Али новоградби се скапи. Под таа цена ретко негде да најдеш. Најдов пример 52 м2 за 65.000 евра (другите се и по 80, 90 и 120 илјади). Со 20% учество (13.000 евра) со 20 години рата е скоро 400 евра. За 25% (16.200 евра) со 15 години рата е 425 евра. Дали може едно просечно семејство со вк. приход до 900 евра да преживее и да плати рата? Додуша оваа категорија не можат да го платат ниту учеството.
Само 2-3 месеци да не може да исплати (упис на дете, болест, доцнење/намалување на плата, висок дополнителен трошок...), отиде станот (како што отидоа доста голем број коли назад у заплена). А не може, со вистински (нескриени додатни) приход не може. Десет илјади одат само за струја зиме, а школо, храна, обувка, вода...Или може ама децата и трошоците да ги покриваат баба, дедо...
ако имаат поголеми пензии.
Ставревски во случајов или е гаталецот или имаат сосем друга намера со разработка на одредени град. фирми и давање станови (како социјалните) под рака.
Во секој случај повторно 2 просечни плати (околу 40-42.000) не можат да покријат вакви трошоци и ќе си останеме со куси ракави по 3 фамилии у барака...ама лето иде
Едино ако не важи за Скопје, тоа е друга работа. Друга цена на квадрат.