- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 19.906
- Поени од реакции
- 35.362
... во последно време тренд во повеќето ресторани, сендвичари и пицерии е принесување на храната на неконвенционален начин и тоа на дрвени даски, плочи, контајнери, за да се привлече окото на гостинот и да биде необично од обичното сервирање, но тука доаѓаме до прашање дали е тоа можеби начин да се привлече вниманието на нашето око, за да би го излажале нашиот вкус, односно воодушевени од новото аранжирање на храната и поинакво принесување, нема да внимаваме на втора класа квалитет на храната и начинот на приготвување можеби утка поради брзо одмрзнување и пребрзо печење, а со тоа и карбонизирање на месото!
... доколку на дрвената даска сечеме на пример сирово пилешко, свинско месо, а потоа ја користиме истата даска за сечење на зеленчук за приготвување на салата, можно да се случи вкрстена контаминација - бактериите од пилешкото се пренесуваат во доматот, месото термички ќе го обработиме и не ќе да има проблем, ама доматот сечен на контаминирна даска го јадеме како салата свежо и тука веќе имаме проблем.
... е сега, ако таква дрвена даска се применува за принесување на храна во ресторан, кога низ таа дрвена маса поминува секаква храна, дали ние како гостин ќе бидеме заштитени од можно труење од бактерии од дрвената даска преку принесената храна на неа?
... еден ресторан во Бирмингем бил посетен од Одделот за животна средина за да се процени нивото на хигиена на објектот и бил казнет со 50.000 фунти поради послужување храна на нехигиенски дрвени даски и загрозување на здравјето на своите клиенти.
дали ние знаеме каква даска од дрво користиме?
... јаворот се смета за тврдото дрво со ситно зрнеста дрвена структура која има капиларното и има својство да ја повлекува течноста, заробувајќи ги бактериите, меките дрва како чемпрес такви изработени даски имаат поголеми зрна, што му овозможува на дрвото полесно да се расцепи, формирајќи жлебови каде бактериите можат да напредуваат, единствено дрвена даска изработена од срцевина на бор не дава бактеритите да се развиваат поради составот на самото дрво, сето тоа докажано со миркобиолошки методи.
5 Risks of Serving Food on Wood Boards, and the Better Choice
See why serving food on real wood boards can create a health safety concern and why faux wood is the better option.
blog.get-melamine.com
...дали вие одобрувате и сте задоволни и воодушевени од поинакво принесување на храна од несоодветен начин на дрвена даска, плоча и никогаш не сте помислиле за можната контаминација со бактерии, а со тоа и можна интоксикација со храната која ќе се контаминира од тие бактерии, посебно во балканските простори каде многу не се внимава во хигиената во рестораните, а воедно нема некои редовни санитарни контроли кои би го санкционирале таквото нехигиенско работење!