира образование,ќе сакаш утре твоето дете да го запишеш на факултет со мала партиципација,рестото кој го финансира..? Задутре ќе сакаш поголема пензија..од каде ?
Знам дека приватниот сектор е во криза и уште недоразвиен,точно е дека има простор за намалување на многу даноци..ама да не гледаме се толку од темната страна
Ние сме оддамна во темната страна, ама да не одам офтопик, се надевам биќе боље.
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Многу убав наслов: дражавата ќе субвенционира купување на станови? Ама ако се навлеза подлабоко почнуваат проблемите. Од каде пари за тоа, кого ќе субвенционираат и каде ќе одат парите од субвенциите?

Ако парите дојдат од дома, без разлика како се собрани тогаш тоа е во ред. Не би смеело да се задолжуваме во странство за тоа.

Условите што се поставени (900 евра приход, до 50 000 евра стан, да немаат имот) многу го стеснуваат изборот на луѓе кои би ги користеле тие субвенции. Освен тоа, кој ќе го набљудува спроведувањето на условите? Државни службеници кои се подложни на манипулации и се наоѓаат на разно-разни списоци.

Становите мора да бидат новоградби. Што значи тоа? Има ли новоградби во Свети Николе или Дебар? Или субвенциите ќе бидат само за Скопје? Да не излезе дека тие што ги граделе „нашите“ се новоградби, а тие што ги граделе „вашите“ не се.

Воопшто и да не навлегувам во евентуалните влијанија врз економијата, без разлика дали се позитивни или негативни.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Становите се изгор скапи за нашиов стандард едино куќа човек да прави.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Становите се изгор скапи за нашиов стандард едино куќа човек да прави.
Вика и готова куќа не даваат пари за да сам човек си изгради......


Што значи градежното претпријатие што го поседува олигархот што беше министер кај Владо Бучковски, а како сопстевиник кој што го градеше стадионот на кој му загина работник затоа што не беше обезбеден и тоа претпријатие ја доби таа работи благодарение на ВМРО ДПМНЕ затоа што е заслужен човекот како министер во владата на СДСМ, добро ќе ќари од оваа мерка....
 
П

Пепси_

Гостин
И пак они ќе си купат станеви/куќи сигурно нема тато да купи со 20 илјади денара плата бул шит мееен !
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Мислам дека грозјето никогаш и немало некоја висока цена,.. А ме интересира, трпезното грозје, дали се извезува на странски пазари..која сорта садите..? само за винарските визби,или за пазар
За трпезно грозје можам да ти кажам за Ребиер, пред 5-6 години беше околу 30-32 денари, заедно со Афус Али, Кардинал и Викторија. Оваа година ни едно не надмина 22 денара.
Па напрај математика и види.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Како ова ќе се изведе Икси? Со 50 илјади во Скопје барем, осим ќенеф ко што вели Томиџери, можда ќе добиеш и тоалетна хартија. Нов стан (според условите за помош) чини 80-100.000. Јас би требало да го ставам тој стан под хипотека (хм, хипотека се одредува на поголема висина од сумата на кредит) плус да иам за учество, плус да планирам за рати... и рестото да го измислам или украдам од некаде. Не мојт со максимум 50 илјади денари да си дозволиш да си поиграш со таков ризик во услови на постојано зголемување на цицање на пари од семејниот буџет. На страна фактот несигурноста што денес си-утре не си на работа или намалената плата.
Дај бе нека одврзат бесплатно за оние кои стварно се џган у една куќа, да живнеме малце...не вака, вол и зелка.
Види друже сигурно владата нема да дава трособни или четирисобни станови со сите модерни тракатанци во него и тоа на Водно. Ниту една влада никаде во светот нема да ти даде да живееш во такво нешто. Викаш како ќе го плаќаш станот со 50.000 денари...? Па друже бе, ти ако земаш поголема плата од 50.000 денари на државата око нема да и трепне стан да ти даде, ќе те остави сам да се снајдеш како знаеш и умееш. А овде кај нас обичен работник нема теоретски шанси да зема плата од 50.000 денари. Јас на оваа работа и на овие станови гледам како еден вид на социјални станови што државата со помош од Европската Банка за Развој ги правеа и ги делеа на семејства, социјални случаи кои навистина имаа потреба од такво нешто. Мислам дека и уште се градат вакви станови низ државата. Треба прво да почекаме да видиме изборите како ќе завршат, па тек после оваа идеја да стане реалност. Кога се ќе се среди тогаш ќе видиме какви ќе бидат условите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.794
Поени од реакции
12.276
Али новоградби се скапи. Под таа цена ретко негде да најдеш. Најдов пример 52 м2 за 65.000 евра (другите се и по 80, 90 и 120 илјади). Со 20% учество (13.000 евра) со 20 години рата е скоро 400 евра. За 25% (16.200 евра) со 15 години рата е 425 евра. Дали може едно просечно семејство со вк. приход до 900 евра да преживее и да плати рата? Додуша оваа категорија не можат да го платат ниту учеството.
Само 2-3 месеци да не може да исплати (упис на дете, болест, доцнење/намалување на плата, висок дополнителен трошок...), отиде станот (како што отидоа доста голем број коли назад у заплена). А не може, со вистински (нескриени додатни) приход не може. Десет илјади одат само за струја зиме, а школо, храна, обувка, вода...Или може ама децата и трошоците да ги покриваат баба, дедо...ако имаат поголеми пензии.
Ставревски во случајов или е гаталецот или имаат сосем друга намера со разработка на одредени град. фирми и давање станови (како социјалните) под рака.
Во секој случај повторно 2 просечни плати (околу 40-42.000) не можат да покријат вакви трошоци и ќе си останеме со куси ракави по 3 фамилии у барака...ама лето иде :)

Едино ако не важи за Скопје, тоа е друга работа. Друга цена на квадрат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom