Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ДК ,
10534138_10153145409146959_7040502569185721393_n.png


(y)
 
Драги

0ITGr03.png


Bob Invasion; Success Rate: 80% and still going strong.

Ако ти се вратам жут дома еден ден, со кристален поглед како да сум накрцан со meth, да знаеш што е работата. А да, и да ми ги скратиш маките. Use flamethrower.
 
Драга Кајгана,
Мразам кога некој вика дека турбофолкот е најлошата музика, наводно турбофолкерските песни и спотови не биле ни за слушање, ни за гледање, затоа што се зборело за пари, спонзоруши и слични работи.
Сабајле кога уклучив Јутуб ми искочи песнава, ја уклучив и се шокирав.
За оваа песна и спот збор нема да се каже, а по турбофолкот ќе продолжи да се плука.

Срамота!
 
Драга,

Како изгледа еден ден на млад невработен човек:
Стануваш, палиш компјутер , ги пребаруваш сите можни сајтови за вработување, отвараш весници, листаш и таму по огласи, пронаоѓаш едно големо НИШТО и остатокот од денот го поминуваш во размислување како да заминеш во странство.(n)

Ех, тоа е мојата чудесна земја МАКЕДОНИЈА !
 
Ајм бек
Онака лабаво, без многу муабет....Португалија ми е земјата ветена јебеш
10418535_691892044230331_2987852327801576197_n.jpg

10557273_691892084230327_5798297162476424472_n.jpg

10609553_690740084345527_8542495877565510961_n.jpg

Океан, пошто море е за пичици.
До наредниот океан, се најдобро...Лондон, хир ви гоу нао.
 
Драга,

Гледам на фејсбук некои "пичкари" од мојата околина објавиле видео како истураат кофа ладна вода врз себе, па сакав да ги прашам дали донираа пари за болните од АЛС (Амиотрофична латерална склероза) или само ставихте видеото на фејбук за лајкови? ... пуста желба да се биде во центарот на вниманието.
 
Абе ајде, и криво и сакато почна тенис да игра, термин нема. Капак на се е кај не знаат да играат па и кршат. Абе у курац. Од такви на вимболдон нема да стасам.

П. С. Машко to the rescue.
 
Лекар фатил ебола додека помагал на лица заболени од ебола. Го третирале со некој си експериментален лек и изјавува оти господ му го спасил животот. Кој курац, човече? Или и ти како тие шо веруваат господ магично им ги движи рацете на хирурзите?
 
Dear K,

ако ова не е локално конзервативно лудило, тогаш не знам што е:

16269golema.jpg


И она бе кога ќе ги соблечеш опинците и ќе почнеш дискусија за поезија... :facepalm:
 
ДК,
локално лудило vol. 2 - from across the lake

ЛОКАЛНАТА СЕ ОГРАДУВА ОД НАДЛЕЖНОСТ ЗА ЛИСИЦИТЕ КОИ СЕ ШЕТААТ НИЗ СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОВ
НА 21 АВГУСТ 2014. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД

Лисица со шест мали лисичиња се одомаќини во стариот дел на градот. Според раскажувањата на варошани лисиците веќе подолго време живеат во дувло кое се наоѓа под Самоиловите тврдини. Лисиците најчесто можат да се забележат во ноќните часови кога излегуваат надвор и се спуштаат во околните куќи во потрага по храна. Мештаните зад камера кажуваат дека лисиците се толку припитомени што не се плашат од луѓето па влегуваат во нивните дворови.
liska%202.jpg
децата кои живеат во овој дел од градот имале блиски средби со овие диви животни. Едно седум годишно девојче раскажува дека додека една вечер си играло со другарчињата во близина на Плаошник виделе некакво животно со голема опашка. Поголемите деца го потврдија настанот кажувајќи дека секоја вечер гледаат лисици кај ископините на Плаошник . Се плашат за својата безбедност и здравје. Иако се деца знаат дека овие диви животни се преносители на заразни болести и беснило. Вазрошани бараат институциите да најдат начин да ги отстранат лисиците и да ги одведат во нивна природна животна средина. Варошани велат дека Локалната знае за овој нивни проблем но ништо не превзема.
lisica.jpg
Од Локалната пак, негираат велејќи дека немаат никави официјални податоци за присуство на лисици во стариот дел на градот. Велат дека немаат никакви ингеренции за решавање на проблемот и дека за тоа се задолжени други институции, а пред се Агенцијата за храна и ветеринарство која е одговорна за применување на Законот за благосостојба на животните.

Контактиравме и со Агенцијата за храна и ветеринарство, но и од таму се оградуваат дека во нивна надлежност е решавањето на овој проблем. Тие објаснуваат дека општината треба да превземе иницијатива бидејќи со дивите животни кои се наоѓаат на нејзина територија располага таа. Тие само можат да помогнат. Ова ни го потврдија и од Секторот за ловство при подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од таму објаснуваат дека не се во нивна надлежност животните во населено место и дека тие можат да интервенираат само во ловни подрачја кои се под нивна концесија. Од ловното друштво Охрид апелираат граѓаните да не се осмелуваат да вршат заловување на лисиците бидејќи тоа е казниво со закон, но и опасно. Од таму предлагаат да се направи една екипа од преставници од повеќе институции, лисиците со посебни ампули да се успијат и да се пренесат во некој резерват. Но, додека институциите се договорат кој е надлежен за решавање на овој проблем лисиците ќе преставуваат потенцијална опасност за граѓаните. Што ако нападнат некого и недај боже биде заразен. Кој тогаш ќе ја сноси одговорноста?

Инаку, ова не е прв пат да се појават лисици во градов. Пред една година овие диви животни свој дом си создадоа кај некогашната касарна, а неодамна на гости дојдоа во охридската болница. Останува прашањето кој замижува пред овој проблем?


НАДЛЕЖНА Е ЗООЛОШКАТА ВО БИТОЛА :свиркам: :свиркам: :свиркам:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom